PiNkGiRl
Queen of rain
- Член од
- 14 јули 2006
- Мислења
- 2.717
- Поени од реакции
- 8
Не можам да те заборавам.
Иако сум во прегратките на друг сепак моите мисли се посветени на тебе. Што има толку посебно кај тебе? Што е она што како дрога ми навира во крвта и не ми дава да те искарам од мислите?
Не знаеш колку ме боли кога гледам дека ти не си среќен со Неа...Кога гледам дека јас не можам да го сакам Него...
Не знаеш колку боли помислата дека јас и ти би биле совршенство.
Не си свесен како ми се кине срцето секој пат кога ти поминеш покрај мене и ме погледнеш со тој наивен поглед. Никој нема таков поглед. Никогаш нема да ги заборавам тие очи.
Ми затреперува душата кога се поздравуваме како да сме стари пријатели, а потоа се оддалечуваме еден од друг со други личности во нашите прегратки.
Зошто мора љубовта толку да боли? Зарем тоа по дефиниција е така???
Сакам само да знаеш дека сите солзи, сите зборови, ветувања....Сета горчина ја заборавив.
Сега остана само надежта. Надежта дека некогаш и негде пак ќе бидеме заедно.
И за крај ти ги кажувам оние 2 волшебни збора кои ги немам кажано никому до сега. Мислам дека ти си оној вистинскиот кој треба да ги чуе.
ТЕ САКАМ !