Врска во погрешно време

RealGirL

My LiFе...My ST0Ry
Член од
13 февруари 2006
Мислења
2.348
Поени од реакции
19
IVA_SKORPIJA напиша:
nema vrska vo pogresno vreme pogresni se samo tie koj se u vrska
Ај ти кога ќе имаш повеќе време објасни ми го твојов пост!
 

CuCeNcE

perfectly imperfect
Член од
19 јуни 2006
Мислења
1.878
Поени од реакции
7
IVA_SKORPIJA напиша:
nema vrska vo pogresno vreme pogresni se samo tie koj se u vrska
Стварно...Незнам дали е до мене али не те сфатив баш и баш шо сакаше да кажеш со ова:toe:
 

*P|nK_G|rL*

~Pretty in Pink~
Член од
21 мај 2006
Мислења
761
Поени од реакции
5
Според мене врска во погрешно време е онаа која започнала во периодот кога сеуште не сме ја преболиле претходната врска, значи период после раскинување. Потоа кога се има домашни проблеми- проблеми со семејството. Или пак кога и двајцата се во брак со др. луѓе, а сепак се сакаат.
 
Член од
10 јуни 2006
Мислења
32
Поени од реакции
0
RealGirL напиша:
Ова не е погрешно време ова е погрешна врска!
Влетуваш во нова врска за да му докажеш.....-цела врска е погрешна,не само времето истото е и кога влетуваш во врска со првиот што ќе ти понуди ....!!!!
Погрешно време е нешто сосема 3...барем за мене
Имам 19 год..идев со еден дечко долго време,се фативме кога имав 16,идевме до пред некое време... врската како врска ни беше одлична но во погрешно време...бевме заедно баш тогаш кога требаше да живееме,да запознаваме нови луѓе,да доживуваме нови работи,искуства...колку работи имам испуштено поради таа врска..доаѓа понделник сите така возбудени ти кажуваат импресии од заеднички поминатиот викенд,и само ќе се насмееш и ќе си речеш да,и јас така:nesum: но можам да речат и дека таа врска за мене беше големо искуство..па можеби некогаш па ќе бидеме заедно..кога ќе имаме по 25 год.и двајцата зрели личности,со многу изживеани работи позади себе спремни да се посветиме еден на друг!

П.С.Тие што немале долга врска не ни очекувам да ме сватат!:wink:

Колку само се пронајдов во постов....Исто како јас да сум го пишувала....Иста ситуација, исто чувство, исто мислење и исти искуства. Немам што да додадам:toe:
 

Necrophilia

Find Beautiful Womans from your city for night
Член од
13 август 2006
Мислења
7.633
Поени од реакции
140
мислам дека мојата врска ја оформивме на погрешна возраст. Мислам на 17/18 години ок е да имаш девојка макар и со години да сте заедно, грешката беше што нашата врска ја направивме како брак, дури и имињата на децата што ако наводно ке ги имавме им ги знаевме... хаха... сеа некако ми е смешно тоа и покрај тоа што сеуште сум мрднат...
 
Член од
27 февруари 2006
Мислења
1.356
Поени од реакции
9
зарем има погрешно време за љубов, ако е вистинска љубов, нема да се проблем ни годините, ни времето, апсолутно ништо
 

Fluffy

Hellraiser
Член од
6 мај 2007
Мислења
1.373
Поени од реакции
16
Добра тема....Погрешна врска во погрешно време...епа вака...Идеш на факултет и све ти е фино,не ти треба ни дечко ни ѓаол....доаѓа јунска сесија...даваш 4 испита,супер,проаѓаш на сите!Идеш у летно диско,се запознаваш со тип,мењате телефони...знаете како иде,де!И прераснува во врска..По 2-3 недели,глеаш типов е љубоморен како турски паша и нормално,сакаш да го откачиш!Ај молење-колење,ти се колне типов у живот нема да праи такви сцени.Ај,(скоро) секој заслужуе втора шанса,па идеш понатака.Доаѓа септемвриска сесија,имаш уште 3 испита...Типов почнуе да мрчи дека многу време поминуеш со книгите и на факултет...ти се јавуе колега од факултет,типов "has gone balistic"!Ај после долга расправија...му даваш УШТЕ ЕДНА ВТОРА ШАНСА!Се помалку време со книгите,поише време со него,да не ти мрчи и праи сцени..и нормално,губиш година на факс...и квадрираш и кубираш и уште си со истиот тип...и иде тоа некои 4 години,и ти пука курцшлус у глаа и после го гониш типот у 3 п.м.ама џабе,си изгубила 4 скапоцени години од твојот живот верувајки дека се ќе се среди!Значи...КОГА ЌЕ ВИДИТЕ ДЕКА ПАРТНЕРОТ ПОКАЖУВА ЗНАЦИ НА ЉУБОМОРА,ОТКАЧЕТЕ ГО ПО БРЗА ПОСТАПКА!БЕЗ ВТОРА ШАНСА!!!!!
 

Necrophilia

Find Beautiful Womans from your city for night
Член од
13 август 2006
Мислења
7.633
Поени од реакции
140
Necrophilia напиша:
мислам дека мојата врска ја оформивме на погрешна возраст. Мислам на 17/18 години ок е да имаш девојка макар и со години да сте заедно, грешката беше што нашата врска ја направивме како брак, дури и имињата на децата што ако наводно ке ги имавме им ги знаевме... хаха... сеа некако ми е смешно тоа и покрај тоа што сеуште сум мрднат...
сепак се надевам на многу подобро, дека пак ке бидам со истата жена (жената на мојот живот) иако очекував овие проблеми - погрешно време да ни се случуваат на факултет. Можеби позитивно е што ни се случуваат сега...
 
Член од
3 август 2006
Мислења
92
Поени од реакции
1
Necrophilia напиша:
сепак се надевам на многу подобро, дека пак ке бидам со истата жена (жената на мојот живот) иако очекував овие проблеми - погрешно време да ни се случуваат на факултет. Можеби позитивно е што ни се случуваат сега...
Те читам на форумот и уште нешто не ми влага у глава. У реду е да тажиш у реду е да исказуваш чуства, у реду е да бараш совет ама не ми ввлага у галава како можеш да се соголуваш до гола кожа на форум кај што има 3000 џаболебари шо пукаат сеир. Мислам стварно не ми е јасно.

Има една реченица што можам да ти ја кажам :Life's a Bitch. Live it
Тоа е тоа.

П.С Животот не се планира тој се живее. Се додека ги планираме работите секогаш ќе бидеме разочарани кога животот ќе не плесне у фаца.

What goes around comes around... Така да тоа што е твое ќе си дојде. Тоа е единствениот совет што можам да ти го дадам, и те молам избриши си ги сите постови во врска со тоа што ти се случува во приватниот живот пошто тоа е само за тебе и за луѓето кои ти се стварно блиски

Поздрав
 

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.749
Поени од реакции
1.855
Necrophilia напиша:
сепак се надевам на многу подобро, дека пак ке бидам со истата жена (жената на мојот живот) иако очекував овие проблеми - погрешно време да ни се случуваат на факултет. Можеби позитивно е што ни се случуваат сега...
:oftopik:
Јас не би ни помислила да сум повторно со некој што би ми го направил тоа што ти го направи тебе девојката, а не па да чекам и да се надевам како кутра. Не, не ...

А on topic како што кажав, не верувам дека има врски во погрешно време.:salut:
 
S

Stef Bachatero

Гостин
Едно прашање до девојките што сметаат дека нема љубов во погрешно време,ако еве ти смртно го сакаш некој дечко но тој е муслиман цврст верник и се поклонува секое сабајле и дали би имала врска со него?
 

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.749
Поени од реакции
1.855
StevoMC напиша:
Едно прашање до девојките што сметаат дека нема љубов во погрешно време,ако еве ти смртно го сакаш некој дечко но тој е муслиман цврст верник и се поклонува секое сабајле и дали би имала врска со него?
Кое е погрешното време во прашањево? Или згреши тема?:)
 
S

Stef Bachatero

Гостин
Не згрешив сакам да кажам дека има работи кои времето и ние не можеме да ги прифатиме како нормални,за него нормално е да се клања од сабајле и секој пат кога џамијата ке зборне,сакам да кажам уствари дека ти ако го сакаш твоите родители тоа нема да го прифатат да живееш со него и ти ќе се фатиш во небрана ситуација,неговите морални норми ти нема да ги прифатиш,нормално затоа што ти така си научен така нашето општество ти наметнало,велам дека ако нема релегија и ако нема предрасуди нема да има проблеми да се вљубиш во кого сакаш,јас на пример фанатик некој да ми се моли целовреме и да го сакам повеќе од себе ќе го оставам зашто за љубов треба да се жртвува,а која жртва е он на бога или времето така ги направиле тие околности да не може да се љубиш.Има многу работи што на пример времето и предрасудите кон муслиманите ги направиле такви да не можеш слободно да си се вљубиш во некој што ти сакаш.Тоа ми е поентата дека времето и нашите предрасуди ги прават некои работи да не успеаат и да сакаш не можеш да сврзиш неверник со верник.
 

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
StevoMC напиша:
Не згрешив сакам да кажам ....времето и нашите предрасуди ги прават некои работи да не успеаат и да сакаш не можеш да сврзиш неверник со верник.
Ти зборуваш за време од епохален, а Дивајн за време од еден поинаков аспект.

Сепак, незнам за врска во погрешно време ама знам за погрешно време за врска. Постои, и тоа како.....
 
Член од
5 мај 2005
Мислења
4.454
Поени од реакции
178
Serpico напиша:
Ти зборуваш за време од епохален, а Дивајн за време од еден поинаков аспект.

Сепак, незнам за врска во погрешно време ама знам за погрешно време за врска. Постои, и тоа како.....
da se nadovrzam...pokraj toa shto go kaza Serpico, takvi predrasudi ima samo i samo vo nerazvieni zemji od balkanot...megju koi sme i nie...jebesh ga. Ne e do verata, do lugjeto e
 

Kajgana Shop

На врв Bottom