Уфф тешко ми иде ама малку сум подпивнат па ќе пишам.
Ми требаш за да ми кажеш да не правам лоши работи повеќе, да не пијам, да не пушам, да не се дрогирам, да не малтретирам невини луѓе по улица.
Ми требаш затоа што сакам само ние двајца да се возиме а не мојте пријатели.
Ми требаш за да не талкам сам по овие проклети улици.
Ми требаш за да ме гушнеш и ми ги избришеш солзите кога плачам.
Сакам да ти ја мирисам косата, да те држам за рака, да те бакнувам, да те носам на места кај што не си била. Доста ми е веќе од авантури и од девојки за една вечер.
Празно ми е без тебе, не се радувам веќе на секој ден кога се будев исполнет само од помислата дека ќе те видам.
Ми фалат љубовните писма што си ги праќавме кога се запознававме-бевме како фрикови во 21 век.
Ми фали твојот мирис и твојот ангелски глас.
Се сеќаваш на тие глупи миризливи мечиња што ми ги носеше,и тие ми недостигаат.
Никој не ме разбираше како ти. Сега кога одам некаде го немам тоа спокојство што го имав кога ти беше со мене.
Сега јас морам да разговарам со сите иако сум интровертен, ти беше центарот на внимание кај и да одевме и јас го обожавав тоа кај тебе. Воопшто не ми сметаше што зборуваше во мое име, така секогаш мислите ми летаа на друго место. Но сега го немам тој комфор сега те немам тебе,и немам за кого да се борам.
Јас сега се мразам себеси што воопшто те имам запознаено.
Не знам дали ќе можам да го пребродам фактот што те изгубив.
До ден денеска се прашувам како ќе беше едноставно да ти кажев дека те сакам.
Но тогаш не го знаев тоа, тогаш не знаев дека те сакам бев премногу збунет на се што се случува околу мене. јас пред тоа не бев заљубен не ја знаев среќата и задоволството што ја носи љубовта. Сега ја знам но сега ја знам и тагата и болката што ми ја создава моево скршено срце.
Тогаш не знаев и немав храброст, но сега имам и сега знам.
Затоа ќе кажам ТЕ САКАМ.