Грузија е добар тим. Да не се залажуваме, не се стигнати до овде по грешка. Пачулија е топ НБА играч, нивниот најдобар стрелец Маркошвили игра во Италија цела кариера на надпросечно ниво, Тсикишвили е екс-НБА, додека Бојса секоја година игра Евролига. Јас посебно би го истакнал Саникидзе - ол-араунд кошаркар, со одлична брзина, техника и преглед на играта. Верувајте од него ќе си имаме најмногу проблеми.
Грузија има добра поддршка од навивачи во Литванија, па тоа ќе биде дополнителен проблем.
Ние дуелот со Грузија го гледаме како бити - ил - не бити. Тие го гледаат потполно исто, дополнително, тие ќе имаат уште еден „лесен“ противник во Финска, така што мотивираноста кај нив исто така ќе биде на неверојатно ниво.
Гледав дел од тоа што Грузијците го играа на овој шампионат. Со Белгија едноставно ги надскокаа, Со русите одиграа сјаен натпревар, кој го изгуби Пачулија со безброј промашувања против агресивната дефанзива, против Бугарите несватливо се распаднаа на крајот во катастрофалните последни 5-6 минути, Немаа шанса против организираниот тим на Словенија, а против Украина имаа одличен шут од игра па немаа проблеми да стигнат до победа.
Клучните позитивни карактеристики на Грузија се сјајниот контра-напад, солидниот скок, одбраната и играта во рекет.
Главни негативности се падовите на концентрација во неколку сегменти од натпреварот (кои мора да се искористат), слабиот шут за 3, подпросечниот шут од полудистанца, катастрофално изведување слободни и трапавоста со топката на високите играчи.