Втора шанса

Fabullous_178

Psychonautics:.
Член од
21 февруари 2007
Мислења
2.987
Поени од реакции
190
Она што се случило еднаш, не мора да значи дека ќе се случи два пати. Но, она што се случило два пати, сигурно ќе се случи и трет пат...
Confirmed in practise.
(не е битно од кого е реченицата).
 
Член од
2 август 2008
Мислења
743
Поени од реакции
460
Втора шанса,хм...ретко кој заслужува.Лисицата го менува влакното,но не и карактерот.Луѓето само привидно се менуваат,или се менуваат на некој период,потоа си се враќаат на старото и си надокнадуваат т.е ќе ти наплатат за тоа што морале да се потсменат на некој период.Ретко кој,ретко кој залужува втора шанса.Сметам дека подобро би било да нема втора шанса,повеќе би ги ценеле нештата.


или би се согласила и со ова :
Она што се случило еднаш,не мора да значи дека ќе се случи два пати.Но,она што се случило два пати,сигурно ќе се случи и трет пат...
 

bounty_hunter

Фатенко
Член од
13 октомври 2009
Мислења
1.268
Поени од реакции
322
Сети се на мене...

Има една песна од Брејк и оди вака:

Сети се

Заминуваш, а некој стар блуз во глава ми свири,
Готово е, само чудо може да не смири.
Престани ова стварно нигде не не води,
Земи го твојот куфер слатки лаги и оди.

Но штом ќе пројде малку време ти ќе сватиш
Колку вредам јас и ќе се вратиш!

И штом ќе ти свртат грб сети се...
И кога ќе нема друг сети се...
Ти ќе знаеш кој те чекал цело време
И останал до крај твој!

Прашањето ми е кога некоја драга личност од вашиот живот ќе замине, која не ги ценела работите кои ги имате правено за неа и вас како личност, па после некое време се враќа пак кај вас и кажува дека и е жал и дека многу згрешила...дали се уште би имало место во вашиот живот за една таква личност? И дали би можело да се вратат сите работи по старо и да продолжите со истиот, стар однос кон неа? Дали вашите чувства би се промениле кон неа? Ако ништо не се промени и ако ја примите повторно во вашиот живот и и дадете втора шанса, дали тоа е знак дека вие сте личност која лесно може да биде изманипулирана или...?

Мој став е дека секој заслужува втора шанса, сите грешиме, но и дека некои работи не се забораваат.
 
C

Cool Hand Luke

Гостин
Се ќе покаже Силата. :) Ако нејзе ја има тоа е најбитно, нема што да се става на кантар, но може да се исповеда каде била. А личноста може да се врати и уште попроменета на добро (иако мене тоа не ми се случило). Тогаш ќе знаеш дека таа навистина те сака а не затоа што не сретнала подобар од тебе. Меѓутоа, ако нема љубов нема ни што да се става на кантар, да размислуваш каде ли била, што сито и решето поминала. :)
 

831

HOATH IAIDA
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.768
Поени од реакции
12.124
Не знам тоа втора шанса дали е во ред, кај мене на пример тешко проаѓаат тие втори шанси, ако замине еднаш ке замине и втор пат и трет итн...а јас немам баш време за тупење и малтретирање за некој кој не знае што сака...не знам, и Господ тешко дека ќе ме убеди за втора шанса...
 
C

Cool Hand Luke

Гостин
Јас не верувам во втора шанса! Или го бива или не.
Не знам тоа втора шанса дали е во ред, кај мене на пример тешко проаѓаат тие втори шанси, ако замине еднаш ке замине и втор пат и трет итн...а јас немам баш време за тупење и малтретирање за некој кој не знае што сака...не знам, и Господ тешко дека ќе ме убеди за втора шанса...
А ако претходно не добил вистинска шанса? То ест не сте ни започнале нешто посериозно, туку останало на платонски средби?
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031
Платонското не го сметам за шанса :smir:
Тоа е нулта точка... Може... Ова е класично недоискажување...
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031
Многу релативна работа е тоа повредил... Види, и јас сум плачела, патела, била нереална :smir:... Да бидеш повреден е да има колизија во моменталните размислувања со некој друг. (најчесто е вака)
Верувам во втора шанса ако имало формални пречки првично: далечина, сплет на околности... Не верувам во подгреани чувства.
И, не го тупиш, си правиме муабет...
 

bounty_hunter

Фатенко
Член од
13 октомври 2009
Мислења
1.268
Поени од реакции
322
Ај кога ќе имам повеќе време ќе ги образложам моите мислења за втора шанса.

За сега уште една насока кон која би можело да се движи дискусијата.

Имаше интересна случка во еден филм (не ми текнува кој беше). Богат младич му дава автомобил на друг човек кој слабо го познава, за да се трка на улици со автомобилот. Тој што се тркаше, го направи партал, го искрши цел автомобил. На крајот ќе се раздолжат и овај што го имаше позајмено автомобилот, го праша како може на непознат човек да му даде толку скап автомобил и да има доверба во него. Одговорот на другиот беше дека забележал нешто во неговиот карактер и дека во него видел добар човек и ако цената за да го процени што човек е само еден автомобил, тоа е цена со која може да живее.

Но, која е емотивната цена која би ја платиле за да процените некого?
 
C

Cool Hand Luke

Гостин
Многу релативна работа е тоа повредил... Види, и јас сум плачела, патела, била нереална :smir:... Да бидеш повреден е да има колизија во моменталните размислувања со некој друг. (најчесто е вака)
Верувам во втора шанса ако имало формални пречки првично: далечина, сплет на околности... Не верувам во подгреани чувства.
Убаво би било да е така но јас сум многу осетлива душичка. :) Така да, ако некоја ме повредила (и тоа со друг) уште пред да ми даде шанса (или јас да и дадам), нема збор за втора шанса, бидејќи немало ни прва шанса. Само рана. :)

Но, која е емотивната цена која би ја платиле за да процените некого?
Ако се работи за љубена личност, многу малку ми се чини. Јас со солзите, а таа со друг... да го видам и тоа чудо. :)
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031
Убаво би било да е така но јас сум многу осетлива душичка. :) Така да, ако некоја ме повредила (и тоа со друг) уште пред да ми даде шанса (или јас да и дадам), нема збор за втора шанса, бидејќи немало ни прва шанса. Само рана. :)

:)
Рана без траги од оружје е плацебо ефект. Заслужува втора шанса. :smir:
 

831

HOATH IAIDA
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.768
Поени од реакции
12.124
Но, која е емотивната цена која би ја платиле за да процените некого?
Висока е емотивната цена, секој мора да ја плати. Јас пример искрено пристапувам, другарски може да се каже, не сум штедел чувства, глупаво ми било да глумам лудило или да учам проценки на личност од тин шеми, некакви третокласни книги, серии и списанија со "мудри" совети(како што прават жените обично), и ако тој мој пристап биде злоупотребен, втори шанси нема, повеќето обично сакаат да се е*ат а нејќат да им влезе, е така не ја бива...:helou:
 
C

Cool Hand Luke

Гостин
Рана без траги од оружје е плацебо ефект. Заслужува втора шанса. :smir:
Па нема трага бидејќи розата не ни добила шанса, уште како пупка ја исекле. Значи се одново. Нова роза. Со старо нова личност? :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom