Искрено...
Зошто уста не затвораш и цело време збориш? Ги мрзам тие периоди. Или те мрзи да збориш, или си неподнослива хиперактивна креатура што прави да се нервирам!
Не ме интересира што се случило вчера и како сте играле фудбал, ниту пак твоите дискусии за спортот, ниту пак твоите сфаќања и гледни точки кон светското првенство, ни твоите инспирации за да пишуваш книга, уште помалку настани што се случиле пред 10 години и се ирелевантни во муабетот, траумите од детството, филозофиите, деталните описи на твоите неверојатни трипови, монолозите од по пола саат, деталните мсн извештаи за тоа како ти бил денот/вечерта и кога си се вратил и кој што ти рекол и ти што си му вратил, и што си праел по дома, колку пати си бил во wc, феил моментите од твоето раѓање до сега, иритирачките пораки за добра ноќ, сите неповрзани глупости што можеш да ги наредиш една по друга во дел од секунда, и се, ама баш буквално се што ќе го кажеш, а знаеш дека не ме интересира...
Ама те ислушувам. Затоа што знам дека тоа ти значи, а и затоа што знам дека мозокот на полот на кој му припаѓаш функционира така. Или пак, затоа што ми значиш и го ценам секој момент поминат со тебе. Можеби, затоа што знам дека нема да трае долго... Дотогаш, пробувам да бидам патетична заљубена тинејџерка, и да покажам малку човечки чувства за да не се разликувам од останатите. И ми успева.