Второто Христово доаѓање

Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.579
.

Човековата слобода - во споредба со слободата на Мудроста БОЖЈА - е само лош виц!​

Се’ што е добро и вистинито укажува на Мудроста БОЖЈА, Која што надприродно ги љуби луѓето и Која во Исус - за спасение на сите - постана човек, жртвувајќисе за истите!

Таа Мудрост БОЖЈА е тоа Првородено Чедо БОЖЈЕ, кое што не живее во храмови градени од човечки раце, туку во Храмот кој што е граден од БОГА и тоа баш преку Неа, а тоа е срцето на верното Чедо БОЖЈЕ !

Кој се’уште не се разбудил за Неа (Него) се’уште се наоѓа во робство!

„Стани ти што спиеш, воскресни од мртвите, и Христос ќе те осветли!”

.
Ау човече колку си ти слеп, читај се какви бајки пишуваш. И јас бев, ама не до толку ко тебе. Него сега знам колку јасно се гледаат работите од оваа страна на брегот. Од другата се беше матно и недостижно, позади 7 планини и позади 7 мориња се криеше еден лош дедо со брада кој го викавме бог, нашиот вледетел... И сето тоа сега од далеку од страна го гледам многу јасно, и сваќам колку сум бил заробен, во тој поглед, на таа тематика.
Ок, ти посакувам многу среќа, а ако некогаш ти надојде бранот на свесноста, не дозволувај да паднеш премногу во депресија, бидејки тоа е само бран, доаѓа и ти се возиш на него а чувството е одлично. Свесноста ке те натера да сватиш дека се ова што си го пишал се само празни зборови, бајки, илузии на човековиот ум, и бидејки ке го сватиш тоа, ке тежнееш кон промена која може да ти биде многу тешка.
Како за почеток бидејки гледам дека пишуваш како да препишуваш, не како самиот свесно да размислуваш, би те советувал, да ја поттикнеш свесноста, да почнеш да си поставуваш прашања, да се сомневаш, бидејки сомнежот овозможува да се издвоиш од сите и да мислиш со своја глава, а тоа е најважното.
И според религијата, бог нели рекол, оној кој бара ке најде. Е па јас те советувам да бараш преку контра прашања на она што го читаш или си го стекнал како знаење низ твојот живот, затоа што сум сигурен дека не си нашол. Јас сум нашол и сеуште пронаоѓам. Процес е тоа, низ целиот живот, постојано пронаоѓаме нешто ново.
Затоа и не се согласувам со тоа дека светот е креиран од некој.
Светот постојано се креира, и денес и утре ке се креира и по милијарда години.
Појди во природа, погледај во животните, во растенијата, во земјата и во водата, ке се увериш дека светот не е креиран, бидејки креацијата означува нешто завршено за одреден временски период. Светот е сеуште незавршена креација, а никогаш и нема да заврши бидејки постојано се менуваат работите се движат.
Основата на животот е движењето, према тоа креацијата никогаш нема да заврши, како кога еден сликар би го завршил своето уметничко дело. И тоа е еден од многуте докази дека религиското учење е грешно.
--- надополнето: 7 јули 2012 во 21:47 ---
Which side are you on.jpg
 
spiros

Шалом Алеихем!
Член од
7 септември 2008
Мислења
3.225
Поени од реакции
977
Ау човече колку си ти слеп, читај се какви бајки пишуваш. И јас бев, ама не до толку ко тебе. Него сега знам колку јасно се гледаат работите од оваа страна на брегот. Од другата се беше матно и недостижно, позади 7 планини и позади 7 мориња се криеше еден лош дедо со брада кој го викавме бог, нашиот вледетел...
Во Исус ни се покажа Вистинскиот и невидливиот БОГ, онака каков што вистински е’!

.
 
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.579
Во Исус ни се покажа Вистинскиот и невидливиот БОГ, онака каков што вистински е’!

.
Кај невидлив, па уште и ништо не превзема околу тоа. Каков татко е тој што се крие од своите деца? И каков татко е тој што не им помага на своите болни деца? Каков татко е тој што не сака (а може) да ги смири своите деца, да не се испоубијат? Каков татко е тој што никаде за ништо не е тука кога ни треба?
Тоа не е татко, ако постои, и е семоќен, баш поради тоа што го нема никаде, никаде не помаѓа, значи тој го прави спротивното, одмага. Исто ако докторот не му укаже прва помош на дете повредено во сообраќајна несреќа. Доктор е, знае како да помогне, а не помага, и после доаѓа некој друг и го фали докторот колку тој бил добар, колку тој ги сакал луѓето, колку им помагал на болните бла бла .....празни муабети.
Кај нас на планетата Земја се лежи во затвор поради недавање на помош на повреден човек, а таму на небото не знам кои закони владеат, само знам дека од нашиве им се полоши.
 
Неговата се’моќ е совршена се’моќ, а со тоа и не е идентична
со твојата престава за се’моќ!

Отецот – преку Неговата првородена Мудрост и Дух - е секогаш во Hеговите вистински чеда и Тој е Тој Кој (преку ними) ги чини најголемите чуда на земјава, но духовно слепите и глувите неможат да го увидат тоа, па затоа сите злодела и гревови Му ги препишуваат (пројицираат) Нему, сакајќи од Hего да направат нешто што Тој не е!

.
 
Coldhorror

ESTJ
Член од
4 јуни 2012
Мислења
140
Поени од реакции
107

Спирос, од сите верници низ светов досега што сум ги видел, тебе те жалам највеќе :(:(:(
 
LaChupacabraLoca

jedi master
Член од
13 октомври 2011
Мислења
3.531
Поени од реакции
5.063
Иде де преска гледа на ести , од Лапонија тргнал со санка :)
 
Член од
23 јули 2010
Мислења
163
Поени од реакции
85
Дедо Мраз секоја година доаѓа па не се фали :eek:
 
spiros

Шалом Алеихем!
Член од
7 септември 2008
Мислења
3.225
Поени од реакции
977
.

Спирос, од сите верници низ светов досега што сум ги видел, тебе те жалам највеќе :(:(:(
.

Тоа е така затоа што не си ме видел, но кога би ме видел, најповеќе би се жалел себеси и уште повеќе би го мразел Единствениот Вистински и Совршен БОГ, Кој што надприродно ме љубел и љуби! .:)

ГосподПастир мој, ништо нема да ми недостасува,
Он ме пасе на плодни пасишта и ме води на тихи води,
ја поткрепува душата моја, ме води по патот на правдата заради Името Свое.
Кога би тргнал и по долината на смртната сенка, нема да се исплашам од злото, зашто Ти си со мене; Твојот жезал и Твојата палка ме успокојуваат.
Си приготвил пред мене трпеза на очиглед на непријателите мои, си ја помазал главата моја со елеј; и чашата твоја ме напојува со блаженство.
И Милоста Твоја така да ме придружува преку сите денови на мојот живот, и јас ќе престојувам во домот Господов засекогаш!

(Псалм 22)

Прочитај си го постов и ќе видиш зошто те жалам. БТВ не го мразам твојот бог, не верувам во него, но не го мразам (исто како што не го мразам дедо мраз, бетмен, петар пан, хулк етц.)
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.276
.

.

Тоа е така затоа што не си ме видел, но кога би ме видел, најповеќе би се жалел себеси и уште повеќе би го мразел Единствениот Вистински и Совршен БОГ, Кој што надприродно ме љубел и љуби! .:)

ГосподПастир мој, ништо нема да ми недостасува,
Он ме пасе на плодни пасишта и ме води на тихи води,

.
Дојди кај мене луцерка и детелинка ќе ти дадам, редовен преглед на ветеринар и секоја зима сено концентрат и трици ќе имаш во топла штала
 
MEDDLE

уставен кривичар
Член од
19 февруари 2008
Мислења
1.995
Поени од реакции
1.406
Дојди кај мене луцерка и детелинка ќе ти дадам, редовен преглед на ветеринар и секоја зима сено концентрат и трици ќе имаш во топла штала
Има една песна од Пинк Флојд - Овци...
Роџер Вотерс, басистот, успешно го вметнал погорниот псалм, а за потребите на истоимената песна од албумот Животни..

Нормално со малку модификација :)

„The Lord is my shepherd, I shall not want
He makes me down to lie
Through pastures green he leadeth me the silent waters by
With bright knives he releaseth my soul
He maketh me to hang on hooks in high places
He converteth me to lamb cutlets
For lo,m he hath great power and great hunger
When cometh the day we lowly ones
Through quiet reflection and great dedication
Master the art of karate
Lo, we shall rise up
And then we'll make the bugger's eyes water.“
 
/МIRЧ3_МкД\

Временски патник
Член од
7 март 2012
Мислења
380
Поени од реакции
102
.

.

Тоа е така затоа што не си ме видел, но кога би ме видел, најповеќе би се жалел себеси и уште повеќе би го мразел Единствениот Вистински и Совршен БОГ, Кој што надприродно ме љубел и љуби! .:)

ГосподПастир мој, ништо нема да ми недостасува,
Он ме пасе на плодни пасишта и ме води на тихи води,
ја поткрепува душата моја, ме води по патот на правдата заради Името Свое.
Кога би тргнал и по долината на смртната сенка, нема да се исплашам од злото, зашто Ти си со мене; Твојот жезал и Твојата палка ме успокојуваат.
Си приготвил пред мене трпеза на очиглед на непријателите мои, си ја помазал главата моја со елеј; и чашата твоја ме напојува со блаженство.
И Милоста Твоја така да ме придружува преку сите денови на мојот живот, и јас ќе престојувам во домот Господов засекогаш!

(Псалм 22)

.
ох човеку... каков редок примерок си ти , значи типичен испран мозок , дотолку неоригинален , некреативен и изгубен шо неможе 2 свои реченици да сврзе. И навистина, престани да се убедуваш дека овие цитати од библијата се толку убедувачки и релевантни за просечен ум шо би го навеле на сериозни размислувања.

И не друго, сите вие кои само пастирате вакви сувопарни извадоци само и наштетувате и на вашата теолошка наука правејќи да изгледа во очите на другите уште по излитена.

он топик:

Мирче (12,13,14) 9 глава, псалм 55 : "Ако некогаш го видите божјиот син, незаборавајте да го прашате дали ужива во претставата која му ја приредуваме, кога ќе се префрлиме на друга планета, ќе поскапат ли бензините и откако ќе завршите проверете дали сте испушиле цело или половина од пакетчето канабис. Тоа може сериозно да влијае на одговорите кои ќе ги добиете. "

И така, сега сите го очекуваме неговото враќање.
 
spiros

Шалом Алеихем!
Член од
7 септември 2008
Мислења
3.225
Поени од реакции
977
.

Надувениот човек никогаш неможе да дознае колку поголема од се’ човечко и Ангелско е Мудроста БОЖЈА чиста отелотворена во Исуса Христа!

Во Неговата Крв - Која е чиста Милост - човекот да си ја измие душата и умот, е најскапоценото нешто на земјата!

Среќни се сите коишто Него вистински Го прифатиле!
.
 
В

влијателен

Гостин

Каква крв бара Мудроста Божја овде? Дали Неговата крв беше замена за крвта на поколението?
49 Затоа и Божјата мудрост рече: „Ќе им испратам пророци и апостоли и ќе убијат едни од нив, а други ќе гонат,
50 за да се побара од ова поколение крвта на сите пророци пролеана од создавањето на светот:
51 од крвта на Авела до крвта на Захарија, кој загина меѓу жртвеникот и светилиштето. Да, ви велам, ќе се бара од ова поколение.
 
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.579
Прочитај си го постов и ќе видиш зошто те жалам. БТВ не го мразам твојот бог, не верувам во него, но не го мразам (исто како што не го мразам дедо мраз, бетмен, петар пан, хулк етц.)
Како бе да не ја мразиш фиктивната личноста што лажела и лаже толку многу луѓе низ вековите па до денес? Ја одобруваш ли лагата?
Знаеш ли низ историјата а и денес колку многу луѓе умираат и колку многу луѓе чувствуваат омраза према други луѓе кои не веруваат во таа фиктивна личност, само затоа што се излажани?
Како да не ја мразам најголемата лага во историјата и сегашноста на човештвото, кога таа лага го дели народот, прави да се мрзи, да се убива, и да се краде?
Пази јас не ги мразам луѓето, ја мразам лажно создадената моќ која не контролира нас, односно приказната за бог и религијата, која ги тера луѓето да потклекнат на моќта, да и служат, без свесно да размислат.
Луѓето сметам дека моментално се несвесни, и истото и за себе го мислам во одредени ситуацији и после сум многу лут на себе си пошто по одредена тема не сум размислил свесно.
Искрено сметам дека моменталната состојба на свесност кај животните е поголема него кај нас.
Најлошото е тоа што ние имаме многу поголем капацитет за свесност него животните, а сепак одредени центри на моќ успеваат да не одржуваат во несвесност.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom