Malcolm van den Сабаховић злобо, ти то со Босна за озбилно а?
Летово бев на ден у Босна. Врело Буно и Мостару. Сакав на дело да ја осетам кроткоста на Босна со која сум задоен уше како мало Влашче кое го лажеа дека ако не учи, ов4ар4е ќе го пуштат при наредната регрутација на пастирје. Ѓеј момент знам, ама ме натажи Босна.
Татко ми често знаеше да генерализира (шо е у старт чекори) и за Босанците секогаш имаше еден збор "душа луѓе".
Шо е тоа рани по фасадите на Мостару, постојки за ежење покрај рушевини, поезија од пејзажот додека манијачиш од џамо на комбето со флуоресцентна налепница "Монтенегро форевр!"(
AnFem дрк)?
Или па погрешен ми беше пристапот? Дали се фолирав шо ојдов у Босна со сочувство у грудима?
А да ти кажам не дека не ја исконсумирав поинаку. Па то чебапчичи покрај лелеавата вода, па то фонтови, параграфи и маргини од шербет, па фиксирање на насмевката во нивните очи (али онакава недеформисана). Проѕирната темина ко да ја оставиле закопана кај незнаените коски.
Ете, дозволив генетиката да ме заузда ко е у прашање ломотење за Босна. Генерализирав и не отстапувам.
Шо не ме бедниса?
Не ме бендиса тенденцијата на вулгаризација на засолништата од минатото. И правење пари од тоа. Се руши мостот по кој знае кој пат пред очите на стадата Италијани. Врти лентата млитаво.
Или па тоа е уан мен шоу? Здраво јас сум Босна и сум раненик. И покрај тоа дишам, грабајќи големи парчиња локум. Чуј ме свету, види и да не се поФтори.
Чудна Босна, ги осетив нејзине сузе на мои рамену на одење. Не такви курвински, туку Босна искрено гушка на испраќање. Иска пак да ја видам.