Доста интересни идеи и квази-наука овде во последно време.
Гледам муабетот е за сингуларитетот(почетокот на светот каков што го познаваме) и во врска со истиот сите хипотези се еднакво валидни.
Во колку димензии е бил, како изгледал, од што настанал и дури дали настанал. Нема теорија која се занимава со истото на научна основа, а да може истата теоретски или практично да се поткрепи,сеуште сме далеку од тоа. Една причина е дека во тој "момент" законите на природата не се исти со оние кои ги познаваме и кои владеат денес, бар така е земено под консензус. Се што е после сингуларитетот, го истражуваме со алатките што ги имаме, она што било во тој "момент и пред тоа" , го изоставуваме, за нас не е важно, ниту релевантно, претпоставката е дека :1) доколку нешто постоело пред тоа, се се собрало во 1 точка(попрактично е за разбирање и истражување) или 2) настанувањето почнува од таа точка.
--- надополнето: 20 април 2012 во 01:43 ---
Мислам дека Можно е да постојат бесконечно многу димензии, можеби само за 10 од нив имаме теории... не е битно.
Димензиите исто како и броевите можат да се надополнуваат, да се шират, меѓутоа, нас третата димензија ни е најпозната, втората и првата ги разбираме донекаде. Ако земеме предвид дека времето може да се движи наназад и ако може, како што кажуваш, од нешто да се створи ништо, и оддеднаш од тоа ништо да се створи нешто, тогаш по некоја логика истото би се вртело во круг цело време и пак доаѓаме до јајцето и кокошката, дали ништото му предходи на нештото, или нештото на ништото?
Теоретски се можни бесконечно, сепак за да постои светов како што е постојат одредени ограничувања, 10/26 String theory, 11 M-theory, 3+1класично разгледување на светот.
Мала критика, не ја разбираме третата димензија, ние го разбираме, најдобро, тридимензионалниот простор (емпириски), 2 и 1 димензионалните простори теоретски доста добро, сите сме цртале по дома, а и доста време геометријата се развива.