Поминале 7 години од кога се запознавме. Фак.. кога бе поминаа толку многу? Како вчера да беше...
Драго ми е што ми се јави после толку време поминато, што се изнаприкажавме за се и сешто, до каде сме со животот.. што сме сакале да направиме со него и што сме сонувале, а колку малку само од тоа сме оствариле...
Ме зачуди и тоа колку само паметиш и знаеш за мене.. како само се сеќаваш на датумите, местата, разговорите и сите пропратни ситници што сме ги имале заедно.. како побогу се сеќаваш и за кој фудбалски клуб навивам?!
Јас за разлика од тебе пола и повеќе имам заборавено, како блек аут да имам доживеано и колку да пробувам да ја вратам меморијата не ми успева. Но се сеќавам на едно нешто.. на мечето кое ти го купив со последните пари што ги имав, што ја терав мајка ми 3 пати да го поправа бидејќи беше шашаво во очите и твојот поглед кога ти го дадов. Тоа никогаш нема да го заборавам.
Неизмерно ми значи што сеуште го чуваш.
Штета што тогаш бевме само деца...штета!
До следното слушање.
Еј Здраво...
Дојдов само да ти кажам дека те лажев...
Те лажев дека сум заборавил, иако понекогаш и посакувам да беше така..Напротив, не само што не сум заборавил, него се сеќавам на се.
Се сеќавам на сите мигови што ги поминавме заедно, на оние убавите, и на оние, не толку убави..
Се сеќавам на твојот поглед, на твојата насмевка, на твојот мирис..
И после 5 години, доволно ми е само да ги затворам очите и да го почувствувам твојот допир, да го слушнам твоето дишење, како да си до мене.
Ми рекоа дека полесно било тоа што не сум имал можност да те видам. Ме лажеле и се лажеле.
Понекогаш мислам на тебе, посебно во оние ситни часови кога ноќта полека си заминува, а денот се раѓа. Оние, знаеш, кога си потполно сам, оние моменти на слабост.
Посакувам тогаш да си тука, да те гушнам, да заспиеш на мојата рака, во мојата прегратка. Само за миг, доволно да ме направи спокоен, мирен, исполнет, како некогаш.
Ми недостигаш... Не ти, баш ти, него онаа мала црвенокоса девојка со зелени продорни очи која беше спремна да ја помине секоја препрека помеѓу нас за да биде со мене.
Твојот поглед веќе не е оној истиот..оној на кој се сеќавам јас.. Таа мала девојка остана да постои само во моите мисли..
"jer ja sam samo dio puta
koji davno, davno ostade
tek onako iza tebe."
И знаеш што? Драго ми е што во моментов немам доволно промили алкохол во крвта за ова да ти го пратам тебе. Подобро е истото што ќе остане запишано на некој сервер, кое ти никогаш нема да го прочиташ.
П.С Утре одам на кафе со една девојка која многу ми се свиѓа. Се надевам дека баш она ќе биде таа која ќе те истисне од мисливе и ќе го завземе твоето место. Веќе е време, нели?