TheGeneral
Арогантно копиле
- Член од
- 17 јануари 2008
- Мислења
- 1.212
- Поени од реакции
- 583
...стоев таму... На истото место како и пред 5 месеци. На истиот тој тажен ден... Стоев и чекав... Гледав во ништото и очекував да се појави нејзината фигура од далекото. Гледав во темнината и ја чекав светлината... Ја чекав таа девојка со тие карактеристични чекори и таа симпатична насмевка. Таа слатка особа со ангелско лице и војнично срце. Чекав и се надевав, иако знаев дека таа нема да дојде... Ја чекав љубовта. Копнеев по нова шанса. Ја барав сламката во големата река, да се фатам. Сакав да се спасам! Со секој нов момент чекање бев посигурен дека ја чекам вистинската особа... Секоја одделна минута се препородував. Секој одделен миг се раѓав како нов јас. Паѓав и се издигнував како феникс. Во толку краток период воскреснав безброј пати. Секој пат од претходниот како посилен. Воин со ново парче сила, со нова капка надеж... Изгубив толку, а немам ништо. Не се откажував!
Беше вчера и беше 13ти. Нов 13ти ден во месецот. Ден за надеж... Но, таа не дојде пак...
Беше вчера и беше 13ти. Нов 13ти ден во месецот. Ден за надеж... Но, таа не дојде пак...