Во врска со љубовта: Сакам да ти кажам дека...

Член од
6 октомври 2008
Мислења
1.884
Поени од реакции
2.088
Дали допира нешто до тебе?Рамнодушноста твоја ме убива и тоа го правиш на најболниот начин... :(
 

Красулка

Replay & Undo
Член од
3 јануари 2009
Мислења
1.508
Поени од реакции
1.157
Наидов на нешто на нет, на кое не можев да останам рамнодушна :
"Da..." - rekoh te noći, svima onima za tim stolom koji mi nisu želeli ništa dobro - "...on je moj bivši. Nismo više zajedno ali nije gad...jeste ponekad u ljutnji svašta znao reći ali nije kreten, i ne, nije nikakva greška, jer smo se voleli. On je osoba koja je ulepšala moju prošlost i dala čvrste temelje mojoj budućnosti... Zato ne čekajte uzalud da čujete lošu reč o njemu iz mojih usta...to se desiti neće...jer ove usne moje nekad su ljubile i volele njegove...a ja sebe, za razliku od vas, poštujem..."

Интересното е што имаме различна перцепција за она што беше. Како да живеевме два различни животи, глумевме во два различни филма, со различни жанрови и тоа.
Part two на двата филма, мојот и твојот, но со други луѓе во главните улоги.
Трагикомично со примеси на романтика.
Ми се допаѓа мојот part two, нека трае предолго, премногу, предобро!
Нека трае, уживам во мојата улога во part two!
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.708
Поени од реакции
13.389
Уште дождот недостасуваше. Но и вака ми се допаѓа. Сакам да танцуваме. Па и без песнава. Но да танцуваме. Да заборавиме на времето. На местото. Само ние двајца. Никој друг...

Безвременско.
 

Milla*

100% Milla
Член од
15 јуни 2009
Мислења
254
Поени од реакции
41
Не знам каков ти е планот... но сакам да ми кажеш само ДА или НЕ ;)
 

TheGeneral

Арогантно копиле
Член од
17 јануари 2008
Мислења
1.212
Поени од реакции
583
Утре e нов ден, нова надеж... Задутре е уште еден нов ден, ден за уште една, нова, поголема надеж. Задутре е нов 13ти ден во месецот... А јас ќе бидам на истото место како и пред пола година. Ќе ја чекам таму, на истото место, покрај Вардар... Ако нешто и значев, нека дојде да се соочи со нејзините слабости. Ако барем нешто и значев, нека дојде да ме види барем од далеку... Можда ќе и биде последен пат да ме види ваков, можда ке и биде последен пат да виде некој што ќе ја чека и сака толку. Можда за последен пат ќе види воин. Воин, пример за жртва...


Уште од самиот почеток ништо не се поклопуваше толку колку што се поклопуваа моите чувства со чувствата што ги покажуват Hurts. Ништо не беше поголема утеха од нив. Фала Мони.
Fenix!
 

Terebellum Sagittarii

Несопирлива
Член од
25 јули 2007
Мислења
1.194
Поени од реакции
578
Минат твоите 10 дена. Се надевам брзо ке ми поминат. А ме фаќа и страв дека тоа што ќе го чујам нема да ми се допадне, иако потајно се надевам дека оној одговор што не го посакувам, ќе го сменам.
Да имаш храброст да ми кажеш искрено се, и да не бидеш пичка пак да избегаш. Ако е вистина дека заради моето добро бегаш, грешиш. Ај ем олд инаф, за самата да патам за моите грешки, а не ти да внимаваш на нив пред да се случат.
Докажи ми дека не си пичка. Остави да се случат работите, па после да ги боледуваме, не пред време. Оти глупо е да те преболувам предвреме.
И сакам и нејќам да дојде денот. А ќе дојде, ќе се скоцкам, ќе испаднам, ќе правиш безвеза муабет, низ неколку реченици ќе кажеш нешто за нас....а мене ќе ми зависи животот од нив.
 

PokerFace

I'll never be the same..
Член од
30 март 2009
Мислења
1.212
Поени од реакции
623
Кога би можел само на кратко да ѕирнеш во срцево и душава, би се изгубил од големината на љубовта спрема тебе. Вниманието и љубовта со кои те осипувам се најмалце што можам да направам за тебе. Сигруна сум дека ти си тој! И ако не ми успее со тебе, не сакам со никого!
Убаво си кажа, поинаква сум. Не ми е мене доживљај да се качам на штикла и отидам во некое кафуле да ме видат што повеќе, но затоа ми е доживљај сабајлечки кога ќе ги отворам очите и ќе помислам на тебе, ќе погледнам во телефонот и погледот ќе ми го зароби малото пораче од тебе! Срцето ми се разигрува кога ќе ми се насмееш така топло, кога ќе ме гушнеш како да ни е последен пат. Кога се караш со мене кој кого повеќе сака или кога ги пукаш балончињата со радост како на мало дете.
Ти згрешив многу, признавам и се каам. Мала бев, неискусна. Не можам да го променам минатото, но затоа со тебе сакам да изградам преубава иднина. Научив што е вистинска љубов покрај тебе и нема да дозволам да го изгубам тоа. Мој си сега малечок, само само мој! :)
Те сакам, вистински и искрено!
 

POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
645
Блиски другари ми рекоа дека го сакаат стариот Сашо од пред неколку години. Полека, полека се враќам. Иако нарцисоиден, ред е и јас еден ваков пост да си посветам на себе :)
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.970
Поени од реакции
73.956
Мразам кога на темава се ставаат само песни со текст, али јебига песнава ми се врти во глава од концертот на Фламингосиве :D

...Hocu samo da te ljubim, ljubim
hocu dugo da te ljubim, ljubim
hocu da te poljupcima
budim i uspavam ja ....

:love:

Се чека нова година :D
Знаеш зошто? Ах тоа фустанче :sneaky::icon_mrgr:
 

DeviAngel

Un vero cavaliere non lascia mai la sua signora
Член од
6 април 2010
Мислења
19.640
Поени од реакции
17.517
После толку долго време дојде периодот кога почнав да си посветувам цело време на самиот себе, времето посветено на тебе дојде,помина и замина. Знаеш и претходно посветував време на себе но на моменти знаев да помислам на тебе како тие и што тие?Како ти оди во животот? Дали тој новиот те повредува? Зошто?- Бидејќи бев тешка будала или едноставно навистина пробував да бидам она што ти ветив дека ке бидам секогаш тука но не можам и искрено не сакам затоа што тоа што беше помина. Повторно го најдов оној сјај во животот онаа радост. очите ми блеснаа животот повторнo им го даде онај сјај а она што не сјаеше го изми и одстрани.

Имаше моменти кога знаев да те сонувам сега повторно сонувам но овој пат не тебе, повторно љубам,сакам можеби ке звучам цинично но фала богу не тебе :).

Знаеш сватив дека ако дадам премногу на некој и дадам се од себе само ке завршам како што завршив одамна со тебе. Што е различно овај пат? Па овој пат веќе не се плашам од тоа едноставно се препуштам без размислување бидејќи не може секој да сака тоа е дар од бога кој не го поседува секој и за крај сакам да ти се заблагодарам за тоа што го научив додека бев со тебе и без тебе.

Се најдобро
====

Нешто онака брзински :)
 

TheGeneral

Арогантно копиле
Член од
17 јануари 2008
Мислења
1.212
Поени од реакции
583
Те сретнав во ноќта
кога го мразев светот,
во ноќта кога,
во мирот барав немир,
во плачот смеа.

Те сретнав и те ставив
во рамката на моето срце,
во рамката на љубовта.
И тогаш мислев дека конечно ја
пронајдов звездата по која
треба да продолжам во животот.

Но, една ноќ, ноќ
како и онаа кога
те сретнав, сфатив
дека ти си туѓа звезда,
звезда по која треба да
продолжи некој друг живот...



Среќен роденден мала...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom