Вртевме, вртевме... кај кого се падна паричката?

Статус
Затворена за нови мислења.

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
Јееј, кај мене, после кој знае колку време.

Патем, гледам повеќето вечерате на маса. Кај нас се вечера на земја.
овој обичај - прв пат го слушам
поточно бидеиќи и не се оди на овој ден никаде,и да постои значи не може да се види,може и да објасниш во кој крај е тоа и зошто така се прави.
Добро некаде по селските куќи,каде се готви-кај што има огниште,може и да нема маса и столици,ама сум гледал има округла трпеза,дрвена подигната на мали ногарки,е на таква се седнува околу неа-тоа ли го викаш -на земја.
( да на оваа се меси лебот,сега ми текна)
--- надополнето: 6 јануари 2013 во 19:35 ---
За господ,кај нас дома отсекогаш се оставало-делело
едно парче,и тоа првото,некој што е поупатен и по религијата нека објасни дали е правилно.
 
Член од
19 август 2010
Мислења
975
Поени од реакции
1.890

Точно, дедо Анчо, после вечерата не одиме никаде на гости. И, правилно е да се јаде на таа триножна маса што ја спомна, ама во денешно време ретко кој има таква. Ние немаме, а јас уште од кога знам за себе (а и моите) сме јаделе на земја (на подот, а бадниковото гранче е под чаршавот). Мислам, таков ни е обичајот нам, иако многумина и од мојот град (Кратово) не го практикуваат ова. По вечерата не седнуваме на стол (тоа како мал го практикував, а сега еве си седам на стол, сигурно нема креветот да го довлечкам до компјутерот :icon_mrgr:). Мислам дека нема врска тоа дали е село/град, до обичаите е.
 
Незапирливи 1903/87

Изгорен за Вардар
Член од
20 јули 2011
Мислења
3.496
Поени од реакции
9.988
И седнав со надеж дека прв пат во животот ќе ми падне :vozbud: И пак ништо, традицијата продолжува :D Падна кај татко ми, нека ми е жив и здрав како мало дете се радува :icon_mrgr:

Точно, дедо Анчо, после вечерата не одиме никаде на гости. И, правилно е да се јаде на таа триножна маса што ја спомна, ама во денешно време ретко кој има таква. Ние немаме, а јас уште од кога знам за себе (а и моите) сме јаделе на земја (на подот, а бадниковото гранче е под чаршавот). Мислам, таков ни е обичајот нам, иако многумина и од мојот град (Кратово) не го практикуваат ова. По вечерата не седнуваме на стол (тоа како мал го практикував, а сега еве си седам на стол, сигурно нема креветот да го довлечкам до компјутерот :icon_mrgr:). Мислам дека нема врска тоа дали е село/град, до обичаите е.
Имам роднини во Куманово и они вечераат на земја. :) Сум слушнал и други дека прават таков адет нема врска град/село или од кој крај си :)
--- надополнето: 6 јануари 2013 во 20:10 ---
Можи не ми се падна паричката ама моето парче беше најголемо :rolleyes::cool::icon_lol:
И моето излезе некако најголемо викам ај сега му е мајката, ама џабе бар си се најадов :pos:
 
Schürrle

can't be touched
Член од
19 ноември 2008
Мислења
3.020
Поени од реакции
2.059
Паричката се падна кај мајка ми, нека и е со среќа бидејки за неполни 25 дена оди на пат и нема да биде со нас повеќе време.. Можам сега само да и посакам се најдобро и да ја следи среќата бидејки после се што направи за нас, ке и треба и енергија за да успее во тоа што го сака. :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom