Не се спуштам на негово ниво, едноставно му ги кажувам сите они нешта што сум ги чувала во себе, оние нешта што сум свесна дека ќе го повредат. Јас се ќе поминам и преболам, но тој ќе се носи цел живот со комплексот што ќе му го набијам. Враќам мило за драго секогаш и не оставам да помине така.
Mислам дека и во друга прилика имам спомнато дека зборот е најопасното оружје на светот.
Зборовите убиле повеќе души, отколку што сите војни убиле луѓе.
Не случајно се вели дека дека она што влегува во телото преку устата, излегува од телото, но она што излегува од устата, допира до срцето. Малце ќе исфилозофирам за до дојдам до крајната поента.
Преку зборовите ги привлекуваме и среќата и несреќата. Зборовите создаваат закони од кои тешко се бега. За еден искажан негативен збор кој создава негативен закон, некогаш треба да се потрошат многу позитивни зборови за да се неутрализира. Така да ако претходно искажаниот негативен збор е засновен на лага, нечесност, или во случајот намерна навреда, не можеш да го поништиш законот кој тој го створил. Кога се противиш на нешто, тоа ја превзема енергијата и ја користи против тебе. Така е и во секојдневниот живот. Кога на некому ќе упатиш навреда, сигурно нема да остане имун на тоа. Нема да слушнеш прости ми, па макар и да си во право ти, после куп упатени навредливи зборови од твоја страна. Од другата страна ќе наидеш спротиставување и непробивен ѕид за понатамошна комнуникација. Така да не си вратила ништо :smir: