Во врска со љубовта: Сакам да ти кажам дека...

Џ

ЏинЏер

Гостин
Сакам да ти кажам...
И после се, уште си тука. И после сето ова време, се уште постои дел од мојата душа наменет само за тебе, дел кој никогаш не сакав и не можев да го отстапам на било кој друг.

А ги имаше, ги имаше уште многу после тебе. Ги имаше секакви. Ги имаше само за забава, ги имаше за утеха, ги имаше и за нешто посериозно. Некои се задржаа во мојот живот само ден-два, некои останаа подолго. Некои дури и ми значеа. А имаше и некои што личеа на тебе. Само што ниту еден не беше ти. А јас те барав во секој од нив. Се надевав дека ќе го препознаам твојот лик во некој преполните барови, го замислував твоето присуство во долгите ноќи исполнети со алкохол и гревови, упорно го барав она што остана од тебе на дното на чашата коњак, се губев во лавиринтот на сопствената осаменост. Те барав...

Но среќата ја пронајдов дури кога престанав да те барам. Дури кога си признав самата себеси дека се е залудно, дека веќе те нема, можев да продолжам да живеам. Не беше лесно, но знаев дека морам да се соочам со фактот дека ме остави, знаев дека морам да излезам од бездната во која ме турна. И можам да речам дека успеав. По многу време, пак сум среќна. Пронајдов мир, пронајдов надеж, пронајдов љубов. Најдов човек кој можам неизмерно да го сакам без во секој момент поминат со него да ги барам моментите поминати со тебе. Го сакам на начин на кој порано не умеев да сакам. Го сакам безусловно, нежно и смирено. Со него повторно почнав да чувствувам. Да, среќна сум. Па сепак, осетив потреба да ти го кажам ова.

Се сеќавам на моментите непосредно по твоето заминување. Се сеќавам на миксот од чувства кои ме преплавуваа во тие моменти. Најпрвин беше болка. Потоа беше бес. Потоа дојде тагата. И на крајот сите тие и отстапија место на една огромна празнина. Е тоа беше најлошото. Знаеш ли како е кога не чувствуваш ништо, а имаш неизмерна потреба да чувствуваш? Потреба да чувствуваш било што, па макар и болка... А во тебе да имаш едно огромно ништо, да се будиш наутро со желба што побрзо пак да дојде ноќта за да продолжиш да спиеш, бидејќи само сонот успева да ти донесе барем делумно спокојство... На многу малку нешта се сеќавам од тој период. Беше едноставно како да не живеев. Постоев само затоа што морав. Постоев само телесно, додека мојот дух беше некаде далеку, заспан.

Со време, работите почнаа да се враќаат во нормала. Празнината што ја остави никогаш не исчезна потполно, но постепено почна да се намалува, отстапувајќи им место на некои проѕирни чувства. Како што реков, продолжив да живеам. Ја вратив контролата врз мојот живот, врз мојата душа. Ја исполнив со љубов, среќа, надеж и убави мисли. Секако, освен тој еден мал дел. Дел кој можев да го избришам, но не го направив тоа. Можеби се плашев да го подарам тој дел од мене на било кој друг. А можеби едноставно, сакав да го задржам. Да го задржам за себе, за тебе, за нас. Себично да го чувам до крајот на мојот живот, како сведоштво дека некогаш постоеше во него. Дека те сакав. Дека ме сакаше. И дека судбината прерано не раздели.

Да, сега пак сум среќна. Но, твоето отсуство се уште знае да заболи во некоја дождлива летна ноќ. Можеби успеав да те преболам, но никогаш и да те заборавам. И драго ми е што е така. Драго ми е што твојот дел во моето срце веќе не е празнина, туку ковчеже со спомени. Споменар кој сведочи за една дамнешно минато, за едни чувства кои ретко се раѓаат. Кога би се појавил сега од некаде, знам што би ме прашал: „Го сакаш ли?“. „Да“, би ти одговорила. „Повеќе отколку што некогаш ме сакаше мене?“

На тоа не би можела да одговорам. Не од што не би сакала, туку од што не би знаела што да кажам. Никогаш не сум пробала да го споредам со тебе. А и да сум пробала, не би успеала во тоа. Со него е љубов. И со тебе беше. Но едното со другото се неспоредливи. Со него ја искусувам онаа вистинска, нежна љубов, исполнета со взаемно разбирање, почитување и планови за заедничка иднина. И со тебе беше вистинско. Но беше од денес за утре. Беше љубов која сама по себе претставува болка. Дива, нескротлива, страсна, огнена. Понекогаш и себична. Љубов за каква што луѓето читаат во книгите. Љубов која секој ја посакува,а ретко кој ја сретнал во животот. Љубов која можат да ја разберат само оние кои ја искусиле... А малкумина се такви.

Токму затоа, малкумина се оние кои ќе ја сфатат мојата потреба да ти ги кажам овие зборови после толку години, кога се е веќе одамна минато. И само тие малкумина ќе сфатат зошто и после сето тоа време, трагите од таа некогашна љубов се уште не избледеле од мојот живот. Неколкумина се оние кои ќе успеаат да го прочитаат ова до крај. Некои ќе ме сфатат. Повеќето нема. „Убаво напишано“, ќе си речат и ќе продолжат да си ги вршат секојдневните обврски. Еден или двајца можеби и ќе пуштат по некоја солза. А нема зошто. Јас не плачам додека го пишувам ова. По многу време, не плачам кога ќе се сетам. Напротив, чувствувам мир и спокој каков одамна не сум чувствувала. Спокој кој ми го донесоа токму овие напишани зборови, зборови кои ти никогаш нема да ги прочиташ, зборови кои никогаш нема да ти ги кажам тебе, но сепак морав некако да ги исфрлам од мене. Се надевам дека и ти си спокоен, кај и да си. И знај, јас уште одамна се ти простив.
 
Член од
24 февруари 2012
Мислења
1.012
Поени од реакции
2.154
Ги сакам утрата кога ме будиш...Едноставно ми ја исполнуваат душата...И Понеделникот што измина...Денот ми го направи совршен,магичен...да не посакам да си отидам...Ме засолни во твоите прегратки...ме опсипа со бакнежи и насмевки...Направи да се чувствувам сакано...За момент помислив дека сето ова е само сон...Но..ти ми покажа дека не е...Дека е јаве...ти си вистинит...Овде покрај мене.Во мене...Во срцето...Друго и да посакав подобро неможев да добијам.
Ме прашуваат...Дали се надевав на тебе?Дека сето тоа што е помегу нас ке се случи?Искрено...ни за момент не се надевав...Но сега и тоа не е важно нели?Се прашувам...со што те заслужив?Дали и воопшто те заслужувам?
Пробуди во мене силни чувства.Чувства кои...Кои ми даваат сила,мотивација,храброст...да се борам,да продолжам понатаму...
Знам дека умеам да бидам брза во одлуките но ти си толку разбирлив и трпелив со мене...
Се лутам често...некогаш со причина,некогаш без причина но то веднаш наогаш начин како да ме смириш.Знаеш како со мене,знаеш и умееш...Тоа не го може секого...Го можат само посебни луге како тебе...Ти си посебен...Знам дека знаеш.Знам дека знаеш и дека те сакам дури и кога одлепувам...Иако не ти кажувам и покажувам како ти мене...

Ете си кажав...Од срце...Те сакам... :)
 
M

MrzaRules

Гостин
Ти си виновна што се чувствувам прекрасно, ти си виновна што сум премногу среќен, ти си виновна бидејќи внесуваш нова димензија во мојот живот, ти си виновна бидејќи повторно сум полн со љубов. И за крај, ти си виновна затоа што те сакам! :rolleyes: :love:
 
Член од
4 мај 2007
Мислења
598
Поени од реакции
208
Фала за убавите моменти, крши глава за лошите. Можеше да испадне многу поразлично ама веќе немам сили да поправам глупи работи што тебе премногу те нервираат, а ти сама си ги создаваш. Доста беше правење мајмун. Продужувам понатака и се надевам дека само убавите спомени ќе ми останат од тебе.
 
Член од
17 април 2013
Мислења
234
Поени од реакции
151
Во врска со љубовта сакам да кажам дека одамна те немам осетено. Уште малце и ќе заборавам како изгледаш.
 

Anne.

~
Член од
4 декември 2009
Мислења
4.629
Поени од реакции
10.284
Секоја наша средба завршува со истото... ме потсетуваш зашто не се гледаме почесто, зашто ги одлагам среќавањата со тебе. Не можам а да не согледам дека и после толку години сеуште е присутно влијанието што го имаш врз мене... погубното влијание што ме претвора во личност која не сакам да бидам, исполнета со негативна енергија, со мисли кои заминуваат на мрачни места.
Сите работи што ги правиш несвесно, сите зборови што навидум се невини и безболни, а зад кои се крие толку многу болка, горчина, префрлање и осудување, оставаат трага. Знам дека сум една од ретките луѓе што ги почитуваш и дека ме сакаш со целото свое срце, ама драга отровна си за мене…
Одамна сум уморна од сплетките и загатките што постојано ги сервираш уз цигара... уморна од приказните и поуките што треба да ги извлечам од нив... уморна од грешки што не се мои, а за кои треба да се чувствувам виновна... уморна сум од возвишување, па спуштање на земјата со триста километри на час... Не, не ти го дозволувам тоа повеќе !

Како погодена иде сега песнава во позадина и сфаќам дека на погрешна личност е ставена за рингтон. Епа изволте!

Oh my beautiful liar
Oh my precious whore
My disease my infection
I am so impure

Give in

Devils speak of the ways in which she'll manifest
Angels bleed from the tainted touch of my caress
Need to contaminate to alleviate this loneliness
I now know the depths I reach are limitless…

Се гледаме... се надевам не во скоро време. Te сакам и навистина се грижам за тебе, ама во случајов треба повеќе на себе да мислам.
 
Член од
26 јануари 2007
Мислења
2.202
Поени од реакции
1.943
Во последно време, само на тебе се должи моето искрено смеење. Не знаеш колку сум ти благодарна за тоа. Всушност, му благодарам на животот што направи нашите патишта да се сретнат, макар и за кратко време, затоа што најверојатно наскоро пак ќе бидат оддалечени. Но, во секој случај...срце си! :pipi:
 
Член од
9 јули 2013
Мислења
53
Поени од реакции
93
ќе те видам ли некогаш повторно во одразот на езерото во твојот град или ќе се сретнеме ли некогаш на некоја од бесконечните раскрсници во моево Скопје.?
ми недостасуваш љубов моја, толку многу што ме боли целото тело, а рани имам на цела психа. Тешко е да се соочам со тоа дека не ни било судено...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom