Во врска со љубовта: Сакам да ти кажам дека ... [стара]

Статус
Затворена за нови мислења.

bebush

Portable Heater
Член од
4 септември 2007
Мислења
4.468
Поени од реакции
5.166
Ме гушиш,ми здосадуваш,тоа сакаше да знаеш?Епа ете,ти кажав,иако несакам да те повредам,затоа што сепак си добро дете.Незнам,можеби е ради нешто друго,но сепак мислам дека јас и ти не сме за друг.Да,убаво си поминуваме и се' тоа,но,ја знаеш песната Савршени Пар?Ако не ја знаеш,преслушај ја,бар рефренот,ќе ти стане јасно за што ти зборам.
Неможам стварно,осеќам дека очекуваш премногу од мене,сакаш све набрзинка да се деси,но сфати дека тоа не е за мене.Едноставно не сум таква,неможам да се преправам.Жалам што не успеавме али,ќе најдеш подобра,ќе видиш.
Ѓубре ко мене,секој ден на улица наоѓаш.Не ти треба тоа.Ќе си го добијам јас заслуженото верувам,но повеќе посакувам ти,што побрзо да го добиеш.
И немој да ми носиш подарок за Валентин,знам дека не те предупредив,но стварно незнам која би можела да биде мојата реакција,само знам дека нема да е позитивна.Нема да го славам со тебе,ни со никој друг.Ќе седам дома,пред тв или слично.

Мил си ми и драг,али тоа е,life goes on.Фала на потрошеното време,како и да е:back:.
 

StormAngel

Stormology
Член од
22 јануари 2005
Мислења
5.059
Поени од реакции
244
Heidi Klum veke ne e vo moda, a ti seuste ne si moja.
Daj, bidi mojot najsladok podarok za Valentin.
Te sakam, masino za perenje alista.




ah da, i tebe, usisivacu.:)
 
Член од
27 ноември 2008
Мислења
1.433
Поени од реакции
341
никогаш не верував дека љубовта може да биде и страдање...
ама ете... се случи и тоа... и сум broken hearted ... :toe:
moving onnnnnnn.... :vozbud:
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Хааа,ме изненадуваш со смс-и на сабајле!
Навистина не очекував ! :)

ТИ пишав и во смс,но сакам и овде : :love3:
 

Oblivion

Matt Akisson
Член од
12 септември 2007
Мислења
3.526
Поени од реакции
128
Uuuuu

I wanna touch the sky
I wanna fly so high

Uuuuu

I wanna hold you
I wanna love you tonight :back:

Wow, just had the sweetest dream. a dream like none before. :pipi: :back: Денес беше малку тешко без тебе, толку distant, цел ден затворен во една кола. :( Како и да е, одам да средам нешто за тоа што ти купив за утре, батеријата му била слаба. :nesvest: Нема смисла да ти дадам нешто што не работи добро. :) И утре немој да си пијала пред да се видиме, ќе се караме. :pos:

Love ya... :back: Can't wait for tomorrow... :vozbud: :back:
 

*LiL Mermaid*

part of our world...
Член од
3 јули 2007
Мислења
352
Поени од реакции
6
I've got my pride and I know how to hide
All my sorrow and pain
I'll do my crying in the rain :smir:
 

Вампирката

Well, I tried to say there's nothing wrong with me
Член од
20 мај 2006
Мислења
3.819
Поени од реакции
95
Се сеќавам пред 1 година кога јас бев тажна зашто нема да славам ништо и зборев со тебе и ти после школо дојде кај мене со вино и едно мало меченце...СЕ израдував, се изнанадив..Бев среќна.
И после 1 година пак со тебе...
Среќна сум со тебе.
Те сакам.
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Слушај....

Се е во ред, само ако нешто мразам, тоа е пренагласеност во некои постапки.
Внимавај, не сум јас лоша, но можам да бидам.

Се гледаме.
 
R

reactive89

Гостин
Имав многу работи за денес кои ги мислев, а ти не ги знаеш... сакав да ти бидат изненадување... но, нема везе... се надевам ќе има следен пат... :smir:
Со ова нејќам да ти потенцирам на лошо и да направам да се чувствуваш лошо... но само сакам да ти кажам оти ми фалиш толку многу... ни самата не си свесна за тоа... но во ред е... почитувам твое мислење, и ќе чекам... иако некако чувтсвувам друго дека се дешава во моментов... но во ред е...
Денес, освен тие работи кои не ги можев да ги остварам... само искрено и вистинито ќе ти речам колку те сакам...:back:
Помини си убаво денес! Заслужуваш!
 
Ј

јовица11

Гостин
Како знам дека ти си вистинската?
Можеби затоа што денес те сакам повеќе од вчера, можеби затоа што денес имам потреба да бидам повеќе со тебе од вчера, можеби затоа што сонцето за мене изгрева мигот кога тебе ќе те видам, можеби затоа што иднината ја гледам само со тебе и покрај тебе...Можеби и не си вистинската, но за мене секогаш ќе бидеш единствената, онаа на која прва помислувам наутро и онаа на која последна помисулвам кога заспивам.Можеби затоа што никогаш нема да престанам да те сакам.
Среќен Валентајн, мај лав, да ни се множат:pipi:
 

TWEETY***

Мy life..my rules..any questions?
Член од
18 февруари 2006
Мислења
2.041
Поени од реакции
66
Јас сум тоа што сум само поради тебе.Ти си секоја моја причина,секоа надеж и сон што сум го имала во животот и без оглед на тоа што не чека во иднина,секој ден со тебе е најголемиот ден во мојот живот.Секогаш ке бидам твоја. И ти секогаш ке бидеш мој.
Ти си мојот најдобар пријател и мојот најдобар љубовник и не знам во која твоја улога повеќе уживам.
Среќен ден на вљубените.
Те љубам
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.462
Поени од реакции
25.425
Вечер... ќе бидит многу јако:icon_lol:. Хемија бејби...
Сигурно немат да бидиме како Анакин Скајвокер и Падме Адмирала зато шо тие беа најглуп пар. :vozbud:
Јас и ти цела вечер :music5:.
Ма не е важно то, битно ќе се продает бинго картичките?:sakas_ust
Ноуууууууууууууу. И не е многу битно.
|
|
|
/
jedino mi vazno bilo
da postanem levo krilo
il' centarfor skolskog tima..
Tad sam iznenada sreo
najtoplijeg leta deo
to su njene oci bile..:love1:


pa sam da brinem
kako da joj zvezde skinem:icon_cool
 

Мишелинка

расол
Член од
19 мај 2006
Мислења
3.449
Поени од реакции
385
Твоето отсуство го чувствувам како физичка дразба. Ме стега желудникот и ми се полнат очите со солзи без особена причина, само како резултат на тоа што неверојатно многу ми недостигаш.

Вечер ќе излезам, не можам да останам дома и да продолжам вака, ова ме убива.
 

Lanna

Taller, Stronger, Better
Член од
30 септември 2008
Мислења
550
Поени од реакции
165
...

Ќе ја зборувам најголемата вистина. И за мене ќе беше далеку полесно кога срцето би ми престанало во моментот кога престанав да те сакам. Бог ми е сведок дека тоа беше единствената опција која не ја добив, додека ми беше наметнат изборот на неколку тешки месеци мачење додека залудно се обидував да ти објаснам дека “нашето” не е она кое после половина столетие сеуште би ни давало сила да се држиме за раце и да легнуваме со неизмерната желба првиот сончев зрак да ни ја донесе видливоста на ликот на другиот.

Верувам дека ни во најтрагичната приказна за себе не би сакал да се разбудиш покрај личност која не е сигурна дека првото нешто што сака да го види се твоите сонливи очи. Потајно сакаш да се разјадувам со своите пасивни гестови кои треба да ми укажат колку многу губам. Знам прекрасно мое. Ако ти е за утеха, по тебе го пуштам целиот мој свет, со тебе го губам цело мое спознание и по тебе јас нема да сум јас, туку некоја избледена и замачкана слика на себе, и ова е мојата најтешка одлука ама цврсто застанувам зад неа. Колни ме и пцуј ме, мрази го секој дел од мене онолку колку што си го обожавал, нема нешто што може многу да го промени фактот дека те тргам понастрана од знаците на мојот пат само за помалку да патиш. Јас би вака до бесконечност.

Наречи го бегање од вината, и ти и јас денес знаеме дека ниедно твое чувство на тага, болка, носталгија, патолошка приврзаност или навика кон мене не ја надминува силата и искреноста на мојата желба да те заштитам и да те поштедам од сиромаштијата на моите емоции. И пак ќе го отфрлам простото ословување на толкави чувства како навика. На пати болни до неконтролиран трепет, другпат изнудувајќи вресок од неподносителност, наредниот пат почисти од ликот на светец. Никогаш апатични во исходот и тука беше целото блаженство. Уште милион живот после овој, јас сигурно нема да утврдам толкава човечка посветеност. Засташувачки подано. Понекогаш дури и се обидував да ти ја утврдам природата. Ти го знаев името, домот, потеклото, многу работи претпоставував за тебе од твојот хороскопски знак, а многу учев и само гледајќи те во очите. Ти си редок примерок посебно мое. Онаков каков што на крајот, по сите изгледи и како и со сите работи кои ги имаме во изобилство, мене само ме презасити.

Не би да ставам на вагата кој колку вложил и кој колку добил зошто наспроти сите заблуди за љубовната симетрија, голата вистина е дека едната страна посекако ќе натежне. Знам само дека последнава година прасенцето го полневме само со ситните парички од кусурот за леб, а банкнотите ги снема некаде помеѓу мојата неподнослива борба да си ја зачувам слободата и да им се вратам на старите запоставености и твојата слепа предаденост на митот за иднината со мене доследно газејќи ја својата гордост.

Имавме прекрасна приказна бебе. Бог знае со колкава грутка во грлото повторувам “имавме”. Не оспорувам дека не сакам ни сама да поверувам во истото. Ама се дури мислам на таа приказна како збир на настани кои по одредена шема се повторуваат секој ден, не го посакувам утрето во кое ќе се затекнам себеси идеализирајќи за навиките, а не за љубовта. Им ветив на сите што ми ја вдахнуваа храброста за соочување со емотивното бледило дека ќе те поштедам од сите банални клишеа кои колку и слатко да звучат, болат повеќе од најтешката лага. Не можам да ги избегнам во мојот наjискрен пост на темава. Никогаш не би го замислила животов без твојот траг во него. Дај Боже ова да не беше крај туку преод кон повисокото ниво од играта. Наречи ме кукавица што уште пред да ја преминам стартната линија јас ја подигнав рачната кочница. Избрав да не го возам ова ниво. А сепак, не исклучувам дека плановите ќе ми наложат повторно да се впуштам во трката, но тогаш кога ќе можам да си дозволам стабилност во емоциите. Сега не е тоа време.

Се сеќавам дека побара од мене да размислам како колкав дел од мојот живот би те насликала во мојата приказна. По природа на нештата избегнувам да говорам за работи кои ме допираат видливо за сите отстрана. НАЈГОЛЕМ. Ќе ме повреди секој твој нареден сомнеж за истото. Иако ти продолжуваш да мислиш дека кога и двајцата би пишувале роман за другиот, јас би дишела од секој твој напишан збор, а ти кај мене би бил само лик од фуснотите. НИКОГАШ. Зар би се мачела олку во спротивно?

Ти мило знаеш дека јас не сакам да размислувам за долгорочно протегање на било какви емоции, туку сакам да уживам во нив и да ги засилувам со секој изминат миг согласно своите сили. Неам многу слики пред очите за тоа каде сум во иднината, освен можеби онаа во која јас, Лана, збрчкана и закржлавена жена на неколку чекори пред збогување со овој свет и со скоро ниедно здраво сетило, сеуште имам јако срце за да им ја раскажам на моите внуци приказната за можеби најголемата грешка во мојот живот што ја правам оставајќи те.

Не забранувај ми и натаму да те викам мое мило, мое сонце, не брани ми го чувството да те заштитам. Не жалам ниту за еден миг во кој, иако ти беше тој од кој сиве изминати години ја барав снагата и потпората, на крајот секогаш завршувавме накрепени на мојот грб. А сега те преколнувам да ме сфатиш, не мора онолку лесно колку што јас ги прифаќав твоите малечки излети се додека не почна да ме сфаќаш сериозно. Сфати ме како личност која уживаше во секој миг растејќи покрај тебе и иако не пропушти ниту една од битните лекции се подизгуби себеси во заборавот на себепосветувањето. Сфати се себеси како личност која е она што е заради себе, а не заради мене бебе, колку и посветено да звучи.

Ќе ти кажам збогум. Не и засекогаш. Мразам временски неопределености. Верувам во среќни продолженија. Многу повеќе отколку во среќни краеви. Најмногу зашто сеуште сакам да верувам во некоја наша заедничка иднина. Којзнае, некој ден можеби дури и како родители на истите деца. Се сеќаваш нели? Би ги имале моите очи и твојата насмевка. Би биле совршени деца. Само да не се потрошевме толку рано. Ти веруваш во силата која ќе ме состави назад откако ти ќе ми го подариш воздухот кој јас толку страствено го посакувам. Јас не знам ни дали сеуште сум достојна да верувам во себеси.

Јас љубев. Со гордост и без трошка сомнеж можам да го повторувам истото и бесконечно многу животи после овој. Те љубев тебе најпосебно мое, најредок примерок меѓу звездите чија природа никогаш не успеав најточно да ја разберам. Те љубам уште иако и понатаму тонам во парасигурноста дека тоа не е доволно. Ќе ти кажам збогум, но не и засекогаш зашто ги мразам временските неопределености, ги сакам само среќните продолженија. Се надевам и јас и ти ќе имаме такви продолженија, секој засебно или пак заедно. Небитно. Сакам и по 10 години срцето исто да ми затрепери кога ќе ти ја видам насмевката. Ти ја посакувам секогаш. Од усните, на лицето, во срцето.

Имавме прекрасна приказна бебе. И Бог знае колку би сакала да можеше тоа “имавме” да биде мојот последен збор на земјава...
 

Бушавка

Differentiated by Style
Член од
4 јули 2008
Мислења
746
Поени од реакции
61
Веројатно ова никогаш нема да го прочиташ, а и да го прочиташ, нема да знаеш дека сум јас...што е многу добро.
Иако поминаа години и многу луѓе во мојот живот дојдоа и заминаа, чувството можам да го повратам кога само за момент ќе помислам на тебе. Кога само ќе се навратам, сваќам дека длабоко во мене сеуште ништо не се променило. А сите оние љубови кои ме снајдоа во меѓувреме, беа само лоша, проѕирна копија на тоа што се случуваше кога бевме заедно. Само уште една неуспешна шанса за вистинска романса. Некој ќе рече дека бев премлада за да сакам вистински, но не...токму затоа те љубев чисто, а само чистата љубов може да биде и вистинска.
Сеуште сакам да знам каков е твојот став за работите...
Дали некогаш ќе исчезне вистинското чувство, постои ли шанса да се замени со ново?

За Б.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom