- Член од
- 28 декември 2015
- Мислења
- 4.081
- Поени од реакции
- 6.569
Ами Романија и Финска? И нив ли ги нападнаа за да створат бафер-зона?!Секако дека било каква агресија кон независна странска држава со цел анектирање на нејзина територија се смета за експанзионизам, па макар и таа држава да се стекнала со независност пред помалку од 24 часа.
Проблемот на Русија е во тоа што историски сите големи напади од запад доаѓале преку териториите на Полска и Литванија, поради што од секогаш било важно за Русија од запад да се граничи или со неутрални држави или со држави кои се демилитаризирани или воено пасивни, односно неподготвени за војна против Русија.
Истиот начин на размислување преовладувал и во Советскиот Сојуз, особено пред Втората Светска Војна. Всушност, токму тоа е и една од главните причини за договорот Молотов-Рибентроп - неутрализација на Полска, Литванија, Летонија и Естонија, па макар и со употреба на сила и окупирање на нивните територии.
Автоматски споено мислење:
Дали имаш поим воопшто како дошло до војната?
Како можеш да заклучиш дека се работи за империјална војна на СССР кога пољаците решиле да користат гужва, при ек на граѓанска војна и да приграбат уште дел од советската територија?
Еве да ти изџвакам пошто пре си расположен за досетки отколку за читање. Пољаците вршат упад на територијата на СССР со цел да приграбат територија и доаѓаат на линијата Вилниус-Минск-Киев. Додека советите не прават ништо друго туку ја бранат својата територија и го одбиваат нападот. На крајот Полска завршува со територии во кои живеат белоруси и украинци.
Сега појасно ти е кој бил агресорот тука?

Battle of Warsaw (1920) - Wikipedia


Како е одбранителна војна на СССР 1919-20 вс, Полска кога решавачката битка се дешава во предградија на - Варшава!?
Тоа си во право дека пољаците искористиле гужва на руски граѓански рат и ја здувале, но Љењин по никоја цена не сакал да ги пушти да си одат од СССР, сакал Полска да е мост за пренос на комунизмот во Германија (Спартаковци и слични), за да може СССР директно да помогне на немачките комунисти да направат Германска Социјалистичка Република.
Пољаците не се цвеќиња за мирисање пошто окупирале Вилњус од Литванија и Тешинска област подоцна од Чехословачка, но очигледно е дека нивната војна со СССР е војна за независност од истиот.
Последно уредено: