Во врска со љубовта: Сакам да ти кажам дека...

Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.131
Поени од реакции
15.966
Знаеш, ме полудуваат серииве, филмовиве што ги гледам. Сите се со романтичарски ситни души кои кажуваат големи зборови, од типот - Не можам да живеам без тебе, па иде некоја срцепателна музика, и си викам - Што е проблемот со нас, зошто ние не се однесуваме вака? И после се прашувам дали некогаш сме се однесувале вака и одговорот е - Never.

Ме нервира фактот што сите солат памет како треба да се однесуваш во една врска, дека треба бисери да ти излагаат од уста, да се смееш ко зелен секогаш кога ќе го видиш другиот, дека си комплетно среќен ако сакаш некого. Љубовта е само дел од животот, сите коцки треба истовремено да ти се поклопат за да го кажеш тоа. Кој да ме разбере ...

Сите парови не се исти. Луѓето во врска не се исти.
Секогаш со тебе сум се однесувала пред се, како со пријател, најдобар пријател, зошто тоа си.
Нема да ти се лигавам и симнувам ѕвезди, да ќутам кога сум лута за да не се раскараме и не дај Боже да се сруши идилата.
Ништо не значат зборовите, делата се бројат.
Сега ме фаќа паника и се нервирам, зошто не можам да видам на 200 км дела од тебе, туку само да слушнам зборови.
Но, ние не сме тоа. Ние не сме расплинувачи на чувства.
Поготово не ти.
Но, никој друг нема да ми готви и прави литри чај два дена кога ќе сум болна, пред колоквиум!
Никој нема да ми отстапува поголем дел од креветот, зошто спијам ко за двајца. :pipi:
Не ми се верува дека и некој насред спиење би ме покривал.
Да ми се јавува во 7 сабајле по моја титка.
Да ме носи на раце оти не можам да доодам во штикли.
Да ми го остава последното компирче од помфритот.
Да го гледа со мене Lady and the tramp, оти ја обожавам Лејди со ушињата. :D
Итн ...

Ова го пишувам овде за да можам да си го препрочитам некогаш кога ќе ме фатат будалите. Извини ако станувам некогаш неподнослива, но тоа е затоа што ми недостига гушка од тебе.
Ми недостигаш, многу. :(
И те сакам каков што си, некогаш многу несмасен, некогаш неразбирлив, некогаш отсутен, но секогаш комплетно мој. :sneaky:
 
Silvio

Strength And Honor
Член од
21 јануари 2009
Мислења
311
Поени од реакции
167

Баш фино. Искрено, невино и неверојатно едноставно звучи ова. Тоа ја дава најголемата убавина на една врска...
Тажното е што некогаш баш овие зборови што си ги кажала можат да те уништат.. само поради тоа што се било просто и едноставно во еден момент а веќе во следниот станува лавиринт од лоши спомени...
Се надевам и ти посакувам текстов после долго време кога ке го прочиташ да ти значи истото што и сега :)
 
Toneh

is a turtle
Член од
21 август 2005
Мислења
5.510
Поени од реакции
907
Колку и да е комплицирано и fucked up се`, да знаеш...

И не, никогаш не било досадно, ниту пак е. Every second with you is like a little piece of heaven for me.
 
Џ

ЏинЏер

Гостин
Еднаш ме прашаа зошто го сакам.
Одговорив: „Затоа што не можам без него. Затоа што секогаш е тука за мене“.
„Тоа не е љубов“, ми рекоа.
„Па што е тогаш љубовта?“ се зачудив.
„Ќе дознаеш кога ќе дојде време.“
...
Помина време. Пораснав. Сфатив.
Љубовта не е „не можам без него“, љубовта е „можам и без него, ама сакам да сум со него“.
Љубовта не е само „секогаш е тука за мене“, туку „секогаш сме тука еден за друг“.
Љубов не е само да земаш, туку и да даваш. Понекогаш и без да очекуваш нешто за возврат.
Љубов не се само убавите моменти, прошетките, бакнежите на дождот, ноќите поминати гушнати пред телевизор, романтичните вечери со свеќи и вино, подароците за денот на вљубените, за роденден и годишнина, маратонските телефонски разговори кога сте далеку еден од друг.
Љубов е и одењето до аптека среде ноќ да му купиш лек против забоболка. Љубов се и часовите поминати бесцелно обидувајќи се да и помогнеш на сестра му да научи математика за тестот во понеделник. Љубов е и шолјата топло кафе која ќе му ја приготвиш наутро пред да отиде на работа. Љубов е и неговиот поглед додека го пие кафето, знаејќи дека само затоа си станала во шест сабајле иако не си морала. Љубов е и тоа што знае колку мразиш рано да стануваш, па затоа на враќање од работа ќе ти донесе цвеќе.
Љубовта е и жртва, компромис. И по некој лош збор. И по некоја солза.
Љубовта е и простување. И утеха. И поддршка.
Љубов е и топлата помирувачка прегратка после секоја голема расправија. И ветувањето дека никогаш повеќе нема да се повтори, иако и двајцата знаете дека тоа не е точно. И се повторува. И пак расправија. Но и тоа е љубов. Љубов е кога и двајцата знаете дека не сте во право, ама од инает продолжувате да стоите на своето. Љубов е и кога конечно инатот ќе го замени желбата за топла помирувачка прегратка. И ветување дека нема повеќе да се повтори...
...
Денес пак ме прашаа зошто го сакам.
Не одговорив. Само се насмевнав.
Мојата насмевка очигледно кажа многу повеќе од сите зборови.
„Е тоа е љубов.“, ми рекоа.
„Не знам што е“, одговорив „Знам само дека би сакала никогаш да не престане“.
 
Член од
28 јуни 2013
Мислења
316
Поени од реакции
1.940
Утре е година после тебе. Година во константа потрага по не знам ни јас што, за да излечам не знам ни јас што. И демек излеков.
А се изгледа малку поинаку кога си искрена со себеси во два саатот навечер..
Немам јас заборавено. Уште помалку се немам излечено.
Ми недостигаш во животов, како што и недостига дедо ми на баба ми.
Нема никогаш да оздравам од тебе, пичка ти материна.
 
Член од
6 јули 2013
Мислења
86
Поени од реакции
204
Голема е веројатноста да сум најголемата спанка која што ја имаш запознаено.
Го сакам сонот.
Тој за мене е нешто посебно.
Ме оделува од реалноста, се впуштам во еден мој свет.
И често ми доаѓа да заспијам, додека се возам, на сред фотосесија...
Но никогаш немам заспиено.
Заспивам само тогаш кога се чувствувам сигурно, заштитено. Ја прегнувам перницата, го мирисам пријатниот мирис, полека тонам во постелата.
Покрај мене сеуште нема легнато никој да заспие. Освен мајка ми и брат ми.
Оној ден, кога ќе легнам до тебе, ќе те гушнам, срцето ќе ми се смири, а јас полека ќе почнам да му се препуштам на сонот ќе знаеш дека те сакам и ти верувам бескрајно.
До тогаш, без разлика колку силно ме гушкаш, нема да се чувстувам сигурно во твоите прегратки.

Време ми треба.:cautious:
 
Член од
24 февруари 2012
Мислења
1.012
Поени од реакции
2.154
Eпа извини пријателе но мораше така да биде.
Влегуваш во врска со мене,а самиот правиш да немам доверба...Кога ке ти пишам смс сакам да ми вратиш а не да те чекам со часови да направиш да полудам.Јасно?Да беше прв пат ама не е...Изговори повеке не можам и не сакам да слушам.Не знам што е лага а што е вистина...Не знам во што да верувам и дали да верувам.Погрешив што влегов во врска со тебе...Уживај во слободата,извини што ти пречев...

Пријатно.
 
Член од
31 јули 2011
Мислења
936
Поени од реакции
741
Долго време од тогаш мина
цели две лета и една ладна зима,
а ти како зараза права
и ден денес ми се моташ низ глава.

А не треба да е така,ми говорат многу често,
свесен сум и самиот,муабет е тоа на место,
лоши работи ти доста ми стори,
таквите Луцифер во пеколот ги гори.

Да ти правам лошо,неам таква душа,
мада би те здробил ко скапана круша,
но кога и да те видам,ќе те галам јас по коси
и секогаш ќе ти велам "здраво,како си?" :)
 
Член од
9 јули 2013
Мислења
53
Поени од реакции
93
Сеуште си тука. Многу време помина од кога си замина но тука си на начин кој боли и кој распарчува.
Ми недостасуваш љубов моја., а одамна не си мој и тоа ме уништува дополнително.
Денот кога ќе те видам со некоја друга ќе умре единствениот дел од мене што сега живурка некако..
Ах зошто толку многу болиш...
 
Член од
13 февруари 2007
Мислења
5.106
Поени од реакции
5.841
Беше тоа една студена мартовска вечер. Одев пешки накај парк носејќи шише вино. Кога стигнав и те видов, останав маѓепсан. Да, се имавме сретнато два пати претходно, ама косата секогаш ти беше фатена. Кога ти ја видов пуштена косата, посакав моите прсти да поминуваат низ неа until end of time (извини, глупо ми звучи на македонски :P ). Тоа беше најубавата коса што ја имав видено во животот. И сеуште е. ;)

Си седевме така на клупата, си пиевме винце и си правевме муабет. Почна да станува ептен ладно. Единствената добра работа кај тоа ладно беше тоа што ми даде повод да направам нешто што сакав да го направам... да те гушнам. Ми дојде убаво кога го направив тоа, но не беше доволно за да ни стане потопло. Ти даде предлог на кое место да отидеме, што јас го прифатив.

Отидовме таму прилично рано, мислам дека влеговме заедно со вратарите. :D Ама што да се прави, надвор беше многу ладно и немаше каде да се оди. Внатре беше празно. Си стоевме така, си пиевме пивце и правевме муабет. После некое време те прашав дали би дошла со мене на пуст остров. Ти ми одговори позитивно, по што тргнав да те бакнам... Не се сеќавам која песна свиреше тогаш, ама моментот ќе го памтам. :love:

We're lost in a kiss, a moment in time...

Тој момент беше пред точно 4 месеци. :) После тоа, до сега имавме уште многу прекрасни моменти заедно и се надевам ќе имаме уште многу многу повеќе. :love:

П.С. Понудата за одење на пуст остров сеуште важи. :свиркам:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom