Вчера како и обично застанав пред огледало.Меѓутоа овој пат се задржав повеќе, од вообичаеното.. Гледајќи се, од главата па се до петиците...
Очите се уште полни со сјај, кожата мека, конструкцијата се уште иста... Скоро и ништо да не се сменило кај мене, иако тие моменти очајни барав некоја разлика.Која ќе ме направи да изгледа повозрасна, за да не ме мешаат со 17 годишно девојче.Која ќе ме направи посериозна, која конечно ќе покаже дека не сум веќе мала, туку дека пораснав.
Не ја најдов, но најдов нешто друго што искочи дека барем на мене, ми е поважно.
Сјајот во очите, кој одамна не сум го видела да се изразува толку, ме натера да погледнам, подлабоко од она физичкото.Тука успеав.
Ми прелетаа низ глава неколку ситуации во кои различно сум реагирала, а кои реакции, денес исчезнале.Ги барав сега, но не успеав да ги најдам.
Успеав да најдам само една девојка, која и понатаму стои пред огледало иако гледа дека ништо кај неа не се сменило, како притоа станува сведок на преродбата на душата.
Станала поцврста, поцивилизирана, со повеќе контрола врз себе и врз својот живот.Врз своите избори.
И бев горда на себе, за прв пат во мојот живот.Бев горда на тоа што го гледам иако малкумина би можеле да го видат.
Бев благодарна на тебе.Зашто?
Затоа што да не беше ти покрај мене, јас се уште ќе бев малото девојче кое иако е тврдоглаво како магаре, секогаш ќе се откажуваше од тоа што го сакаше, заради разочарување, илузии присутни во нејзината глава.
Благодарам, што направи подобра личност, која не ни помислив дека би можела да искочи од мене.
Благодарам, што заради тебе се почесто се смеам, позитивно гледам на работите, и се борам до крај
Ти ме научи, ти ми помогна да се доизградам и ме охрабри да се покажам каква што навистина сум.Без да ми е гајле дали другите ќе ме прифатат, или ќе стојат од страна и ќе ме пуштат да ги изминам.
Биди и понатаму покрај мене.Ми требаш во секоја смисла на зборот.
Те љубам.