Сети се на мене...
Има една песна од Брејк и оди вака:
Сети се
Заминуваш, а некој стар блуз во глава ми свири,
Готово е, само чудо може да не смири.
Престани ова стварно нигде не не води,
Земи го твојот куфер слатки лаги и оди.
Но штом ќе пројде малку време ти ќе сватиш
Колку вредам јас и ќе се вратиш!
И штом ќе ти свртат грб сети се...
И кога ќе нема друг сети се...
Ти ќе знаеш кој те чекал цело време
И останал до крај твој!
Прашањето ми е кога некоја драга личност од вашиот живот ќе замине, која не ги ценела работите кои ги имате правено за неа и вас како личност, па после некое време се враќа пак кај вас и кажува дека и е жал и дека многу згрешила...дали се уште би имало место во вашиот живот за една таква личност? И дали би можело да се вратат сите работи по старо и да продолжите со истиот, стар однос кон неа? Дали вашите чувства би се промениле кон неа? Ако ништо не се промени и ако ја примите повторно во вашиот живот и и дадете втора шанса, дали тоа е знак дека вие сте личност која лесно може да биде изманипулирана или...?
Мој став е дека секој заслужува втора шанса, сите грешиме, но и дека некои работи не се забораваат.