Happy birthday to us, happy birthday to us...:wub::tv:
И ете сме таму каде што почнавме. Шуткајќи многу лисја низ парк, криејќи ја нашата срамежливост зад зборливоста, скривајќи ги нашите чувства, смеејќи се на нашите досегашни случки се запознававме се поубаво и поубаво. Уште тогаш знаев дека помеѓу нас може да има нешто многу појако, релација која досега со друга не сум ја имал. Спремен бев да ти го подарам срцето, да те направам најсреќна на целиот свет...
И ете кај стигнавме :icon_mrgr Постари за една година, една заедничка најубава година...
И не дека претходно не сум сакал некоја друга, и не дека претходно не сум имал врски во кои партнерките истотака ми значеле многу, но конечно мислам дека ова е тоа што секој човек треба и мора некогаш во животот да го почуствува. Нема правило кога ќе ја доживееш љубовта, не онака како што сакаш туку баш како што уште од мал си слушал од своите најблиски. Минуваа години и години, се редеа авантури и разочарувања, убави моменти и падови, но никогаш го немаше вистинскиот сјај. Дојде и тој момент. Дваесет години, можеби и вистинското време за мене да се отпочне со таква врска. И не е пресуден фактор тоа колку ќе внесеш и колку партнерот ќе ти возврати, едноставно има луѓе кои е пишано да бидат со тебе до крајот на животот. Запознавајќи те се поубаво, сваќав дека зад тоа прекрасно лице , се крие уште поубава и помила душа. Кој не би посакал убавица крај себе, со карактер близок до својот??? :icon_mrgr
Има и разлики но сето тоа, со поминатото време не се ни приметува. Научивме многу работи, учивме како дише партнерот, научивме да сакаме како никогаш досега. Тоа што ми подаруваш секој ден е нешто сосема друго. Љубовта, вниманието, расположението, ми дојдоа како џокер во покер во овој период од мојот живот. Знаеш и сама дека ми е доволно да те видам, или пак да направам нешто што ќе те развесели за да ми стане денот најубав, макар и претходно да сум бил на работ на депресија
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
Животот е долг, се надевам дека со исто темпо ќе продолжи и нашата врска. Се надевам дека еден ден ќе го доживееме она за кое што мечтаат сите. Врската успева само кога и двајцата се внесуваат максимално. Монотноста ја диктираат двајцата партнери, а со тоа зависи и колкаво ќе ти биде уживањето во заеднички поминатите моменти.
Фала за тоа што досега си го направила за мене, фала ти за сите моменти поминаи заедно, и конечно нека ни е честито една година, па како што викаат другите, НЕКА НИ СЕ МНОЖАТ!
Те сакам највеќе на целиооооооооооооот свет :wub::back: