- Член од
- 28 декември 2015
- Мислења
- 4.081
- Поени од реакции
- 6.569
Во ред, ти може не го делиш мислењето за СССР/Русија како за агресорска, окупаторска експанзионистичка држава, но реалноста е таа, фактите и аргументите се тие, фактот за агресијата врз 7 држави за неполна година зборува сам за себе, нема што да се согласуваш или не, можеш само да се обидеш да го спиноваш тоа, као мораа, па и други беа империи итн.Тоа и јас сум сретнал дека залутани биле авионите при првото бомбардирање на Лондон. Во секој случај храбар или можеби како што викаш лукав потег на англичаните. Пред ссе најголема грешка на германците им е што не ги бомбардирале радарите. Херојска битка од страна на англичаните во секој случај, дали 3-4 дена имале повеќе изгубени авиони од германците, а во секој момент соодносот на авиони бил 3:1 на страната на германците. Лекција му одржале на дебелиот Геринг неговите колеги од спротивниот табор.
Автоматски споено мислење:
Не го делам воопшто мислењето околу експанзионистичката политика. Нормално дека ќе произведуваат повеќе од другите пошто имаат 1/6 од светската територија. СССР да го одбраниш ти треба да имаш еден куп оружје.
Накратко кажано се сонувало за светска револуција, но ослонувајќи се на Коминтерната и преку покренување на внатрешни револуции. Далеку од окупирање на територии и експанзионизам. Кон тоа се стремел Љењин, а го продолжува Стаљин, но следи ВВ2 и потоа наместо социјалистичка следи царска политика и создавање на бафер зони од сите страни. Да не навлегувам детално ќе треба да се изнапишам, поентата ми беше дека во никој случај предвоениот СССР не се стремел кон ширење на територии, баш напротив финците добиле независност без испукан куршум, лично од тогаш комесарот за народности, другарот Стаљин. Тоа скршнување следи после војната, со цел заштита од западните бивши сојузници и нема врска со идеите за светската револуција, туку е сосема друга нишка.
Ова ме насмеа, голема земја па им требале тенкови за одбрана

Не знам колку си запознаен со техничко-тактичките спецификации на тие машини, но ако одбереш да ми веруваш (можам тенк по тенк да пројдам ако има потреба) јасна е офанзивната улога.
Споредени со француски и рани британски тенкови кои навистина се градени за одбрана, па имаш целосна слика. Иначе мислам дека 25К е преконзервативна процена и не ги зема во предвид танкетите, мали брзи окретни возила, слаб оклоп, солиден радиус, обично вооружени со Душка или Швак и коаксијалец кои ги штанцале во илјади примероци откако земаат лиценца од Карден-Лојд.
Тешките Т-28 и Т-35 се градат за пробивање на одбрамбена линија каде што ќе се јави потреба (battering rams

Исто е и со авијацијата, се градат малки брзи, страшно окретни ловци со многу мал радиус на дејствие т.н. фронтоваци кои треба да го бранат нападот а не да чуваат огромни територии.
За СБ веќе споменав, тука е и АДД, специјално оформена стратешка авијација во 30-ти, тука и е развојот на автоматски и јуришни пушки и уште еден куп опрема чисто за офанзива.
Една од главните причини за армагедонски порази како Вјазма и Кијев ти е фактот дека РККА 20+ години била припремана за офанзивни дејанија а не за дефанзива.
Со Финска сакаш да направиш преседан, демек русите ете праведно делеле шаком и капом независност кој сака нек изрази желба но Финска имала автономија како Велика грофовија и за време на царот, туку кажи ми Полска и Украјина како без оружје им дал Љењин независност.
Estonian War of Independence - Wikipedia


Latvian War of Independence - Wikipedia


Lithuanian Wars of Independence - Wikipedia

Се растуриле од "давање" незвисност, особено коа биле приморани со оружје да изгебаат како пацови.
Експанзионистичката политика започнува веднаш со Љењин и ја продолжува Стаљин, СССР е империја исто како сие други и сојузник на Рахјот во 1/3 од Втората светска војна.
Во меѓувреме врши Холодомор, Чистки, Нови економски програми (НЕП), Гулази, петолетки во кои смрт наоѓаат непознат број луѓе, но многу веројано сличен или поголем од тој во ЊЊ-2.
Автоматски споено мислење:
Како што реков, ако примениме некој етичко-морален компас и ги рангираме најголемите зулуми, тогаш ранг листата би била :
1.Гросдојчес Рајх
2.Нипон Теикоку
3.Независна Држава Хрватска
4.Сојуз совјетских сoцијалистичестих республик
5.United Kingdom (Најмногу ради Индија и Харис)
6.Етат Франсез де Виши
Автоматски споено мислење:
callejón продолжува со едиција куцамо на крила заборављених авиона (да го парафразирам др.Неле)
Тука мора да се спомене одличниот југословенски Рогожарски ИК-3, кој за време коа прв пат полетал 1938 бил крем дела крем но до 1941 веќе станува скоро второразреден, поради неможноста на Кралството да финансира поголемо производство, сите 13 кои ги имале направено до тогаш (27 биле на производна линија), само 8 полетале и имале најмалку 10 воздушни победи во априлскиот рат.
Мотор Испано-Суиза, топ ХС-404 и пар митралези. Not bad.

Последно уредено: