Tи си ми мускулче за замена кога вежбам кардио и се здрвувам.
На тебе секогаш можам да се потпрам, не со лактот на твоето раменце,де, туку со двете раце околу твојата половина.
Така си туткаме ние соништа, простум. Ни се лепат по лицата од прва до последна буква. Чешкаме по образите и ги солиме насекаде.
Е, така се љубиме.
Би ти се мушнала во прегратка и би заспала. Зошто тоа што те прави најсилен истовремено е и тоа што те боли највеќе. Ти си ми слаба точка. Ти и овој период. Ситно се бори.. од ден на ден се поситно. Знам а се понашам ко да не знам. И што би рекол Балашевиќ-Ni geografiju nije volela.Ne zbog granica.Ne zbog gradova.Već zbog toga što nije htela da prizna da je bole kilometri... Ни јас нема да ги сакам знаеш? И мене ќе ме болат.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.