зашто лаги?...зашто тооолку многу лаги кога веќе се беспотребни...
ЗНАЕВ дека е друга цура у прашање уше пред да одиш во охрид,и ЗНАЕВ дека ќе се деси тоа шо се деси...и уште имаше образ да ме лажеш дека не си напраил ништо со неа,и да се колнеш коа другарками убаво ве видела како се јадете...
вчера пак ти се јавив,за да ми ги донесеш работите...пак не ги донесе а дојде...зашто одолговлекуваш сонце?кога и сам знаеш дека е готово...сакаш да бидеме другари?ОК! јас сум за тоа,не сум кучка да се љутам и да се карам,сепак сме поминале 7 прекрасни месеци заедно и сеа ќе бидеме другарчиња...изгледа не очекуваше да бидам толку децидна на тоа поле ама што очекуваше?да те чекам,да ти помине ќејфот со неа и да те пречекам со раширени раце?хехе не бе мило,ти кажав јас-јас крпени работи не сакам и не прифаќам...
вчера ги најдов палиците на кој што го имаше напишано најубавото нешто што било кој го кажал- и вчера го повтори тоа- и се расплака...пфффф која иронија...реков еднаш-ти посакувам да си среќен,па дури и ако тоа значи со друга, а за мене не се секирај,јас сум голема девојка,ќе се снајдам...Тао другарче