Во врска со љубовта: Сакам да ти кажам дека...

C

Castiel

Гостин
Бакнежот е убав трик создаден од природата за да запре зборувањето каде што зборовите се излишни. Љубовта нема ништо врска со тоа што очекуваш да добиеш, но има се во врска со она што очекуваш да дадеш. Таа е како оган или ќе ти го стопли срцето или пак ќе те изгори скроз. Никогаш не можеш точно да процениш. Никој никогаш не измерил , дури ни поетот , колку срцето може да издржи. Љубовта е игра во кој можете и двајцата да победите. Жените не се за да бидат разбрани, туку да бидат сакани. Сите што се изгореле од љубов треба да добијат 2ра шанса за да сакаат и бидат сакани, но со друга особа не таа од која што се изгореле. Не се битни зборовите што ќе шепнеш на уво, него оние кои ќе влезат во срцето. Не е битен бакнежот на усни, него оној на душата. Љубовта не се состои од гледање еден во друг, туку од заедничкиот поглед кон иднината во иста насока. Таа е триуф на имагинацијата врз интелегенцијата. Прави душата да ти излезе од местот каде што се крие.Темнината неможе да ја избрка темнината, него светлината го може тоа. Омразата неможе да ја избутка омразата од срцето, туку љубовта може. Љубовта е состојба во која среќата на другиот тие е поважна од твојата.


Ти можеби нема да си првиот, ниту последниот ниту пак единствениот. Таа сакала пред да може да сака пак. Но ако те сака во моментот што друго е важно? Не е перфектна, но ниту ти не си совршен, и вие двајца заедно можеби никогаш нема да бидете совршени, но ако прави да се смееш, прави да размислиш два пати, и признава дека е само човек и прави грешки чувај ја и дај и најмногу што можеш.Таа можеби нема да мисли цело време на тебе но ќе ти даде дел од нејзе што можеш да го скршиш, нејзиното срце. Затоа не ја повредувај, не се обидувај да ја промениш, не ја анализирај и не очекувај да даде повеќе од што може. Смеј се кога те прави среќен, кажи и кога те нервира, и нека ти недостасува кога не е тука. Не е тешко да и покажеш барем еднаш во денот дека ти значи. За тебе можеби е малку ама за нејзе е се. И она некогаш била повредена како тебе. Никогаш не го заборавај тоа. Прашај ја кога нешто ја мачи или па само гушни ја. Ислушај ја кога има проблем. Не ја нервирај од инат и кога и е тешко. Биди само таму за нејзе. Ако треба некогаш дај и и простор. Не се расправај за тоа пушти ја малку да дише. Верувај и кога знаеш дека те сака. Биди и потпора во животот. Биди и не само љубовник туку и најдобар пријател. Едноставно сакај ја. Можеби таа е вистинската, а и да не е барем во моментот е правата. Направи го сево ова и ќе имаш личност што е секогаш тука за тебе. Верувај таа ќе знае да цени. И таа со најтврдо срце ќе омекне. Однесувај се природно покрај нејзе и не се замарај за тоа другите што ќе кажат на крајот најбитни сте вие двајца и тоа што вие го мислите. Отвори и го срцето иако може да ти биде скршено ама не заборавј дека и таа го прави истото. Радувај се и уживај во убавите моменти и не им давај значење на лошите. Толку е малку потребно за среќа...само треба да знаеш да ја препознаеш..
 

blue ladybug

Фанг ловер
Член од
5 февруари 2013
Мислења
5.210
Поени од реакции
11.803
После тебе, се плашам пак да љубам. Не сакам повторно да си ги собирам крвавите стакленца од под и да ги составувам ко слагалица, за на крај да си го добијам срцето назад. Џубре си, слатко, мило џубренце!
 

Клошар.

Еднаш бев 4NHK0.
Член од
6 јуни 2014
Мислења
965
Поени од реакции
850
Не ме бидува за пишување поезија, проза или некои коментари како погоре, само да ти кажам дека си будала што ме сакаш, а и јас исто така, те сакам најмногу!
 
Член од
16 јуни 2014
Мислења
314
Поени од реакции
797
Ко тинејџер станав бе еј !!!
Крај... 4 букви кои, 1 збор што го повторувам во себе секојдневно... а боли...
Знам дека нема да те преболам, ниту заборавам... Ама морам да научам да терам даље без тебе...
И да, прекини да ми доаѓаш у сонови навечер, доволно е што преку ден си ми у мисли, во бестрага...
 
Џ

ЏинЏер

Гостин
Долго време немам осетено потреба да ти кажам нешто. Иронично нели? Толку блиску, а толку далеку сме биле последниве месеци...
А сега, кога имам потреба да зборувам, да викам на цел глас, јас немам зборови. Нема тага. Ни лутина. Ни разочарување. Само празнина.
А знам дека е вака најдобро. И не чувствувам каење. Па сепак, навиката нема лесно да помине. Години се во прашање. Години на љубов и среќа. И на крај месеци измачување за двајцата. И двајцата знаевме дека е крај, а бевме кукавици да го изустиме тоа. Гледавме дека веќе не постоиме НИЕ, а сепак последните сили ги вложувавме да ги оживееме некогашните чувства. Ама огнот кој веќе згаснал не може да се разгори. Останува само пепел.
Нема да речам дека не успеавме. Пошто успеавме. Во овие четири години успеавме и двајцата да го извлечеме најдоброто еден од друг, успеавме да научиме еден на друг да си ги сакаме и мааните, успеавме да бидеме секогаш тука еден за друг, да си пружиме поддршка, надеж и утеха. И иако судбината за нас имала зацртано различни патишта, ти за мене никогаш нема да бидеш странец. Нема да ги избришам убавите спомени и да се правам како да не си постоел во мојот живот. Нема, пошто ти не го заслужуваш тоа, ние не го заслужуваме тоа. Сакам секогаш кога ќе се сетам на тебе, да се сетам со насмевка. Без тага и огорченост. Сакам да сум среќна. Сакам да си среќен. Ти посакувам се најдобро. Нека ова биде моето збогум.
 

Gea

месечинка
Член од
11 октомври 2011
Мислења
217
Поени од реакции
720
Не си ти тој што го сакам. Не те посакувам. Не ги сакам тие усни низ кои лаги поминуваат.
Не го сакам твоето тело, не ја сакам неговата тежина. Ниту пак таа на твојата душа. Или пак срце. Не ми го давај. Земи си се‘ и исчезни. Молкум, невидливо, да те снема!!

Не ги сакам твоите раце по телото. Можеби ги сакам неговите, можеби и неговите, и да, неговите, ама никако твоите.

Отстапи им место на другите, собери си ги и лагите.
 
Член од
16 јуни 2014
Мислења
314
Поени од реакции
797
Вчера Бадник... Денес Божиќ.. За 3 дена ти е роденден...
И вчера, и денес, и за 3 дена, и цел живот далеку од тебе...јас тука без тебе, ти таму далеку со неа...
Знаеш, уште од мала кога ќе дојдеа новогодишните празници, секогаш сум имала надеж за се повеќе отколку обично... како да се магични денови, ете, нека ме сметаат сите за луда или за наивна, како дете... Ама сега веќе го немам тоа чувство, се радувам на празниците но празнинава во мене ме убива...
Се чувствувам како жив мртовец...
Се околу мене е живо, дише, чувствува... а се во мене умира...
 
Член од
27 септември 2007
Мислења
1.028
Поени од реакции
440
Ти си тој. Ти си.
Само си се чудам како правам бесмислени и очајни обиди да те оддалечам од себе кога знам дека твојата душа нема никогаш да го напушти моето тело, зашто едно станавме, вистина, тоа бевме уште пред да земеме здив.
 

Cymbaline

Wallflower
Член од
14 август 2014
Мислења
323
Поени од реакции
1.281
Јас јадам едно црно чоколадо, тутку од тие големите, икрам од чоколадо и пола ишлери во саат време, па после пијам чај за слабеење, а ти сакаш да ме разбереш. :toe:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom