Кога се отвараше Рамсторе тој беше вистинска конкуренеција за ГТЦ, како прво затоа што е во Цeнтар, второ затоа што беше планирано (и сеуште е така) да работи 365 дена по 12 часа на ден. Па така отварањето на Рамсторе ги уплаши трговците од ГТЦ, и тие решија тогаш да го продолжат работното време со цел да ги задржат купувачите.
-Само вработените во Рамстор си знаат како им е што работат 365 дена годишно,а верувај,прометот за празници/недели е еднакво на нула,така да исто се фаќа дали работеле или не.
Кога се отвори Рамстор тој беше вистинска атркација и за купувачите а и за трговците (особено за големите брендови), па на почетокот требаше многу унапред да се резервира простор. Сега гледам дека има доста празни продавници.
-Во ГТЦ има многу побрендирани продавници,во Рамстор се отворија,сметајки дека "шемата" ќе се префрли таму,па кога видоа дека не оди,ги затворија.Истите сега бараат свое место под централното греење на Сити галери и Соравија(која пак знам дека исто така слабо функционираат,ако не и послабо од Рамсторе)
Од друта страна гледам дека во ГТЦ особено во последно време се отвoрија неколку нови продавници на големи брендови (меѓу кои и најк).
-Точно е ,а од потврдена информација,знам дека на пролет ќе се отворат и многу повеќе.
Што мислите, кој е поатрактивен за купувачите, а соодветно не тоа и за компаниите?
-Во Рамстор да купиш место е огин скапо,додека во ГТЦ се малку поблаги во тој поглед.Статистиката покажала дека во ГТЦ има повеќе посетители од Рамстор.
Каде има подобра понуда и подобри цени? Во стилот „соодветни цени за соодветен квалитет“.
-Цените се исти и таму и таму.
Каде одите на шопинг во Рамстор или во ГТЦ?
-Пак ќе се повторам,и таму и таму.
Кој е вашиот избор за пиење на кафе (кафилуњата во Рамстор или ГТЦ)
-ГТЦ (Рамстор не можат да се борат против сонце и вода)
Дали можеби високите цени се она што го прави Рамсторе место за прошетка (затоа што е прв комплетно затворен трговски во Скопје) а не за купување?
-Рамстор е затворен и ограничен простор,честопати загушлив,колку и да шеташ,за 15 минути пак си на истата точка како и на почетокот.
И секако кои се предностите и негативностите на овие два трговски комплекса?
-Во Рамстор кога ќе влезам имам чуство дека влегувам во топлотна комора,од која пак кога ќе излезам ќе бидам претворен во сапун(Blame la Vitta e bella)
И за крај,ГТЦ е наш,Рамсторе е увозен прозивод