Сега од кога си замина (сепак си уште тука ама на некој начин веќе те нема), сватив дека ми значеше многу повеќе. Да, беше вистинско и премногу кратко, беше прекрасно ама невозможно. Не поради мене, за мене невозможното не постои можеш само да не сакаш, а не да не можеш... Јас пак ќе си се глупирам ко некоја будала од сабајле, секогаш и еве вечерва пак дежурен, се враќам на старото, без тебе... тешко ама сум преживеал и полоши работи.
За некои работи лажев и свесна си за то, едноставно тогаш не ти верував толку за да ти кажам, се плашев од некои работи, а зборам премногу. Мислев дека нема да е толку зезната работата, ќе биде нешто ради реда, ама не. Уште ми фали мирисот на твојата коса со некојси шампон со пиво, ми беше гајле за пивото и за шампонот, туку косата. Парфемот и твојата глава на моето лево рамо, гушнати вкревет. Очите во затемнетава вампирска соба, се осеќаше толку сигурна ама се плашеше, се познаваше дека се плашеше од нешто. Дали од другиот јас или незнам точно од што. Направив грешки, shit is custom и се каам многу за тие грешки ама не се враќа така времето назад.
Рече дека ќе ме смениш, и стварно ти успеваше, бев преокупиран со тебе, не заради што морав туку што сакав така. Почнав дури и нормално да спијам за чудо, претходно пробав многу пати и неможев од кога дојде ми направи толкава забуна што не знаев кој сум и што сум веќе. По цел ден лежевме а сепак се осеќав толку уморно, не ме уморуваше нити заморуваше, само ми го исполнуваше денот на најдобар можен начин. Уште мислам на тебе, иако пак секој ден те гледам, ќе дојдеш барем на 10 минути, несакам да те пуштам, осетив нешто посебно покрај тебе, нешто што одамна го немав, мислев дека исчезнало...
п.с. можам да си го тинтарам овдека цел ден, за кого, за џабе...