Ти...
Ти си..
Џабе ќе се мачам, го немам правиот збор да те опишам, а не ни верувам дека постои во речникот.
Иако можеби се однесувам неблагодарно, знај дека не е така.Напротив, го ценам тоа што го правиш за мене, и повеќе отколку што си мислиш.
Вчера беше убав ден, конечно те видов и конечно срцето ми заигра пак.Зависна сум од тоа заигрување на срцето, од тебе.
Приметуваш дека имам чести моменти на нервоза, но те молам разбери зошто е тоа така, едноставно никогаш не сум била во ваква ситуација, па ми оди на нерви тоа што сум неспособна за ништо.А ти знаеш дека јас во секоја минута, саат, имам што да правам, па и читање на списание да е.
Ајде, ќе помине и ова, се надевам до утре.А кога ќе помине,одиме на пица, пилешки прсти, помфрит, лапачинки и остало:back: