Во второ одделение просто умирав по Дин Кејн, толку многу го сакав типот што со саати окапував на интернет ( дајл ап имав
).
Еднаш дури почна да ми се лоши од што бев опседната со него.
После следуваше периодот на сакање на Џон Бон Џови. Тоа беа кошмари за сите во моја близина. ( подобро да не споделувам детали )
Ги гледаш на ТВ, ти изгледаат совршено и сакаш да ги имаш. Ништо страшно, која не прошла низ фазата на затрескување во познат актер/пеач/вотвер.
За среќа ми помина брзо тој период на “заљубеност“, но сеуште обожавам да си ја гледам омилената серија со Дин Кејн и од време на време некој спот со Џон Бон Џови и да си се смеам на времето кога насекаде си го испишував знакчето на Супермен и кога најдов број што беше некако поврзан со него и со сиот ум се јавив во Америка.
А да, имаше и период кога до сакав Дон Џонсон.:kesa: