Во времето на СФРЈ подобро се живееше... Мит или вистина?

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.269
Во Југославија вероисповедите беа подредени на социјалистичката атеистичка идеологија. Кога тоа се смени, невозможно беше да останат и да живеат во една држава. Ете истото и во Украина се случува. Секаде каде што компактно малцинство е од друга вера и поминува над 15% таа држава сама за себе е нестабилна.
За второто прашање. Да има две вери, но затоа и толку нестабилно живееме и цело време се прашуваме дали и уште колку време тоа ќе се одржи.
како бе можеш да подредиш вероисповест на атеистичка идеологија???
аман бе
Поповите проповедаа дека нема бог? Читаа наместо од библија од книги на маркс и ленин??
вероисповеста беше слободна во Југославија, и манастири имаше и калуѓери и попови и цркви и опати и фратри и бискупи/ Кој сакаше се крстеше кој сакаше се венчаваше по цркви кој сакаше поп на погреб му пееше кој сакаше крст си носеше и икона дома имаше. Беше одвоена црквата од државата исто како и денес.
 
Член од
14 април 2008
Мислења
1.257
Поени од реакции
914

Масовно меѓу народот доминираше атеистичкото убедување, така ги учеа и воспитуваа. Оние помалубројните кои веруваа може да бидат верници, свештеници, да одат во Црква. Но нивниот број беше мал и на некој начин исмеан од поголемата маса. Многу често на Велигденски проповеди, после завршувањето фрлаа со јајца врз свештеникот.
Така не беше УКИНАТА, но беше ПОДРЕДЕНА. Исто како што и сега во медиумите, одредена идеологија, партија не забранува други, ама знае како ја да дозира вистината во спротивно ограничувањето би било очигледно и би создало опасност за режимот.
 
Добро бе кој ти кажува вакви работи и ти внесува јад и огорченост во твоето младо наивно срце?
Дете, во мојата фамилија сите скоро починати се погребани со попови. Дедо баба стриковци вујни.. од 60 сети до 90 сети и со попови и со пеење и со кадење и дома со обичаи пошто тогаш умрениот дома се чувал не како сега во капела, па сме давале и ред и свеќи сме палеле А и некои не беа кизнај шо верници, онака реда ради, и крстови им седат на гробишта и ние кои не верувавме во госпот одевме на погреби па ни јајце фрлифме ни му се смеевме на попот, во Југославија и крст се фрлаше за водици и тој шо го фатил крстот - шеташе после со 2-3 приатели по куќи и станови и му даваа пари. И за коледе оган се палеше и деца коледарчиња шетаа. И на венчавки во цркви сум одел и сум гледал и филмови за велгден на ТВ мислам почеток на 80 десети со мојсеј со чарлстон хестон по повод божиќ ли беше не се сеќавам. Ако се задесиш на некои гробишта погледни малце тие погребани 70 десети, 80 десети колку имаат крст а колку петокраки на помениците па види мнозинство малцинство.
И прашај се кој ги сочува и реставрира и обнови сите тие православни, католички цркви и манастири или џамии низ СФРЈ. Како не ги урнаа запалија или претворија во магацини или дискотеки.
Стварно веќе претеруваш со рекла казала муабети само колку некако да оправдаш твојата омраза кон еден систем или време кое ниту го знаеш ни си го живеел
 
Ќе ти повторам. Верата не беше укината, забранет, беше ПОДРЕДЕНА. Се правеа обичаите, но луѓето слабо веруваа и се потсмеваа ако некој верува. Тоа беше поради социјалистичкото атеистичко идеолошко обработување.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.269
Ќе ти повторам. Верата не беше укината, забранет, беше ПОДРЕДЕНА. Се правеа обичаите, но луѓето слабо веруваа и се потсмеваа ако некој верува. Тоа беше поради социјалистичкото атеистичко идеолошко обработување.
Луѓето имаа право на избор, сакаш да веруваш или неќеш, исто како што денес црквата убедува млади дека господ ја создал земјата и се за 6 дена, дека земјата е стара 6000 години.. па верниците му се подсмеваат на научниците кои тврдат поинаку.
Ти би сакал да постои православна земја со православна власт православни закони и да не се учи ништо што е против тврдењата на православието.
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
2.966
Поени од реакции
3.680
Во Југославија вероисповедите беа подредени на социјалистичката атеистичка идеологија. Кога тоа се смени, невозможно беше да останат и да живеат во една држава. Ете истото и во Украина се случува. Секаде каде што компактно малцинство е од друга вера и поминува над 15% таа држава сама за себе е нестабилна.
За второто прашање. Да има две вери, но затоа и толку нестабилно живееме и цело време се прашуваме дали и уште колку време тоа ќе се одржи.
Во Украина и украниците и русите се православни ама ете пак се тепаат, не ќе да е до верата...
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.269
Во Украина и украниците и русите се православни ама ете пак се тепаат, не ќе да е до верата...
eдните се лоши православци, ете и нас православни бугари и православни грци и православни срби не сотреа низ векови и денес мака си имаме од нив, али тие се лоши православци
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.053
Поени од реакции
6.658
Ќе ти повторам. Верата не беше укината, забранет, беше ПОДРЕДЕНА. Се правеа обичаите, но луѓето слабо веруваа и се потсмеваа ако некој верува. Тоа беше поради социјалистичкото атеистичко идеолошко обработување.
е добро де денес самите попови и владики ја ставаат религијата во подредена пред личниот интерес,шупрајме сега кога имаат целосна власт над денационализираниот имот,зголемената моќ,како и подршка од власта да прават што сакаат ??[DOUBLEPOST=1436995666][/DOUBLEPOST]
eдните се лоши православци, ете и нас православни бугари и православни грци и православни срби не сотреа низ векови и денес мака си имаме од нив, али тие се лоши православци
лоши за нас,во нивните земји се светци и поштовани личности...................
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
2.966
Поени од реакции
3.680
Југославија ја растурија моќните белосветски служби. Им беше страв да не им се дигнат нивните народи, да не се создадат моќни движења кои ке сакаат држава како Југославија па да им опнат една национализација на капиталистичките газови. Факт е дека странците кои доаѓаа во Југославија беа фасцинирани од ју социјализмот....[DOUBLEPOST=1436995987][/DOUBLEPOST]
е добро де денес самите попови и владики ја ставаат религијата во подредена пред личниот интерес,шупрајме сега кога имаат целосна власт над денационализираниот имот,зголемената моќ,како и подршка од власта да прават што сакаат ??[DOUBLEPOST=1436995666][/DOUBLEPOST]
лоши за нас,во нивните земји се светци и поштовани личности...................
И кај нас се поштовани ама нешто слабо фајде од нив и кај нас и кај комшиите.... Не ја мешај верата со државата, верата е нешто лично, интимно...
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.692
Поени од реакции
12.089
Ќе ти повторам. Верата не беше укината, забранет, беше ПОДРЕДЕНА. Се правеа обичаите, но луѓето слабо веруваа и се потсмеваа ако некој верува. Тоа беше поради социјалистичкото атеистичко идеолошко обработување.
Немаше главна улога верата, што беше добро. Потсети се само пред некоја година на тепачките за црква-џамија на плоштад, па црква на Калето, па скандалите и раскошот, златните лопати од неколку илјади евра, црните џипови, кусите панталони и црните марами... А од звучниците човек раат наутро и навечер не може да одмори, среде ден пак чиниш си во Авганистан. Гарант ова е обострано, на муслиманите и неправославците им смета камбаната.
Тоа е лична работа со која во транзицијава луѓе навистина забегаа и која страшно се злоупотребува.
 
Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.307
Поени од реакции
7.289

Тие работи што ги наброја ги имало и во тоа време, само што македонското радио и телевизија наместо вести во кои ќе кажува кои луѓе лежат затвор во Идризово заради пцуење на Јованка, зашто мора да порачуваш леб и млеко еден ден однапред, зошто Ристо Шишков е во болница, емитувало репортажи кои се на ниво за мали деца.

Не е ни чудо што народот сеуште плаче за таа југославија пошто очигледно некои луѓе сеуште не ни пораснале.
 
Последно уредено:
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
714

клипов, поточно песнава ме потсети на детството... песнава од влатко стефановски т.е. ЛЕБ И СОЛ, си ја купив на плоча дуплерица (од другата страна беше чукни во дрво и среќна нова година) се сеќавам, за една нова година, од тезгите на плоштад... во тоа време, плоштадот беше наполнет по улица македонија, од самиот плоштад па се до приклучокот кај стара железничка станица... илјадници тезги, милиони луѓе, се беше во знакот на новата година... честитики, лампиони, светкави елементи и украси на струја, дедомразовци, секако и петардите бе присутни...

денес нема ништо од тоа.. во очи на нова година, на плоштад се шиткаат тренерки, блузи, гаки, маици и секако петарди...

ако некого тангира, еве ги другите 2 песни:

чукни во дрво:

среќна нова година:
 
Ciudad Juarez

rothschild
Член од
18 март 2015
Мислења
385
Поени од реакции
403
Масовно меѓу народот доминираше атеистичкото убедување, така ги учеа и воспитуваа. Оние помалубројните кои веруваа може да бидат верници, свештеници, да одат во Црква. Но нивниот број беше мал и на некој начин исмеан од поголемата маса. Многу често на Велигденски проповеди, после завршувањето фрлаа со јајца врз свештеникот.
Така не беше УКИНАТА, но беше ПОДРЕДЕНА. Исто како што и сега во медиумите, одредена идеологија, партија не забранува други, ама знае како ја да дозира вистината во спротивно ограничувањето би било очигледно и би создало опасност за режимот.
:pos::pos::pos::pos::pos:
"Многу често на Велигденски проповеди,после завршувањето фрлаа со јајца врз свештеникот."
:pos::pos::pos::pos::pos:

Сакајќи да ја оцрните Југославија,веќе ни самите не знаете што пишувате.

Ако барем еден постар човек ти го потврди овоа со фрлањево јајца врз свештеникот,јас главава си ја сечам.
Сите стари луѓе што ги знам веруваат во Бог.
Само кумот мој одбивал да влегува во црква.Бил тежок комунист на времето.

Тие работи што ги наброја ги имало и во тоа време, само што македонското радио и телевизија наместо вести во кои ќе кажува кои луѓе лежат затвор во Идризово заради пцуење на Јованка, зашто мора да порачуваш леб и млеко еден ден однапред, зошто Ристо Шишков е во болница, емитувало репортажи кои се на ниво за мали деца.

Не е ни чудо што народот сеуште плаче за таа југославија пошто очигледно некои луѓе сеуште не ни пораснале.
Навистина ли не можеш да сфатиш зошто луѓето плачат по таа Југославија ?
Ја читам темава веќе подолго време и не можам да ви се изначудам на мислењава што ги лупате тука.
И глувците знаат дека тогаш било подобро.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.692
Поени од реакции
12.089
Тие работи што ги наброја ги имало и во тоа време, само што македонското радио и телевизија наместо вести во кои ќе кажува кои луѓе лежат затвор во Идризово заради пцуење на Јованка, зашто мора да порачуваш леб и млеко еден ден однапред, зошто Ристо Шишков е во болница, емитувало репортажи кои се на ниво за мали деца.
Не е баш така. Џамиите ниту пееја 24/7, ниту звучниците им беа на максимум пуштени. Кратки панталони, брадичка и бурки немаше ниту имаше млади девојчиња со шалвари и шамии. Од друга страна православците се однесуваат слично, се натпреваруваат кој повеќе цркви ќе изгради, да ја "зацврсти" верата кај народот. Како крем на торта, градоначалниците (властите) активно учествуваат во изградба на верски објекти.
Нонсенс е да срушиш неколку бараки среде населба и да изградиш џамија со паркинг и звучници ала Ролинг Стоунси. Уште поголема, да срушиш спортски терен, ракометно игралиште и таму (нема други места) да градиш верски објект. Вакви лудории беа недозволиви во тој систем иако постоеја верски објекти и беше дозволено практикување на вера. Само што истовремено градеа библиотеки, школи, амбуланти и студентски домови.
 
Последно уредено:
Член од
14 април 2008
Мислења
1.257
Поени од реакции
914
Луѓето имаа право на избор, сакаш да веруваш или неќеш, исто како што денес црквата убедува млади дека господ ја создал земјата и се за 6 дена, дека земјата е стара 6000 години.. па верниците му се подсмеваат на научниците кои тврдат поинаку.
Ти би сакал да постои православна земја со православна власт православни закони и да не се учи ништо што е против тврдењата на православието.
Да би сакал исто како што и ти би сакал сосема спротивно атеистичка уредување и народ без вера. Секој има право на свој избор но како ќе се застапува за тоа. Дали ќе дозволи слободно вистината да ја искаже својата вистинитост. И другите и себе си да се убеди. Дали остварувањето ќе биде со убедување и со избор на мнозинството или со лажење, насилство, подметнувања, заведување и слично без право на избор или само привидност од право на избор. Како што беше во социјализмот и како што сега е во недефиниран конфузен капитализам.[DOUBLEPOST=1437053783][/DOUBLEPOST]
Во Украина и украниците и русите се православни ама ете пак се тепаат, не ќе да е до верата...
Источните делови се православни. Западните делови се католици, унијати или припадници на непризнатата Киевска патријаршија.[DOUBLEPOST=1437054253][/DOUBLEPOST]
е добро де денес самите попови и владики ја ставаат религијата во подредена пред личниот интерес,шупрајме сега кога имаат целосна власт над денационализираниот имот,зголемената моќ,како и подршка од власта да прават што сакаат ??
Нигде не реков дека вероисповедта сега е слободна. И сега е подредена со поставување или подредување на врвот на свештенството под контрола на власта. Некогаш верата беше подредена на социјалистичката идеологија, сега на елитистичката. Јас на почетокот и двете општества и состојби негативно ги оценив. Се работи за различна дијагноза на болест. Различни болести, но општеството е болно и затоа одиме надолу и духовно и економски.[DOUBLEPOST=1437055043][/DOUBLEPOST]
Немаше главна улога верата, што беше добро. Потсети се само пред некоја година на тепачките за црква-џамија на плоштад, па црква на Калето, па скандалите и раскошот, златните лопати од неколку илјади евра, црните џипови, кусите панталони и црните марами... А од звучниците човек раат наутро и навечер не може да одмори, среде ден пак чиниш си во Авганистан. Гарант ова е обострано, на муслиманите и неправославците им смета камбаната.
Тоа е лична работа со која во транзицијава луѓе навистина забегаа и која страшно се злоупотребува.
А сега верата да не има главна улога. Никој ништо не ги прашува верниците, целосно е подредена на демонократската политика. Соборноста како основно својство на Црква - заедница на верници не постои. Сите манастири ни се одземени, со одземена верска функција и дадени на амбасадори, туристи, градоначалници.
Кога е тепачка треба да се процени кој напаѓа и дали и кој брани некое свое право.Јас не судам во наведените случаи кој бил во право. Најголем убиец на вистината е индиферентноста кон неа. А борби за вистината секогаш ќе има се додека има личности. Колку повеќе борци за вистина, колку пожестоко се борат, толку повеќе таа ќе пробива во општеството. Тогаш кога ќе умре личноста на човекот, со тоа и личноста на општството тогаш ќе има мир. Но и целосно надвладување на лагата што набрзо сите ќе ги однесе во целосна пропаст.[DOUBLEPOST=1437055273][/DOUBLEPOST]
:pos::pos::pos::pos::pos:
"Многу често на Велигденски проповеди,после завршувањето фрлаа со јајца врз свештеникот."
:pos::pos::pos::pos::pos:

Сакајќи да ја оцрните Југославија,веќе ни самите не знаете што пишувате.

Ако барем еден постар човек ти го потврди овоа со фрлањево јајца врз свештеникот,јас главава си ја сечам.
Не те разбирам колку е зелено твоето однесување. Бараш сведоци, велиш главата ја сечам ако има еден сведок, а сведоци ги има на стотици. Не знам за Скопје, прашај било кој постар за Велигден во другите градови.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom