Вранишковски и владиката Петар роварат во Австралија

Piters

Collector
Член од
19 април 2009
Мислења
455
Поени од реакции
43
Така ли е навистина? Имаше прашање погоре дали има контролни механизми во МПЦ за сменување на владици -- бидејќи делува дека такви нема -- па ако одредени луѓе влезат во таа хиерархија или се поткупени кога се веќе во неа, можат да прават што сакаат управо под заштитниот плашт на МПЦ.

Ајде малку повеќе муабет за конкретни решенија.

Такво до сега не чув за ситуацијата во Австралија.
Види сега, точно е тоа дека постои криза во моралот. не само кај нас туку и кај повеќето цркви и духовни прганизации. Неколку примери од Педофилството во Католчката - па до мега милионските афери во Грчката Православна Црква.. Го има и кај нас...тоа е факт пред кој ние не можеме да бидеме слепи и да ја бутнеме главата во песок..
Јас не ги оправдувам, напротив - се за секаква осуда. Меѓутоа начинот на регулирање и корекција си е во самите институции...

Мојата поента овде е токму тој - Начинот на регулирање.. Тоа е институција стара повеќе децении - иљадници години.. Ако му се дозволи на секого да се меша во внатрешните работи на црквата, тогаш таа досега ќе беше расклинкана и растурена.. Токму афтономијата - афтохтомијата на управување и главен фактор.. таа да опстои.. Имало и Властодршци, великани, кралеви, цареви.. сите тие имале респект спрема црквата, и не се мешаат во нивните редови и одлуки. Синодот е тој кој одлучува, и недовербата во Синодот е исто недоверба во својата црква - вера.. Имало - и ќе има коров во неа, но исто така има и контролни механизми кои ја заштитуваат самата црква. Примерот со Зорана е само еден, а постојат и многу други кои не се излезени во јавност - затоа што се корективни. Зоран беше безнадежен случај, и како таков ја изгиби и титулата..
Незнам зашто не можеш да ме разбереш, станува збор за интституција, а не за рејтинг на популарност кај некој Владика.. Постои закон, канон, и тој се практикува, сите други претпоставки се сведени на шпекулации и чаршиски муабети.
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.035
Не е прв пат со Петар да се поврзуваат и не така чисти дејанија...

И води во однос на сите други членови на МПЦ...

Можеби треба да се провери (ако има таков механизам); мада јас до сега не знам некој да бил „изрибан“ поради „непринципиелно однесување“.
 
Piters

Collector
Член од
19 април 2009
Мислења
455
Поени од реакции
43
Мисирков

Со задоволство, но пред се да напоменам:

јас ке го изложам само моето мислење .. овде..

  1. Материјалната причина е овде. Луѓево кои се јавуваат како сопственици на имотот на црквата (зградата и местото) имаат големи даночни бенфиции ... меѓу народот циркулира сума од 300К АУД како годишен приход од 3 цркви во Сиднеј. Јас неможам да ја потврдам таа информација, но секако не станува збор за мала сума. Сопственоста овде е загарантирана од страна на Владата на Австралиа.
  2. Времето кога се градеа црквите, беше од 60те - 70те години навака, период кој во македонија владееше социјализмот, и моќта на црквата беше значително ослабена. МПЦ беше доведена на ниво на музејски ескпонат. Популарноста на црквта почна да си добива во значение тек после касните 80 години. Зашто го споменувам ова?? Од едноставна причина што и да сакала нашата МПЦ да инвестира пари во австалија да гради цркви, не е баш некој период со кој би можело да се остварат такви подфати. Да потсетам освен грција (која паттем го има ставена целото православие под закрила, како еден единставен наследник на Византија) - ниедна од црквите соседи немаат изградено црква овде во тоа време..
  3. Проблемот со црквата не почнува со г.Петар, ниту пак е едноставен проблем. Г.Петар е единствениот кој се Зафати да го реши проблемот - па колку и да сака да биде БОЛЕН ПРОБЛЕМ - нешто што другите мотрополите не сакаа или немаа смелост тоа да го сторат.Истиот проблем го има и Руската Патриаршија со Лондонско-Руската црква.. станува збор за судир помеѓу два системи.. западен и православен..
  4. Мислам дека кај сегашниве сопственици на црквата, постои уверување и тоа и покушаваат да го шират, дека г.Петар дошол да ги земе црквите, и да ги продаде, даде под закуп и ред други бесмислици.. Прво: г.Петар не е МПЦ, и нема право тоа да го стори. Второ, и да го направи тоа, Тој неможе да ги тргне верниците од една до друга црква. Трето: Дури и таа варијанта да оди, Сепак МПЦ е тука да реагира..(заштити) Четврто: дури и ако тоа оди до таму луѓевео се свесни и ќе се организираат повторно.. не сум сигурен колку вкупно, ама мислам станува збор за преку 15 цркви во цела австралија.. знаци не е мал број, и никој не е мутав денеска да мѕ продаваш слама..
Значи да не должам, според мене некои од решенијата би било:
  • Попската работа: избори, именување и поставување на попови и владици . исклучиво во надлежност на МПЦ
  • Собирање на приходот - МПЦ
  • Формирање на компанија - или правен субјект, со акционерски капитал, на сегашните сопственици, но и идни ...(жално - но таа е реалноста)
  • Објектите, имотот сегашен, во сопственост на сегашните сопственици
  • Рента, или кирија за користење, како и дел од профот на сегашните сопственици. (нека им е на слава)
Секоја нова изградба или инвестиција би била преку таа ново формирана институцјиа - црква - компанија - правно лице..

ТОЛКУ..:helou:
Да те потсетам на мојот пост, ако си го пропуштил. Мислам дека Единствен овде се потрудив да дадам некое решение, или предлог. Во досегашната дискусија на оваа тема, НЕ ВИДОВ ниеден предлог, или решение за проблемот, освен плукања, навреди, па дури и понижување на целоит синод и МПЦ..

Повелете да видам од вас ваши решенија Господо, или ваша креативност на проблемот.. Да ли некој се ке осуди да даде некои предлози, па можеби би дошле и до некое решение..

ПОВТОРНО: Проблемот е малце поголем и од Г.Петар и од МПЦ. Го имаат сите тие цркви кои не успеале да финансираат црковни објекти надвор од матичната земја.. Имате спорови од овој тип во Руската Православна Цркава со Истата Црква во Лондон, и други цркви.. да не ги набројувам. ги имам напоменато веќе во моите предходни постови.

Не е прв пат со Петар да се поврзуваат и не така чисти дејанија...

И води во однос на сите други членови на МПЦ...

Можеби треба да се провери (ако има таков механизам); мада јас до сега не знам некој да бил „изрибан“ поради „непринципиелно однесување“.
Повторно збориме за чаршиски муабети и шпекулации. Ако стигнале до тебе, сигурно стигнале и до сите владици на МПЦ. Тие го сочинуваат синодот, и треба да им се препушти НИМ таа работа да си ја истуркаат до крај..

.
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.035
Во секој случај, ти ја почитува длабоката верба што ја имаш, независно од личните ставови и убедувања.
:smir:
 
Piters

Collector
Член од
19 април 2009
Мислења
455
Поени од реакции
43
Мисирков

Да бидам по Конкретен:

Кое е решението според тебе во Австралија, Како да се реши проблемот??

Баш ме интересира Вашата креативност?
 
theMac3donian

Мак3донецот
Член од
5 февруари 2007
Мислења
3.690
Поени од реакции
259
За 3-4 часа ќе го аплоадирам видеото и ќе го постирам овде.

Да бидам по Конкретен:

Кое е решението според тебе во Австралија, Како да се реши проблемот??

Баш ме интересира Вашата креативност?
Нема решение во Судски постапки. За жал таа е вистината. Единствено што требаше е до компаниските цркви да се изградат прави Македонски Цркви... ама пуста работа владиката сакаше цело јато да биде едно, бидејки многу од луѓето што ги посетуваат црквите со распопи немаат појма што се случува. Владиката и така ќе направеше (не сум баш сигурен за ова) но не сакаше трудот на Македонците да биде фрлен и црквите засекогаш да бидат изгубени.
 
Piters

Collector
Член од
19 април 2009
Мислења
455
Поени од реакции
43
Курдоколенко

Да бидам по Конкретен:

Кое е решението според тебе во Австралија, Како да се реши проблемот??

Да ја видам твојата креативност Пријател ??
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
209
Поени од реакции
9
Најпрвин коментар за твојот предлог:

Piters напиша:
Значи да не должам, според мене некои од решенијата би било:
  • Попската работа: избори, именување и поставување на попови и владици . исклучиво во надлежност на МПЦ
  • Собирање на приходот - МПЦ
  • Формирање на компанија - или правен субјект, со акционерски капитал, на сегашните сопственици, но и идни ...(жално - но таа е реалноста)
  • Објектите, имотот сегашен, во сопственост на сегашните сопственици
  • Рента, или кирија за користење, како и дел од профот на сегашните сопственици. (нека им е на слава)
Секоја нова изградба или инвестиција би била преку таа ново формирана институцјиа - црква - компанија - правно лице..
Ако веќе сакаш да бидеш конструктивен, прва работа ти е да престанеш да ја матиш водата.

Попската работа: избори, именување и поставување на попови и владици . исклучиво во надлежност на МПЦ. Согласни сме со тоа, но, МПЦ сме сите ние заедно. Кој сега да постави поп? Јас? Ти? Може да филозофираме до утре за тоа како треба да биде, но во суштина сета филозофија е излишна. Во Уставот на МПЦ јасно е дефинирана постапката.

Факт е дека Петре не постапува според Уставот на МПЦ, туку изигрува црковен инквизитор како да е католички бискуп од најцрните времиња на средниот век. Болно параноиден со манија да гони вештерки сегде кајшто ќе се заврти.

Истото важи и за втората точка - приходот на МПЦ. Психичката состојба на Петре е таква да ако некој не се согласува дека Петре е единствениот кој смее да стави рака врз црковните пари - инквизицискиот процес не му гине, па следователно одредбите од Уставот на МПЦ не може да се спроведуваат на место кадешто Петре е присутен.

Така да, се на се, најконструктивно решение од се е: ова ѓубре да се мавне не само од Австралија, туку од било која црковна служба во МПЦ. Да му се дадат овци да ги пасе, па нека им суди на нив која блее криво а која право. Веројатно дека за неколку дена сите ќе ги испрати во кланица, како расколници од стадото во кое Господ му дал само тој да биде прав.

:kesa:
 
theMac3donian

Мак3донецот
Член од
5 февруари 2007
Мислења
3.690
Поени од реакции
259
Н

Да постапката е дефинирана, надлежниот архиереј ги назначува свештениците. Негово е да назначи соодветен свештеник, за соодветна позиција и да процени дали тој свештеник припаѓа во таа средина.

Епа брале преку се му е на него како и на мене од предавници и самоволни „Македонци“.

Истото важи и за втората точка - приходот на МПЦ. Психичката состојба на Петре е таква да ако некој не се согласува дека Петре е единствениот кој смее да стави рака врз црковните пари - инквизицискиот процес не му гине, па следователно одредбите од Уставот на МПЦ не може да се спроведуваат на место кадешто Петре е присутен.
Немој сега да зборуваш така. Тука веќе очигледно е твоето лажење! Црквите што се под јуриздикција на МПЦ т.е. МПЦЕАНЗ имаат одбори кои многу добро знаат што и како се случува со парите во тие цркви. Седат, бројат, определуваат за што се потребни. Единствен џокер што компаниите го имаат е тоа што финансиски се попогодни за Австралија. Каде преку г. Петар има излев на пари од Австралија во Македонија, со компаниите таква работа нема. Затоа и судовите во Австралија долго размислуваат кога се спорат некои прашања. Што зарем не се доволно паметни да согледат дека МПЦ е одговорна за Македонските цркви. Туку компаниите се поисплатливи за Австралиските интереси, бидејки се Австралиски, додека МПЦЕАНЗ колку и да е Австралиска, сепак како матична држава ја има Р. Македонија, се разбира преку МПЦ.

Така да, се на се, најконструктивно решение од се е: ова ѓубре да се мавне не само од Австралија, туку од било која црковна служба во МПЦ. Да му се дадат овци да ги пасе, па нека им суди на нив која блее криво а која право. Веројатно дека за неколку дена сите ќе ги испрати во кланица, како расколници од стадото во кое Господ му дал само тој да биде прав.
:kesa:
Најкоструктивно решение е ти да затниш тоа клепалото и да научиш малку посходно да се однесуваш кога зборуваш за владика. Јасно ми е дека на својот газда, жена и деца несмееш така да им зборуваш, па сега удри по владиката. А владиката по сите правила и прописи има право да те суди, да те екскумуницира од црквата а пота екскомуникацијата да помине преку САС, за секогаш да останеш копиљ.
Се согласувам сите да ги пушти како расколници, бидејки тоа и се! На Македонија не и се потребни себични предавници, туку здрав народ. Што се однесува до мене, компаниите нека функционираат до век и векова, но никогаш нема да се ЦРКВА и никогаш нема да се МАКЕДОНСКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА и никогаш нема да бидат општо прифатени како СЕМАКЕДОНСКИ!
 
Piters

Collector
Член од
19 април 2009
Мислења
455
Поени од реакции
43
За 3-4 часа ќе го аплоадирам видеото и ќе го постирам овде.

Нема решение во Судски постапки. За жал таа е вистината. Единствено што требаше е до компаниските цркви да се изградат прави Македонски Цркви... ама пуста работа владиката сакаше цело јато да биде едно, бидејки многу од луѓето што ги посетуваат црквите со распопи немаат појма што се случува. Владиката и така ќе направеше (не сум баш сигурен за ова) но не сакаше трудот на Македонците да биде фрлен и црквите засекогаш да бидат изгубени.

Znam prijatel. samo sakav da ja vdam "kreativnosta" na diskutantite..

za zal.. ja gledam, i mnogu sum razocaran.. ( ne se ni komentira)
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
209
Поени од реакции
9
Да постапката е дефинирана, надлежниот архиереј ги назначува свештениците. Негово е да назначи соодветен свештеник, за соодветна позиција и да процени дали тој свештеник припаѓа во таа средина.
Тоа е тоа што ти си мислиш. Можеш ли реченото да го потврдиш со цитирање на соодветниот член на Уставот на МПЦ?
 
theMac3donian

Мак3донецот
Член од
5 февруари 2007
Мислења
3.690
Поени од реакции
259
Тоа е тоа што ти си мислиш. Можеш ли реченото да го потврдиш со цитирање на соодветниот член на Уставот на МПЦ?
Да не сакаш од уставот на МПЦЕАНЗ да ти цитирам? Ми ај ќе се јавам на неколку места, па ќе видам да ти најдам. Само јас ти уверувам дека е така, бидејки кажи ми ај ти според тебе кој треба да ги назначува свештениците?

Војникот кој го распоредува? Народот кој што војникот треба да го брани или генералот?
 
Член од
21 февруари 2009
Мислења
1.315
Поени од реакции
47
Abe uste se raspravate, evo ke vi kazam uste edna rabota: Problemot ima i eden drug element a toa e - Tuka ima mnogu makedonci koj sto ja sakaat i ljubat Makedonija ama ne sakaat ni na son da se vidat vo Makedonija, pa samo serat kako vo Makedonija ova ne cinelo, toa ne bilo dobro, vamu imalo propusti ( sto mnogu raboti jas ne mozam da gi negiram) ali isti sranja ima i tuka vo Avstralija sto ovie ne sakaat da gi gledaat i mizat i samo si ja ranat dusata so toa kako ne cinelo vo Makedonija za da imaat nekakva satisfakcija od toa sto izbegale od doma, koga nekade ke se zborvit kako kaj nas ima vojna ili ke ima ili luge ne zemale plata togas srceto im gori od radost so toa sto vo sebe si velat " ete jas go napraviv vistinskiot izbor" i da ne odam do beskraj, ovie lige si formiraat paralelna Makedonija i ne sakaat da bidat povrzani so '' tie" makedonci tamu. sekoj vtor muabet im e '' tie tamu" kako ovie da se od nekoe drugo pleme.
 
АМИН!!! Истото и јас го велам секогаш! :cuc:
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
209
Поени од реакции
9
Се најдовте на линија...

На времето Исус со допир на рака им предавал на апостолите моќ да лекуваат, да шират љубов и знаење.

Денес пак очадените од темјанот на Петар непогрешливо се препознаваат по незаситната омраза кон “ваквите“ и “таквите“, по параноичната потеба да ја спасуваат заедницата на “одбраните“ чистејќи ја од нехристијани, немакедонци, неова, неона...

Малку крстена вода од црква кадешто не влегло вашето боже многу би ви помогнала, браќа.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom