- Член од
- 6 март 2007
- Мислења
- 2.301
- Поени од реакции
- 1.580
Ау човече колку си ти слеп, читај се какви бајки пишуваш. И јас бев, ама не до толку ко тебе. Него сега знам колку јасно се гледаат работите од оваа страна на брегот. Од другата се беше матно и недостижно, позади 7 планини и позади 7 мориња се криеше еден лош дедо со брада кој го викавме бог, нашиот вледетел... И сето тоа сега од далеку од страна го гледам многу јасно, и сваќам колку сум бил заробен, во тој поглед, на таа тематика..
Човековата слобода - во споредба со слободата на Мудроста БОЖЈА - е само лош виц!
Се’ што е добро и вистинито укажува на Мудроста БОЖЈА, Која што надприродно ги љуби луѓето и Која во Исус - за спасение на сите - постана човек, жртвувајќисе за истите!
Таа Мудрост БОЖЈА е тоа Првородено Чедо БОЖЈЕ, кое што не живее во храмови градени од човечки раце, туку во Храмот кој што е граден од БОГА и тоа баш преку Неа, а тоа е срцето на верното Чедо БОЖЈЕ !
Кој се’уште не се разбудил за Неа (Него) се’уште се наоѓа во робство!
„Стани ти што спиеш, воскресни од мртвите, и Христос ќе те осветли!”
.
Ок, ти посакувам многу среќа, а ако некогаш ти надојде бранот на свесноста, не дозволувај да паднеш премногу во депресија, бидејки тоа е само бран, доаѓа и ти се возиш на него а чувството е одлично. Свесноста ке те натера да сватиш дека се ова што си го пишал се само празни зборови, бајки, илузии на човековиот ум, и бидејки ке го сватиш тоа, ке тежнееш кон промена која може да ти биде многу тешка.
Како за почеток бидејки гледам дека пишуваш како да препишуваш, не како самиот свесно да размислуваш, би те советувал, да ја поттикнеш свесноста, да почнеш да си поставуваш прашања, да се сомневаш, бидејки сомнежот овозможува да се издвоиш од сите и да мислиш со своја глава, а тоа е најважното.
И според религијата, бог нели рекол, оној кој бара ке најде. Е па јас те советувам да бараш преку контра прашања на она што го читаш или си го стекнал како знаење низ твојот живот, затоа што сум сигурен дека не си нашол. Јас сум нашол и сеуште пронаоѓам. Процес е тоа, низ целиот живот, постојано пронаоѓаме нешто ново.
Затоа и не се согласувам со тоа дека светот е креиран од некој.
Светот постојано се креира, и денес и утре ке се креира и по милијарда години.
Појди во природа, погледај во животните, во растенијата, во земјата и во водата, ке се увериш дека светот не е креиран, бидејки креацијата означува нешто завршено за одреден временски период. Светот е сеуште незавршена креација, а никогаш и нема да заврши бидејки постојано се менуваат работите се движат.
Основата на животот е движењето, према тоа креацијата никогаш нема да заврши, како кога еден сликар би го завршил своето уметничко дело. И тоа е еден од многуте докази дека религиското учење е грешно.
--- надополнето: 7 јули 2012 во 21:47 ---