Во врска со љубовта: Сакам да ти кажам дека...

Член од
17 мај 2014
Мислења
124
Поени од реакции
214
Одеше со глава во ѕид, не сакаше да и погледнеш на вистината во очи. Но денеска ти се ипушти. Призна. Нашево не функционира- рече. Ме заболе иако го знам тоа одамна...
Но сепак нејќеш да се откажеш.
Што е попаметно? Да се помириме со ситуацијата или да жртвувавме уште нерви и да се бориме?
Само Господ знае.
 

InStealth

Лабаво лавабо
Член од
10 февруари 2015
Мислења
221
Поени од реакции
560
Ми треба некој што ќе живее со мене во кутија,некој кој не е никој,некој со посебен стил,кокетно мангупче со свилени марами,некој кој сака деца,се буди попладне и пали фиш ,некој кој никогаш ни на мравка не би стапнал,некој кој јаде слатко од рози,рахат локум,кој пред утро ме растура и составува како сат,некој кој оди како мачка и отвара зелени зеници во полноќ ,некој кој мириса на зелен бор,кој не зборува ништо исто како да не постои, уствари не ми треба никој.Ми треба некој кој и се смее на смрта во лице,некој кој плаче во сред автобус,на сред концерт, на пола разговор додека сече кромид,ми треба некој кој не сум го сретнала,шмекнала,земала па обезглавила,повредила..Ми треба некој кој лае на месец, што голта асид,предава етика,пегла веш,размислува за сотона,пронаоѓа вакцина за СИДА,досада и некој што излечил неуроза со медитација,некој од пештера ,од лоша фамилија,просјак што се смее,принц што краде воздух,вади оргазам од петици,треби вошки од коса,книги од библиотека ,снима филм за бескрајните облаци ,некој кој нема кичма но има аура , некоја перверзна принцеза на зрно грашок,некој кој чисти кондури,сече нокти,средува садови ,уличен дилер со многу прашок, уствари никој аама баш никој не ми треба толку многу како ти :pipi:
 
Последно уредено:
Џ

ЏинЏер

Гостин
Ми ствараш бумбари во стомак. И стоногалки.
Те сонував. Како муваш некоја плавуша. Параноична до бескрај.
Си се смеам самата себеси. Се понашам ко осмоодделенка со првиот симпатија.
Па што? Забавно е и вака.
А реков уште пред некое време дека ќе те ќарам. На шала.
Секад исполнувам тоа што сум замислила. Иако на шала.
Го сакам начинот на кој трепкаш.
И кога ми викаш дека сум луда. Ненормална. Царица.
Не си далеку од вистината.
А ѓубре си. И мајмун. И идиот.
И грдо пееш.
Што те вртам.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.925
Поени од реакции
41.898
Скришно секоја вечер дремев покрај твојата куќа.Чував твои слики и тоа со резолуција 200х200 и цел ден како теле зјапав во нив.:pos:
Анонимно ти праќав честитки за роденден и нова година со последните пари што ги имав и тоа преку пошта. :vozbud:

Љубовта може да те натера секакви глупости да направиш што останатите не можат да ги разберат. :D
 

Gea

месечинка
Член од
11 октомври 2011
Мислења
217
Поени од реакции
720
За тебе, кој ме научи да љубам ко што го љубам. Вака, среќно.
За кого ги отфрлив сите болки, страдања, очекувања и предвидени солзи, со тебе заборавив што е тоа тага.
Со кого знам само за насмевки, оние од кои дури јаболчниците болат.
За тебе, кого научив да го заведувам секој ден од почеток како првпат, и кој ми е сосема доволен.
За тебе, во чија прегратка ми се губи здивот, а се пронаоѓа спокојот. За тебе, кој ме правиш среќна.
За тебе, во чии очи срамежливо и дрско би се губела со часови. За тебе, кој ми припаѓаш и на кому му припаѓам.
За тебе, за тебе сум јас.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom