Изворот ти е шта да ит причам, егзархија како го броела населението, исто како наци немачка да ги брои истребените евреи или уссташка хрватска жртвите на јасеновац, а мојот извор цела книга со научно истражување каде што на терен се одело и траело 4 години ке ја преќутиме.
пописот ти е прва лига, како табланет кога играш и рачунаш збир, некој на лист хартија напишал кумановска каза 810 и тоа е тоа, дај бе малку поозбиљно да го тераме разговорот.
ти кажав колку е релевантен попис на егзархија, како сега моментално попис да прави ДУИ и да извади 40 посто албанци.
Ете ферман директ од султанот и тоа оригинален документ ти покажав. Ти ги кажав резултатите од плебесцитот, кој рака на срце не ги поминал сите христијански куќи, но е правен во присуство на Патријаршијата така што нема таму муљање некој со сила да ги терал да гласаат за Егзархија.
Ти дадов пописи од Егзархијата и тоа од Мишев што е 7 години присутен тука од 1894 до 1901 и ги собира податоците од сите локални свештеници и учители. Пописот на Мишев скоро па совршено се поклопува со пописот на Патријаршиски домаќинства од страна на Фирмилијан кој е србин митролополит скопски. Ако Мишев не знаел колку имало Егзархисти и Патријашисти, бар овој требало да си знае затоа што секој поп морало да му достави колку куќи имаат нивни.
Ете еден германец кој што 1861 поминал низ Куманово. 350 бугарски христијански куќи цели 9 години пред да се формира Егзархијата.
Се тоа не ваља, ама таму некој си “научна“ книга од Јован Хаџи-Васиљевиќ е релевантна. Јас се трудам колку можам да ги избегнувам бугарските извори, но ако сакаш да го најдеш најкапиталното дело и најопсежните етнолошко и демографски истражувања во Македонија можеш да го прочиташ К'нчов. Прашај било кој македонски антрополог или историчар од каде ги црпат најголемите податоци и најрелевантните во тој период и се води до Васил К’нчов. Ама тоа што пишаш К'нчов нема да ти се допадне воопшто.
Ако сакаш и со српски извори да се служиме нека си се договорат твоите околу Македонија. Верковиќ од агент на српската пропаганда пратен од Илија Грашанин тука станува еден од најголемите поборници на бугарската идеја во Македонија кога се убедува сам колку залудна работа е тоа и ги смета македонските словени за бугари.
Јанковиќ и Грујиќ во "Slaves du sud" 1853! година како српски етники простори присвојуваат се од Истра до Косово и Метохија, но со ниту еден збор не ја спомнале Македонија како нивен простор.
Истото пред нив го кажува и Димитрије Давидовиќ во „Историја народа србског“.
На крајот од краиштата да видиме што кажува и Стојан Новаковиќ:
Бидејќи бугарската идеја, како што на сите им е добро познато, фати длабоки корени во Македонија, мислам дека е скоро невозможно таа да биде уништена ако ѝ се спротивстави само српската идеја. Се сомневам, дека оваа идеја ќе може да ја потисне бугарската, ако остане само како чисто и голо спротивставуваење. Затоа голема корист би имале од свој соузник, остро спротивставен на бугаризмот и содржејќи во себе си елементи кои ќе го привлечат народот и кои ќе бидат блиски на неговите чувства - точно тие ќе го отцепат од бугаризмот. Како таков сојузник јac го гледам Македонизмот, или во извесни промислени граници - тактичко негување на македонскиот дијалект и македонските посебности.
Новаковиќ толку сметал дека е залудно да ја туркаат српската идеја во Македонија што барал алтернативи.
Равенштајн бладал ли кога не нашол срби во Македонија?
Ами Буе изгледа не слушнал за црквите на Милутин
Дури и авторот на најпропатријаршиското пребројување и најголемиот грчки мегаломан Ами Буе Вардарска Македонија ја облежал како муслиманско/албанска/бугарска мешавина.
Хајнрих Киперт не наоѓа срби во Македонија.
Првата Унгарска Енциклопедија
Дури ни брача руси не наоѓаат срби во Македонија.
Ниту Британика од 1911та не наоѓа срби, ниту српски енклави.
Ама знаеш кој наоѓа? Јован Цвијиќ.

Куманово, Скопје и Полог срби, Пирин бугари и другото некои македонци бидејќи тој од Велес и Скопје се друг народ.
Може да го спориш бугарскиот елемент во картиве кои сите се објавени како илустрација во засебни истражувања на балканот, но симптоматично е како срби во Македонија наоѓаат само србите.
ти читаш дека е бугарска војска, а не македонци или локално население, туку војска по наредба, значи системски, јас не велам дека србите немаат злочини во минатото но различно од бугарските и усташките е тоа што истите се системски, додека на србите се дело на поединци.
Во таа бугарска војска кој служи знаеш ли? Дервишка Нива масакрот го прави Партизанскиот полк на 11та македонска дивизија исклучиво составен од Македонци. Топлички устанак и сите злосторства како последица од истиот од бугарска страна ВМРО со бугарската војска командувана од Протогеров (Охрид), Дарвингов (Кукуш) и Александров (Штип) ги прави.
Инаку интересно е како шестоцифрена бројка на убиени цивили и заробеници во 2 Светска Војна и војните од 90ти и етничко систематско чистење од сите несрби од 1800та наваму е дело на поединци.
не ми е јасно како да ти се објасни, да ти се црта ли имаш слики каде излегуваат луѓе да дадат подршка за зебрњак, за исти зебрњак кој го градат Срби како споменик на балканските ратови и неговите жртви, за по 4 години по твоја логика да го руши локалното население, која е логиката да излезе цело кумановско да одаде почит а по 4 години тој исти споменик да го руши, едностано нема логика... туку 41 влегуваат бугари и со војска со екслозив и го рушат, чак што више тоа и во бугарски архиви можеш да најдеш.
Тешко е да се процени во твоите слики кој е кој затоа што грото од србите овдека во тој период не се локални, увезени колонисти, жандари, официри и администрација. Бугарите од другата страна немаат правено колонизација на Македонија, а бугарската војска стационирана во 5та армија тука е 50-60% составена од локални регурити и официри родени или со потекло од Македонија.
Колку се бе иселени дај ми бројки од српски терор, инаку пошто милуваш да влечеш паралели па еве во грција имаш буквален егзодус на словенско население да претпоставиме по твоја логика дека биле бугари, зошто таму нема рушење железници од локалното население или терористички напади, одговорот е едноставен нема продирање на бугарска војска.
Точна бројка нема. Околу 300.000 се избегани само по крајот на првата светска војна, голем дел од нив и од Вардарска Македонија. Над 1 милион луѓе се дојдени од сите краишта како бегалци од 1878-1919, а многу од нив и покасно. Моментално се проценува дека секој трет бугарин е од Македонија од кои само мал дел отпаѓаат на Пиринците.
Што се однесува до вториот дел, отпор има и те како во Егејска Македоија, но оди потешко. 24 чети ако не се лажам води ВМРО кои редовно се судираат со грчките власти и вршат терористички напади низ Егејска Македонија. Отпорот таму оди потешко бидејќи во Егејска Македонија словените/бугарите/македонците не се баш мнозинство, а Грците населуваат 638,000 нивни бегалци од Мала Азија што го отежнува многу процесот.
овде гледам и на двете слики од максимум 50 луѓе, за разлика од омите слики од зебрњак каде имаш 2-3 илјади луѓе и после србите биле колонисти овие 50 со 3 жени цвее што држат биле ослободители.
http://promacedonia.org/bugarash/mac1941/mac41.htmlhttp://macedonia-history.blogspot.com/2007/08/1941-1944.htmlhttp://macedonia-history.blogspot.com/2007/08/...
www.youtube.com
Снимки от освобождението на град Ресен през 1941 година.
www.youtube.com
In April 1941 the German army occupied Yugoslavia. The civilian administration of the region of Vardar Macedonia was given to Bulgaria while Germany retained...
www.youtube.com
Moesia + Dobrudja + Thrace + Macedonia - United BulgariaСоединувањето ја прави силата!Никоj не пропагира бугарски карактер на Македониjа. Бугарскиот карактер...
www.youtube.com
On March 1st, 1941 the German Army crossed Danube River and entered Bulgaria. Later the same day Bulgaria was forced to sign the Tripartite Pact and become a...
www.youtube.com
Дури успеав и од Куманово 41ва да најдам.
Да не тупам само со слики и видеа и пишани извори од странци.
Hugh Poulton (1995) Who are the Macedonians
Chris Woodhouse Struggle for Greece 1941-1949
Скопје во Април 41ва додека е уште цивилната власт во раце на србите (германците не ја укинаа спрската цивилна власт до доаѓањето на бугарите) организираат веење на бугарски знамиња од секоја куќа во знак на протест за германците да не не го дадат Скопје на бугарите.
Извор за ова ми е Васил Хаџи-Кимов, припадник на ВМРО обединета кој бил дел од Бугарските Централни Акциони Комитети. Како, зошто и од кого се формираат тие се уште поголем показател за популарноста на српската власт. Дури и самите комунисти се дел од овие комитети за да не дојде до задржување/враќање на српска власт.
кажими што те прашав, кои туристи се најценети и најпоштовани и најмногуи во твојот роден охрид?
Сите странци! Во Охрид само македонски туристи имаат проблем. Ниту еден ни бугарин, ни србин, ни холанѓанец, ни израелец се нема пожалено и го фалат гостопримството на охриѓани.
Бугарофилството на охриѓани, пак е друга тема. Охрид е најголемото бугарашко гнездо во цела Македонија,а фактот што и покрај тоа србите си поминуваат убаво и се добредојдени гости кажува дека тоа не игра улога.
јас не тврдам дека е отсутно, туку дека се попоуларизира со некстајм тие неколку песми и толку, додека српската се смета за ссвоја ти дадов и пример... а убав пример даде ти со видовдан, еве јас пример ке ти дадав со ѓурѓевдан, дај ми ти пример со бугарска песма што се слуша и се смета за своја, а измислена како бугарска национална песма?
Ниту еден, ама баш ниту еден македонец нема да каже за Видовдан или Ѓурѓевдан дека се „наши песни“ освен во конктекст во кој и Цесарица би била сметана за „наша“. Некст тајм ги популаризираа, но сите песни што македонците ги сметаат за свои се комитски песни,а бугарите ги пеат истите само со некое зборче тук и там сменето.
Абе за Босилеград да збориш да те разбрам, за падежите еве може и во кумановски дијалект да се каже дека постојат дали тоа значи дека имаме српски дијалект?
Македонскиот, бугарскиот и торлачките говори имаат падежни остатоци што им е една заедничка особина. Постојат и други елементи, но падежите се најочигледните. Тие говори се изворно многу поблиски до бугарскиот јазик чија денешна стандардна форма е базирана на источните бугарски наречја. Може да се каже дека се прелазни говори од бугарски кон српски јазик.
еве пак ти кажувам прочитај ја книгата што ја постирав што е направена врз 4 годишно научно истражување директно на терен, луѓето од колено на колено го пренесувале сеќавањегто за косовкси бој, инаку не би рекол некој немац или енглез да знаат за косовски бој, еве дали ти знаеш некоја таква средновековна епска битка за шпанци, немци...
Како не би знаел за Мохач, опсадите на Виена, за Турс, Јованка Орлеанка, Карло Велики и слични.
пак ке те прашам зошто нема бугарски, еве по твоја логика бугарите ваљда немале време и пари, а србите имале па граделе цркви и манастири.
Има останато во помал број затоа што нивното време е 3-4 века порано. Дали си свесен дека Македонија е речиси пуста до доаѓањето на првото бугарско царство и дека тогаш настанува реставрација на повеќето напуштени римски утврдувања и брзински и основни реновации на црквите? Србите дур да дојдат овде веќе има неколку стотини години повторен развиток на градовите и едноставно времето дозволува повеќе градби. Баш правев деновиве муабет со двајца археолози и го дочитав Микулчиќ за оваа тема конкретно.
и што докажува ова дека се Бугари или Срби, инаку не ми најде од каде се доселени мрњавчевиќи сигурно не паднале од месец?
И да не паднале од месец што докажува тоа? Јас ти дадов докази дека се доселувани лојални на српскиот двор големци кои добиваат поседи по Македонија. Ти дадов и докази каде што етникумот на големецот не игра никаква улога во тоа на кој цар служи, а ти дадов и примери каде што истиот нема никаква поврзна со етничката припадност на населението со кое владее. Се примери од Српското царство. Националноста на благородништвото не можеш да ја проектираш на населението.
и што докажува бугарски карактер на тие песми, еве дали тие песни се сметаат за национални во Бугарија, како што Ѓурѓевдан и Видовдан се сметаат во Србија, а и овде се присвоени како свои?
Да, баш да. Иронично, но бугарите слушаат многу повеќе македонска музика него македонците денес.
Иљо Арамија убав надимак и после довезенски и бабунски биле бандити, инаку еве пак исто прашање, дали оваа песна го покажува бугарскиот карактер на истата, без разлика кој каде се борел?
Па гледај, опеваат борец од бугарската легија во турко-српската војна, борец во Априлско востание и иако во одминати години лидер на чета доброволци во бугарско-српската војна. Како тоа Васка Илиева не пее за Обилиќ пример?
Кои секогаш го јадат од Соколовиќ, Бабунски и Довезенски... што мешаш пак бандити со четници кои се пречекувани од свое население бидејќи сите ги знаат, а друго е да одиш да правиш пиздарии по грчки села и тие да ти се плашат.
Во Порече и некои села во кумановско и скопска црна гора може и ги дочекувале ко свои. Логистика надвор од тоа можеле да добијат само како што доаѓал Чакаларов во грчките села.
Е сега тоа што дримколскиот војвода ваш измрзнува во планина затоа што му одбиваат влез во сите села треба да ти укаже колку биле поддржувани во региони надвор од тие погоре набројаните.
Коклу е минорно, со 4 месеци слободна територија, најди ми пробугарско востание со тој успех и со таа подршка од локалците, еве оваму имаш 500 најугледни фамилији потпишани на писмо каде баараат приклучување кон србија од кои 250 со печат, најди ми друго побугарско востание кое има таков успех со 4 месеци слободна територија и ти за тоа велиш дека е минорно, инаку после црквите тоа мие доказ за моето српско минато каде од мој крај луѓето се бореле меѓу кои и дедоми за приклучување кон србија а не кон бугарија и тоа пред повече од 140 години.
Илинденско трае 4 месеци, по број на учесници, обем и меѓународен одек е гигант во споредба со тоа твоето. Плански не се активирани сите можни комитети и свесно е распуштено кога не се добива посакуваната меѓународна реакција.
Исто така интересно е како додека трае востанието Турција е во војна со Русија и Србија и има и неколку поситни бугарски револти. 4 месеци траеле бидејќи толку им требало на турците да им се посветат. Од друга страна за време на Илинденското востание Отоманската Империја е во мир.
Кресненско востание инаку ти трае и подолго од Кумановско и Илинденско и зафаќа скоро цела Пиринска Македонија.
Каде се другите востанија? Каде е силата и логистиката на четниците да дигнат било каков револт против турците на толкава територија како што можело ВМОРО да го дигне Илинденското?
денеска имаш демократија веќе 30 години, на никој нормален не му текнува дете да крсти аспарух, а и понатаму имаш имиња како Милан, Драган, Милош, Немања, Стефан...
Ама сеуште има Асеновци, Крумовци и слични. Колку има мешани македонско-српски бракови? Колку затвор луѓе имаат лежено за пробугарски ставови низ годините? Зошто немаме многу српски имиња во 1903та пример?