(малце оф топик, но сепак се работи за љубов - другарска)
Се работи за сите вас со кои бев цели 14 години, ми бевте/сте ми семејство... и во врска со љубовта или пак со целава работа сакам да ВИ кажам:
До прееска бев во онакво најобично расположение, добро едноставно, но моменталната состојба ми е многу лоша, сеа сум:
ич нерасположен, во предлабоки мисли, во голем недостиг, во очекување, ми се плаче, имам една од најголемите грутки што сум ги имал досега во грлото, се чувствувам некако виновен, едноставно сакам се' да вратам назад, но некако не ми се враќа и добро ми е што сум ја направил оваа одлука на некој начин...
направив една одлука во животов што ме тргна настрана од долгите 14 години пријателство и другарство - семејство со кое сум израснал.... створи проблеми, створи падежи на многу свери....
во средата добив една вербално "повратна" за ваквата одлука, но не ми беше многу гајле тогаш, но сега.... е тек сега сфаќам.... но сепак мислам оти е џабе сето тоа од ваша страна зашто сте тревале да мислите подобро за тоа што го правевте.. сакавте да ме освестите, незнаејки дека сум освестен јас.... но сепак не требаше да дојде до ова.... требавте и вие да размислите за постапките ваши кон мене....но, и јас треба да размислам за многу работи што ги правам.... сепак мислам оти нема да има поврат на работиве.... тоа што одлучив одлучено е со ред причини!!! но, како и да е.... забегав од темава јас
да се вратам, да така се чусвтвувам како горенаведеното, ГАДНО!!!
п.с. ве сакам премногу и секогаш ќе ве сакам, 14 години ми бевте како семејство и сега сте ми семејство, без разлика што мислите за мене, но сфатете ме, напуштив само ради тоа да ве освестам малку но и да им помогнам на оние кои што стварно им треба моја помош, и да осознаете дека било кој човек е само човек безразлика што е, каков е, колкав е, и сл.