Знам дека јас сум крива, знам дека лесно е вината да ја префрлиш на друг без да се видиш себеси, небото повторно е замрачено од темни облаци иако надвор сонце грее, во воздухот не се чувствуваат пролетните миризби и ти повторно ми ја врати картицата... од секогаш сум ти зборувала дека насмевката го подобрува изгледот за 5 до 10 пати, не е потребна никаква пластична операција за да изгледаш убаво и во туѓи очи потребно е само едно насмевка и отворено срце, не ги разбираш тие зборови, се надевам ќе разбереш што зборувам, моб. го исклучи во ред, исклучи го и така не заслужувам да ми се јавиш, искрено не осеќам некој товар зашто е вака, мислам дека дури и ми олесни, вечерта ја започна со кавги, намуртеност, мрштење и напната негативна атмосфера, во ред јас сум крива знаеме тоа секогаш е и ќе остане така, јас сум крива зашто сакам да си поминам убаво и зашто изигравам професорица делам совети за ширење на позитивна аура. ок да скратиме знам дека сум ти одвратна тоа ми го рече во лице, и дека ме мразиш затоа ти советувам да размислиш добро пред да ми се јавиш, да се смириме, зашто ако ме мразиш подобро да остане вака, не се плаши за секое тенџере има капаче, некој се родил џезве но тоа не си ти, другар ти К***** повеќе одговара за џезве иако во моментов мислиш тропам глупости, ама верувај така е...