ОНЕ и ВИП се споија

Член од
3 ноември 2009
Мислења
1.538
Поени од реакции
747
Компаниите ОНЕ и ВИП се споија

Телеком Словенија АД објави дека е договорено спојување на македонските компании ОНЕ ДООЕЛ Скопје која е дел од Телеком Словенија групацијата со компанијата ВИП оператор ДООЕЛ Скопје, која е дел од Телеком Австрија групацијата.



Телеком Словенија ќе поседува 45% акции од новоформираната споена компанија, додека Телеком Австрија Групацијата ќе поседува 55% од акциите.

Договорот исто така вклучува опции за купување и продажба за излегување на Телеком Словенија од заедничкото вложување во рок од три години од затворањето на спојувањето.

Затворањето на процесот е предмет на, меѓу другото, и финалната длабинска анализа на ОНЕ ДООЕЛ Скопје која што се очекува да заврши до средината на ноември 2014, како и на одобрување на македонските власти. Телеком Словенија АД и Телеком Австрија Групацијата планираат процесот да заврши во првиот квартал од 2015 година.

Активностите на македонскиот пазар се во согласност со бизнис планот на Телеком Словенија Групацијата за 2014 година и стратешкиот бизнис план на Телеком Словенија Групацијата за периодот 2014 - 2018.

Со своите 23,6% пазарен удел и околу 528.000 корисници на мобилна телефонија и вкупно 640.000 корисници во сите сегменти во четвртиот квартал од 2013 година, ОНЕ ДООЕЛ Скопје е третиот по големина мобилен оператор и втор по големина телекомуникациски сервис провајдер во Република Македонија.

Телеком Австрија Групацијата е присутна на пазарот во Македонија преку својата подружница ВИП ОПЕРАТОР ДООЕЛ од 2007 година. ВИП ОПЕРАТОР ДООЕЛ имаше околу 630.000 корисници на крајот на последниот квартал од 2013 и пазарен удел од 28,1% и е вториот по големина мобилен оператор на македонскиот пазар. Приходите на ВИП ОПЕРАТОР ДООЕЛ се до 65 милиони евра и 14,7 милиони евра ЕБИТДА. Со купувањето на Близу Македонија во јули 2014 година Телеком Австрија групацијата стартуваше со понуда на фиксни сервиси на македонскиот пазар.

Извор
 
Член од
24 јуни 2011
Мислења
522
Поени од реакции
462
Ме интересира вашето мислење дали тоа ќе испадне негативно или позитивно за претплатниците, со оглед на тоа дека ќе има само 2 играчи на пазарот, т-мобајл и овие заедно.
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Ајдеееееее, глупости. Незнам што сакаат со тоа да направат, но мислам дека кај многу корисници ќе има проблеми, а од таму и побуни:)

Ми фали времето кога постоеја Космофон и Мобимак:place::love:
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Ме интересира вашето мислење дали тоа ќе испадне негативно или позитивно за претплатниците, со оглед на тоа дека ќе има само 2 играчи на пазарот, т-мобајл и овие заедно.
од секогаш имало само еден играч на нашиот пазар, другите двајца тројца, се/беа само декор. Се знае дека розевите си се уште монопол во главата.
 

M-1

Добро утро Махачкала!
Член од
6 септември 2010
Мислења
4.243
Поени од реакции
7.363
Среќно спојување, ако се спојат ако не останете ми зрави и живи.
Мисља аку се спојват редно е нешчо гага да се дајт, ако не не ги признава.
 

kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
Ако се навратиме наназад, ќе заклучиме дека е и очекувано.
Верувам дека овој потег е креација на ОНЕ, од две причини.
Првата е дека навистина изгубија корисници заради лош маркетинг, а со тоа немасто да растат, тие се намалија. Причина е ВИП.
Втората работа е дека Словенците се тука дојдени да направат пари. Видоа дека не можа, а и не знаат како треба да се порасне, па сега ко божем измислија топла вода и го повлекуваат прашањето за соединување. Они фино лепо ќе се омрсат.
А последиците од тоа допрва ќе ги видиме. Иако ВИП ко ВИП, во поглед на маркетинг, а и вложување во нова опрема ми се некако поагресивни, па може и да донесе некои погодности.[DOUBLEPOST=1413988372][/DOUBLEPOST]
Сега и ние од one ќе немаме мрежа :icon_lol:
Хехехех, зезај, зезај, ама ВИП ќе ја искористи мрежата на ОНЕ
 

PsychoalieN

Омлет мастеР
Член од
12 јули 2009
Мислења
1.703
Поени од реакции
1.411
Друга е тука политиката, One и Vip ке се спојат и ке делат исти базни станици и фрекфенции, ќе станат еден оператор. Виртуелниот оператор Албафон ќе излезе од сенката на ОNE и ќе ги користи отстапените базни станици и фрекфенции, наскоро ќе почне да функционира и како самостоен трет мобилен оператор. Тоа е тоа. И волкот сит и оФците на број.
 
Член од
19 јануари 2012
Мислења
114
Поени од реакции
139
ВИП и со Vodafone да се спојат џабе им е. Масовно губат корисници а и мрежата им е крш. Со ова спојување ќе добијат ама колку ќе биде прогресивна таа добивка ќе видиме.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom