Врска - без обврска

Член од
18 октомври 2005
Мислења
23
Поени од реакции
0
Никогаш не би очекувала од него такво нешто, ама никогаш не вели никогаш. Фала на советот. И во право си подобро сега да се разделиме дефинитивно отколку секој трет месец да се дешава истово
 
Член од
6 февруари 2005
Мислења
9.722
Поени од реакции
248
Извини на прашање ама го сакаш? Мислам, заљубена си во него?
 
Член од
18 октомври 2005
Мислења
23
Поени од реакции
0
Да, заљубена сум. Ама минатиот пат кога ми го направи ова пред три месеци паднав во депресија, не положив ниеден испит. Катастрофа бев. А тој ме мачеше. Ќе ми се јави, ќе се видиме и по два дена пак исто го нема. Така траеше две три недели. Кога ми дојде преку глава и видов дека нигде не води тоа му реков дека подобро е да раскинеме и воопшто да не контактираме оти не иде више. Ме снема некое врема и почна тој да ме бара, ми идеше на работа, ми разјаснуваше што било (демек не сум идела кај него дома, не сум го сакала доволно оти не сум блиска со мајка му)и сл. и јас попуштив и сега еве кај сум пак на исто.
 
Член од
14 јули 2005
Мислења
2.128
Поени од реакции
41
Поштувам и љубов и сето тоа, ама гледај првенствено што е добро за тебе.
Има една убава изрека, вели „Се што ќе се случи еднаш, не мора да се повтори никогаш. Ама се што ќе се случи двапати, сигурно ќе се случи и третпат”.

Се познаваш себеси, го познаваш и дечкото. Немој да се мачиш. На 22 години лесно се преболуваат такви работи.

Уште една работа која ми падна во очи : не сака обврска, а сака да си блиска со мајка му? Чудно.
 
Член од
18 октомври 2005
Мислења
23
Поени од реакции
0
Па тоа и ти зборам. Еднаш он ме форсира. Доаѓај кај мене дома , биди блиска со моите и сл., а после одненадеж не сакам обврска. Па сега дури и се прашувам дали воопшто знае што сака
 
V

Vlad II Draculea

Гостин
Даррена... гони го... имет други.. вервај.. по вакви настапи те смета само за наивна и дека може да манипулира... според мене.. стај крај
 

123

Член од
20 април 2005
Мислења
2.156
Поени од реакции
8
Darrena напиша:
Па тоа и ти зборам. Еднаш он ме форсира. Доаѓај кај мене дома , биди блиска со моите и сл., а после одненадеж не сакам обврска. Па сега дури и се прашувам дали воопшто знае што сака

А ти знаеш ли што сакаш?

Мислам дека и понатаму ќе се гледаш со него и дека ќе правиш онака како што него му одговара. Без навреда, ама позната ситуација (за среќа не од мое искуство), туку од моја другарка што многу години изгуби со таква будала и на крај тој ја батали.
 

Fortune

шодаенешчо
Член од
9 мај 2005
Мислења
12.493
Поени од реакции
183
Ај некој/а со кој/а не си била/а во врска да сака врска без обврска, ама оној со кој си во врска да бара такво нешто? Која би била причината освен тоа дека е досадно во врската и дека сака да проба и нешто друго, а тебе да те има кога ќе нема друга?
Шо знам:icon_roll
 

123

Член од
20 април 2005
Мислења
2.156
Поени од реакции
8
Врска без обврска е се гледаме ако сакаме и ако имаме време. Е сега ако он сака да се видиме, а јас имам работа или закажано онда ништо.

Сепак преферирам врска со обврска, кај што можеш во секој момент да се јавиш и да си споделиш што те мачи или радува, да излезете заедно, гушнати, да си го бациш во секое време, да го ќушкаш, штипкаш, грицкаш...итн...
 

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.855
Сигурно еден ден ќе испадне муабетот "we were on break!!!" :pos:
Шала на страна ... се согласувам со 123 и Спуки, ќе тера многу и нема да се промени таа врска, стандард муабет е ... врска без обврска ти е резерва за секс, а не верувам дека сакаш да си тоа, така да барај си друг, барем јас така би постапила:wink:
 
Член од
18 октомври 2005
Мислења
23
Поени од реакции
0
Фала за советите. Јас добро размислив викендов и сфатив дека не можам да продолжам во таква врска. Разговарав и со него и му кажав дека прекинуваме тука , подобро сега отколку да се мачиме.
 

123

Член од
20 април 2005
Мислења
2.156
Поени од реакции
8
Darrena напиша:
Фала за советите. Јас добро размислив викендов и сфатив дека не можам да продолжам во таква врска. Разговарав и со него и му кажав дека прекинуваме тука , подобро сега отколку да се мачиме.
Е па девојко со среќа, само така ќе бидеш спремна во следната врска целосно на новиот партнер да се посветиш, инаку стално (на секој повик од досегашниот дечко) ќе бидеш во искушение уште од старт новиот да го изневериш.
Ако си ја донела таа одлука, стои цврсто на неа и не попуштај, а подобар постои ама само треба време за да се сретне...
 
Член од
14 јули 2005
Мислења
2.128
Поени од реакции
41
И прошетај сама некое време. Не се залетувај, оти едногодишна врска не е малку. Не скокај одма во нови, освен ако сакаш само блиц-секс. Журкај, шетај, а знаеме дека за женско најдобар лек е шопинг :) :) :)
 
Член од
18 октомври 2005
Мислења
23
Поени од реакции
0
Во право си. Шопингот многу помага.Уште денес ќе си го купам мобилниот што го меркам одамна. А за журка и шетање веќе другарките ми испланираа се така да немам гајле. А она со блиц-секс , па не сум баш тој тип и дефинитивно ќе ми треба време додека влетам во нова врска, али ќе биде и тоа.
 
Член од
5 декември 2005
Мислења
61
Поени од реакции
0
Спуки, ти само на девојки делиш вакви на-место совети, или можам и ја да ти се обратам со свои проблеми? :)

Да, Дарена, НИКАКО немој да улеташ у рибаунд рилејшншип. Јебеш ли га, гарант има подобар израз на македонски :) Тоа е она, сега додека си тазе, одма да се закачиш за првиот кој ќе ти посвети внимание. Се мисли на закачуење за озбилно, не на флинг. Тоа не би донело добро ни за него, ни за тебе.

Виде како постарите и поискусни одма почнаа со совети? :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom