ГМО - генетски модифицирана храна

Член од
24 април 2008
Мислења
11.236
Поени од реакции
12.925
...

Incidentally, President Obama called for a massive research effort to develop a vaccine for the Zika virus, as one does not currently exist. Brazil has now called in 200,000 soldiers to somehow help combat the virus’ spread. Aedes mosquitoes have reportedly been spotted in the U.K. But perhaps the most ironic — or not — proposition was proffered on January 19, by the MIT Technology Review:

“An outbreak in the Western Hemisphere could give countries including the United States new reasons to try wiping out mosquitoes with genetic engineering.

“Yesterday, the Brazilian city of Piracicaba said it would expand the use of genetically modified mosquitoes …

“The GM mosquitoes were created by Oxitec, a British company recently purchased by Intrexon, a synthetic biology company based in Maryland. The company said it has released bugs in parts of Brazil and the Cayman Islands to battle dengue fever.”


This article (Zika Outbreak Epicenter in Same Area Where GM Mosquitoes Were Released in 2015) is free and open source. You have permission to republish this article under a Creative Commons license with attribution to Claire Bernish and theAntiMedia.org.

...
Стандардна пракса - прво ја создаваат болеста и ја рашируваат меѓу луѓето, а потоа го создаваат и лекот.

И секако, профитите ќе си летаат во горен правец.

Зачудувачки, ако не и запрепастувачки, е тоа како Бразилците, Аргентинците и останатите јужноамериканци го трпат ова, наместо да ги истераат сите тие компании кои се занимаваат со производство - и исфрлување - на генетички модифицирани отрови, надвор од своите земји.

Посакувам да грешам, но мислам дека дури и милиони луѓе да изумрат преку ноќ, сепак јужноамериканските држави нема да превземат ништо против компаниите кои ги произведуваат овие генетички модифицирани отрови и ги трујат луѓето со истите тие отрови.

Дури кога истите овие генетички модифицирани отрови ќе пристигнат во Европа и ќе убијат милиони луѓе, ќе има некаква реакција, но сигурно и таа реакција ќе биде само минорна и со многу мало значење.

Значи 2014/2015 беше сезона на еболата во Африка, а сегашната 2015/2016 ќе биде сезона на зиката во Јужна Америка.

Која дестинација е наредна цел за масовно биохемиско истребување за наредната сезона 2016/2017 ?
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
27.168
Поени од реакции
36.248
Посакувам да грешам, но мислам дека дури и милиони луѓе да изумрат преку ноќ, сепак јужноамериканските држави НИКОЈ нема да превземат ништо против компаниите кои ги произведуваат овие генетички модифицирани отрови и ги трујат луѓето со истите тие отрови.

На фотографијата:
- кучето е државата, односно политичарите/системот
- овчарот, тоа е владејачката елита која го управува светот преку финансискиот систем на фиат валути, односно доларот како (фиат и) петровалута
 

Razor

u jelly?
Член од
26 јануари 2007
Мислења
2.544
Поени од реакции
168
Bravo za genetskiot inzenering.
А полуписмениве идиоти нека се жалат против новиот хибрид, само нека се сетат дека и претходниот е исто така хибрид...и тој пред него...и пред него.

Генетскиот инженеринг има за задача да обезбеди сигурна храна за популацијата по прифатлива пазарна цена.
Да не е генетскиот инженеринг досега ке гладуваа огромен број на луге затоа што временските прилики се менлива категорија особено од континент до континент.

И баба ми може да сере дека било подобро да не се прска јаболкото, ама дали може да направи за сите луге да има јаболки по прифатлива цена.;)

Глупаци бре, само да се бунеле за нешто што не го разбираат или не го прочитале-научиле до крај.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.236
Поени од реакции
12.925
Со модернизацијата доаѓа и модернизиран метод на масовно истребување, со модернизиран цех за плаќање, се разбира.

http://nmd.mk/selectedarticle.aspx?cid=19448&scID=2490&l=63

Постепено се уништува почвата во Македонија – се’ повеќе се користат нови хербициди

фото извор: vesti.mk

Деновиве на македонските портали можеше да се прочита за успехот на нашите земјоделци и зголемениот пласман на овошје од Валандовско, особено на европскиот и рускиот пазар. Во овој регион најмногу се садат калинки, дуњи и лубеници.

Модернизацијата стасува и кај нас, но за жал, заедно со сите погодности во пакет доаѓаат и штетните работи.

Така на пример, вредните земјоделци објаснуваат дека овие зелени “папки” се всушност најлонски обвивки со кои ги покриваат дрвцата за да ги заштитат од хербицидите кои ги прскаат врз целата почва.

Имено, со овие хербициди се прска целата површина против коров и трева, за да не мора да копаат и плеват, како што тоа се правело во минатото.

Хербицидите навлегуваат преку листот, се движат низ стеблото се до најдлабокиот корен и на тој начин ја уништуваат билката. Почвата останува контаминирана со хемикалиите, па во догледно време, онаму каде што е прскано нема да се појави ништо зелено.

Коровот честопати го намалува приносот бидејќи ја гуши култивираната билка која се одгледува и и’ ја зема храната, па затоа отсекогаш постоела борбата на земјоделецот против коровот.

Но, дали на овој начин се уништува рамнотежата во екосистемот?

Понекогаш не секој коров е штетен. Порано нашите баби и дедовци намерно засадувале некои билки кои денес се сметаат за коров, помеѓу дрвцата, доматите, пченката... бидејќи на тој начин овие растенија меѓусебно се лекуваат и си помагаат во подобар и поздрав развој.

За жал, денес живееме во други времиња, каде индустријализацијата е навлезена во секоја пора, па и во земјоделството. Секојдневно сме сведоци на пустошење и контамирање на почвата од која живееме:

Се ѓубри со вештачки ѓубрива, се користат разни хербициди и инсектициди, се користат гмо семиња кои даваат поголем принос и кои се поотпорни, за сметка на автохтоните семиња кои полека исчезнуваат.

Честопати можеме да слушнеме за загрозени видови на животни и животни кои исчезнале засекогаш поради климатски промени или најчесто поради свесно истребување од страна на човекот. Полека но сигурно истото ќе се случи и со некои видови растенија...

И.П.
www.nmd.mk
 
Член од
28 март 2006
Мислења
18.036
Поени од реакции
12.814
Вакви изјави од авторот се некако паушални, како дисусиите, порано младите .... Не ми е јасно што значи тоа "Се ѓубри со вештачки ѓубрива, се користат разни хербициди и инсектициди,",,...Дали порано не се користеле, дали арското е безопасно и што според авторот содржат вештачите ѓубрива. Колкава потрошувачка има во Македонија, дали има субвенции (во ЕУ има) за еколошко одржување на почвата итн ...?
Ете на пример, споре МОЕПП, количеството ѓубриво 2000-2012 се намалило за 60-70%. Азотниот биланс има благ пад, но тоа не зависи само од вештачките ѓубрива. Пестицидите исто се намалени за 60-70%.
Или "се користат гмо семиња кои даваат поголем принос"-зошто не посочат конечно кои семиња од кои растенија се гмо, кој ги увезува и според кој закон се дозволени. Ако не се дозволени, што работат царината и инспекциите на терен. Ете за почеток, во интерес на здравјето, да знаеме што да избегнуваме.
 
Последно уредено:

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Вакви изјави од авторот се некако паушални, како дисусиите, порано младите .... Не ми е јасно што значи тоа "Се ѓубри со вештачки ѓубрива, се користат разни хербициди и инсектициди,",,...Дали порано не се користеле, дали арското е безопасно и што според авторот содржат вештачите ѓубрива. Колкава потрошувачка има во Македонија, дали има субвенции (во ЕУ има) за еколошко одржување на почвата итн ...?
Ете на пример, споре МОЕПП, количеството ѓубриво 2000-2012 се намалило за 60-70%. Азотниот биланс има благ пад, но тоа не зависи само од вештачките ѓубрива. Пестицидите исто се намалени за 60-70%.
Или "се користат гмо семиња кои даваат поголем принос"-зошто не посочат конечно кои семиња од кои растенија се гмо, кој ги увезува и според кој закон се дозволени. Ако не се дозволени, што работат царината и инспекциите на терен. Ете за почеток, во интерес на здравјето, да знаеме што да избегнуваме.
ех сеа и ти...;)...да не имаш ти ...нешто ко случајно шпицасти уши???:):)
 
Член од
28 март 2006
Мислења
18.036
Поени од реакции
12.814
Хехе, хуманоид од планетата Вулкан
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.236
Поени од реакции
12.925
Колку ќар видовме од спојувањето на Вип и Оне, толку ќар не` чека и од спојувањето на овие двајца производители на генетички модифицирани отрови, пардон - биохемиски производи.

http://off.net.mk/vesti/biznis/i-aspirinot-stanuva-gmo

И аспиринот станува ГМО?

15 Мај 2016 - 10:53

Ако темата за ГМО ви предизвикува општа малаксаност и главоболка, напијте се апче дур има од 'нормалните': Bayer го купува Монсанто.



Германскиот гигант „Bayer" и неговите советници ја разгледуваат опцијата да го купат американскиот конкурент Монсанто со што би се формирал најголемиот светски снабдувач на семиња и земјоделски хемикалии.

Германската компанија со седиште во Леверкузен тежи 90 милијарди долари а Монсанто е проценет на 40 милијарди. Спојувањето на најголемиот произведувач на семиња со компанијата која го измисли аспиринот, под ист чадор ќе спои моќни брендови каков што е блокбастер хербицидот на Монсанто Roundup, и Sivanto, новиот хит меѓу баерововите инсектициди.

Се проценува дека нивното евентуално спојување нема да наиде на сериозни анти-монополски пречки со оглед на различните портфолија во компаниските производи. На тоа име, разни владини агенции за заштита на конкурентноста, само минатата недела спречија спојувања вредни 20 милијарди долари.

Колку и да е звучно, спојувањето Бајер - Монсанто е само второ по големина кое се случува во оваа дејност. 130 милијарди долари тежи спојувањето на Доу Кемикалс у Дупон а под анти-монополска лупа е и купувањето на швајцарската Сингента од страна на China National Chemical Corp.за втовие вадат 43 милијарди долари.
 

Waverly Raven

Valedictorian
Член од
3 мај 2013
Мислења
157
Поени од реакции
85
Бидејќи гледам дека во темава се има развиено аргумент за тоа кој колку профитира од ГМО и органската инустрија... Малце од друго поле, дали до ден денес се има евидентирано некое заболување кое било предизвикано од конзумирање на генетски модифицирана храна?
 
Член од
19 април 2013
Мислења
2.004
Поени од реакции
2.100
ГМО е добро бе. Со долгогодишно конзумирање на ГМО производи ќе мутираме и ќе стекнеме специјални способности како X-Men.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.236
Поени од реакции
12.925
ГМО е добро бе. Со долгогодишно конзумирање на ГМО производи ќе мутираме и ќе стекнеме специјални способности како X-Men.
Ако нашите имунолошки системи издржат до тогаш - да.

Па би можеле по пат да набереме од тие печурките од Чернобил кои впиваат радијација, па да си ги вкрстиме нашите гени со нивните.

И после секој од нас ќе си има свој приватен нуклеарен реактор по дома.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
18.036
Поени од реакции
12.814
Овие списанија може да се позанимаваат и со други, не-гмо производи (не дека гмо е во ред). Што се продава на нашиот пазар. Колку тие не се штетни и не се канцерогени, дали воопшто постои некаква контрола што се увезува, произведува и што се реекспортира.
На пример последниот случај со русите (и претходно ни враќаа производи заради загаденост, и не само од Русија)
Русија уништи 178 тони јаболка со македонски документи, а по потекло од друга држава
Повеќе од 178 тони јаболка се уништени во Ростов по наредба на фитосанитарните власти на Русија кои откриле дека увозниците имаат фалсификувани фитосанитарни сертификати.
Надлежните руски органи, пишуваат руските медиуми, побарале авторизација на документите од Македонија за да ја потврдат автентичноста на сертификатите. Македонија тоа не го потврди и врз основа на тоа фитосанитарните сертификати биле признати како лажни.

За грчкото токсично масло кое се продавало 2008 низ нашите маркети без проблем
Или гравот од Киргистан, држава која служела за складирање различен отпад на СССР, претежно нуклеарен
http://www.eurasianet.org/node/74366

Ние и без гмо се испоотрувме заради "беспрекорното" функционирање на државата
 
Последно уредено:

Waverly Raven

Valedictorian
Член од
3 мај 2013
Мислења
157
Поени од реакции
85
ГМО е добро бе. Со долгогодишно конзумирање на ГМО производи ќе мутираме и ќе стекнеме специјални способности како X-Men.
Преминувањето на определени гени од генетски модифицираната храна на конзументот е доста редок случај. Имено, прокариотите и едноклеточните еукариоти се оние кои имаат најголема способност за мутација доколку се изложени на ГМО бидејќи кај нив постои најголема можност тие гени да се вградат во ДНК на гаметите и потоа да се наследат во наредните генерации, додека пак кај повеќеклеточните организми кои најголем дел се изградени од соматски клетки, преминувањето во гаметите е како што веќе кажав ретко, а да не зборуваме и за шансата ДНК од модифицираната храна да опстои во ГИТ.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom