Во времето на СФРЈ подобро се живееше... Мит или вистина?

Член од
24 март 2010
Мислења
15.209
Поени од реакции
25.946
Нема потреба од анкета, веќе направиле други и тоа во повеќе наврати. Убедливо води југоносталгијата (црвената линија е за пред распадот)

Само кај Македонците, бројката е уште посилна. Иако и само кај Албанците води опцијата пред распад.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.275
Jas ne ja obvinuvam samo ednata strana za vojnata,ne si mi ja svatil poentata!Problemot so covestvo e so imat lazni komunisti lazni hristijani ,muslimani i ne znam so.Znaci toj poranesen komunisticki sistem go urnaa istite so glumea golemi komunisti,znaci raskrcmija se so bese zaednicko.Vidi gi denesnite oligarsi pa ke svatis deka istite tie na vremeto glumele komunisti a ustvari bile vodeni od svojata alcnost.
Кога се урна системот чии членови биле, некои се повлекле скроз од свои функции и работни места, некои се прилагодиле на новиот систем - националистички. Мајор во ЈНА кој бил хрват и кога се растури таа ЈНА и Југославија, можел или да се повлече од служба и некогаш загуби и пензија и стан или да се приклучи на својата национална држава и армија. Во 92 негде сите кои не беа срби - црногорци, беа пензионирани во војската на југославија, хрвати, словенци па и македонци кои останаа во таа војска, беа пратени или во пензија или им беа одземени поважни функции зато што се создаде национална армија на една нација во која нема ммногу место за други, што е и нормално. Во тој нов свет или ќе се прилагодиш или ќе пропаднеш, некои и пропаднаа. Младиќ како генерал (полковник беше во ЈНА) кога се распадна ЈНА премина во војска на репулика српска бидејќи тој беше по потекло од таму од Босна од делот на денешна република српска, адмирал Боцинов исто така ја напушти армијата која се распаѓаше на национални војски и се придружи на својата - Македонска иако таа нова Македонска војска не беше ни комунистичка ни носеше такви идеји и симболи.
Се свртеа и придружија на своите народи
 
Член од
14 април 2008
Мислења
1.257
Поени од реакции
914
Само милицијата можеше да апси и истражува. Не војската.
Мал си не ги знаеш тие процедури закони, ЈНА беше со врзани раце, ЈНА можеше само да одговори на оган кога ќе биде нападната, но требаше команда и наредба од врховниот командант за да излезе од касарни, равие борбен распоред и изврши зададена задача. И Убиството на Нешковки, беше во ингиренции на сплитската милиција не на војската, и да го фатија тој што го убил, нему ќе му судеше судот во Сплит, не воен суд. Да беше воведена воена состојба, е тогаш ќе можеше и војската да апси и суди, но не беше. Законски и уставно - претседателството на СФРЈ беше врховен командант на ЈНА, на чело на тоа претседателство легално избран беше Стипе Месиќ - Хрват, на чело на хрватска беше легално избрран Туѓман на чело на ХДЗ создавање на паравојска - беше во надлежност на милиција и органи на внатрешни работи, шверц на оружје на које укажуваше ЈНА беше во надлежност на погранични органи - царина и милиција, ЈНА даде информации и укажа на опасноста но локалните власти веќе беа во раце на националисти кои тоа сето и го одобруваа и организираа, требаше врвоот на ЈНА да прекрши устав и закони, воведе воена диктатура и така да ги решава тие проблеми, значи противуставно и противзаконски да делува но никој не се осмели на тоа. Ни еден закон или устав на СФРЈ не одобруваше насилна смена на власт или изведување на воен пуч. Тоа не знам дали го има во било која земја како закон, да се дозволува, сите воени диктатори - се дојдени на чело на власта насилно и противуставно.
А и црквата не застана во одбрана на Југославија, ни еден поп ни имам не повика да се очува СФРЈ ни ги осуди оние кои ја разбиваа на сила.
КОС можеше да делува секаде, немаше потреба од дозвола од Претседателство или било кого за да апси. Впрочем КОС го обезбеди пробивот на безбедноста со видеото со Мартин Шпегељ. Дали тогаш некој рече дека КОС односно Армијата ги пречекорила овластувањата?
Дали после убиството на Гешковски (како и други што следеа уште во почетокот) армијата спроведе истрага? Тоа беше во нејзина ингеренција, затоа што беше убиен нејзин припадник. Затоа и постоеја КОС, воената полиција и воените судови. Дали армијата после истрага обзнани кој е виновен за тие убиства и да поднеси пријава до милициските органи за приведување или барем за тие да НАПРАВАТ истрага. Така ако милицијата не го спроведи виновникот тогаш таму одговорниот да биде законски гонет и клопчето на правдата да почне да се одмотува.
Дали армијата за било што поднесе пријава!? Ако помесниот суд не превземи постапка или ја отфрли, истата може да оди до Управен суд или до Врховен суд односно до повисока инстанца која не беше во Загреб или Сплит туку во Белград на СОЈУЗНО НИВО. Тогаш и судот и судијата ќе одговара и може да сноси последици. Ако ти сакаш да играш вака, тогаш јас ќе играм вака. Имаше ли такво нешто со цел да се исполни уставната должност или беше јажето пуштено за федерацијата да оди во слободен пад. Сите. И политичари и функционери и генерали се правдаа за недостаток на ингеренции, што не е точно. Само така се ослободуваа од одговорноста. Поголемиот дел не сакаше лично да се вмешува и да ризикува, што значи заради комфорност си ја издадоа својата професионална и човечка одговорност. А другиот дел беше повлечен од националистичките страсти на Милошевиќ и Туѓман.
Свештенството од разните вероисповеди може да повика на помирување, мир, а како да истапи да ја брани социјалистичка Југославија, кога органите на власт и безбедност молчат и ја издаваат. Би било смешно, неприкладно и затоа и безполезно.
 
Член од
24 ноември 2005
Мислења
3.233
Поени од реакции
391
Не се сложувам со тебе. Постоеше идеолошка обработеност нешто да сакаш, но ако некој изнесеше искрена критика на состојбите, пример на состанок од работничкиот совет, никој ништо не би му сторил. Барем во пониските нивоа на власта. Во 80тите излегоа изразито антијугословенски филмови кои заминаа и во нихилизам и мене лично ми сметаа и се чудев зошто не ги забрануваат. Се сеќавам на филмот Амбасадор каде беше претставен (и величан) распуштен живот на возрасно дете син на југо-социјалистички амбасадор. Во филмската и музичката индустрија беше сеприсутна самокритика. Од попознатите ако си ги гледал „Болји Живот“ па и „Шурда“ беше претставена нефункционалноста на југословенското стопанство. Скоро општ израз на сите тие филмови беше апатичен потсмев со самите себе си и состојбите во смисла „Све је ово пропало“.
Лукавите растурачи на Југославија не пострадаа туку одлично паразитски се инфилтрираа и тогаш и сега. Тие го сменија системот. А не обичниот народ и дисидентите. Го сменија затоа што сфатија дека во другиот систем можат да бидат многу поголеми буџи.
А од казнениот ситем на Југославија пострадаа наивните и поизбувливите дисиденти кои или недоволно успешно или пак пренаивно ги изнесуваа нацинално етничките вредности како реални и вистински наспроти неприкладноста од нивно подредување под неприроден и виртуелен југословенски ентитет.
Циклусите на историјата се повторуваат со многу слични состојби. Неспособноста и арогантната самобендисаност на власта на сегашната кое како надоградена антидемокатска верзија расте низ сите власти во независна Македонија, слично како при крајот на социјализмот, да прифатат, да учат кога им се укажува на грешките, не води повторно кон анархија. Безнадежен е секој обид да им кажеш дека грешат исто како што беа безнадежни укажувањата тогаш. Тогаш на маса беше ставен опстанокот на системот и федерацијата. Сега на табла е режимот и оваа форма на демократски систем, опстанокот на македонската држава и македонската нација. Мандрак ти што ќе одбереш партијата или народот? На кого ќе му служиш во сегашната ситуација кога партиските и националните интереси се во судир?[DOUBLEPOST=1436796922][/DOUBLEPOST]
Тогаш зошто се распадна Југославија, а никој од армијата освен многу ретки случаи кои не отидоа подалеку од самоубиство и слични очајнички постапки не превзеде ништо да ја одбрани? Ако биле такви квалитетни офицерите пониските како што ги претставуваш, тогаш какви требало да бидат полковниците, генералите. И кој од нив било што превзеде при распадот на Југославија? Дали има барем една квалитетна патриотско-пројугословенска изјава во јавноста од титовите генерали или сите изјави беа „не знам ви то тамо њега питајте“ да си го чуваат задникот. Паразитизмот го имаше заразено целото општество и немаше останато здрав елемент за истото да се брани иако имаше средства и моќ да се одбрани и тоа со лесно да се одбрани.
Викаш наивност во спрега со паразитизам? Не би се согласил. Би рекол според твоето елаборирање, постоеја наивни паразити. Еден таков ни беше претседател на државава во два мандати по нејзиното осамостојување. Друг таков беше првиот премиер. А работничките совети и партиските состаноци сепак не беа јавност.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.275
КОС можеше да делува секаде, немаше потреба од дозвола од Претседателство или било кого за да апси. Впрочем КОС го обезбеди пробивот на безбедноста со видеото со Мартин Шпегељ. Дали тогаш некој рече дека КОС односно Армијата ги пречекорила овластувањата?
Дали после убиството на Гешковски (како и други што следеа уште во почетокот) армијата спроведе истрага? Тоа беше во нејзина ингеренција, затоа што беше убиен нејзин припадник. Затоа и постоеја КОС, воената полиција и воените судови. Дали армијата после истрага обзнани кој е виновен за тие убиства и да поднеси пријава до милициските органи за приведување или барем за тие да НАПРАВАТ истрага. Така ако милицијата не го спроведи виновникот тогаш таму одговорниот да биде законски гонет и клопчето на правдата да почне да се одмотува.
Дали армијата за било што поднесе пријава!? Ако помесниот суд не превземи постапка или ја отфрли, истата може да оди до Управен суд или до Врховен суд односно до повисока инстанца која не беше во Загреб или Сплит туку во Белград на СОЈУЗНО НИВО. Тогаш и судот и судијата ќе одговара и може да сноси последици. Ако ти сакаш да играш вака, тогаш јас ќе играм вака. Имаше ли такво нешто со цел да се исполни уставната должност или беше јажето пуштено за федерацијата да оди во слободен пад. Сите. И политичари и функционери и генерали се правдаа за недостаток на ингеренции, што не е точно. Само така се ослободуваа од одговорноста. Поголемиот дел не сакаше лично да се вмешува и да ризикува, што значи заради комфорност си ја издадоа својата професионална и човечка одговорност. А другиот дел беше повлечен од националистичките страсти на Милошевиќ и Туѓман.
Свештенството од разните вероисповеди може да повика на помирување, мир, а како да истапи да ја брани социјалистичка Југославија, кога органите на власт и безбедност молчат и ја издаваат. Би било смешно, неприкладно и затоа и безполезно.
За смртта на Гешковски е направена истрага од страна на ЈНА каде е посочено дека загинал од рафал испукан од надвор кон просториите каде беа војниците на ЈНА, најверојатно од прпадници на Сплитската милиција (која требаше да ја врши истрагата) Во 91 кога е нападнат Гешковски на војската пукаа хрватската милиција и хрватските паравојни формации, така да некоја соработка во истрага со сплитски и хрватски судови или органи на гонење - не можеше ни да има. Ти не знаеш ни како беше структурана на СФРЈ и веќе ми е и тешко да ти појаснувам секоја ситница, во СФРЈ секоја република имаше своја милиција, свој устав закон собрание претседател дури и свои даноци. Не можеше суд во Београд да е надлежен за настан - убиство во Сплит а посебно не 91 година. Ниту суд во Скопје за злосторство во Ниш ниту Босански милиционер да биде пратен во Битола да уапси некого. Зборуваш за работи кои не ги знаеш и не си ги доживеал.
КОС во превод е Контра Обавештајна служба и во неа имаше офицери чија задача беше заштита на воените тајни и информации на ЈНА од други странски служби. Немаа тие ни свои полицајци ни затвори ни судии. Собираа информации кои беа од значение за одбраната (некогаш тоа беа и податоци кои задираа во цивилниот сектор, пример фабрики и погони каде се произведуваше оружје или делови на оружје и опрема за ЈНА) и тие информации ги проследуваа понатаму како извештаи во повисоките команди кои донесуваа одлуки дали и како ќе се реагира. Подоцна правеа и планови за диверзии предлагаа акции кои исто така ќе ги одобреа или одбија повисоките служби. Не можеа на своја рака ништо да направат, така да кога КОС дојде до информација дека цивил а поранешен генерал прави некакви планови за паравојни операции, таа информација ја прати горе и таа стигна до генералштаб и генералштаб требаше да добие одобрение од некого (претседателсвото) да уапси цивилно лице ИЛИ да побара од Хрватските служби да си го апсат својот генерал што е апсурд. Во тоа време веќе се прекина и односите меѓу републичките органи и почнат беше распадот.
Инаку јас мислев дека црквата е над земните политики и превирања а ти велиш дека црквата разочарана во државниот врв и заради тоа не излегла да повика таја во очувување на државата... значи црквата го следеше патот на претседателството на СФРЈ??
 
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.691
Кога се урна системот чии членови биле, некои се повлекле скроз од свои функции и работни места, некои се прилагодиле на новиот систем - националистички. Мајор во ЈНА кој бил хрват и кога се растури таа ЈНА и Југославија, можел или да се повлече од служба и некогаш загуби и пензија и стан или да се приклучи на својата национална држава и армија. Во 92 негде сите кои не беа срби - црногорци, беа пензионирани во војската на југославија, хрвати, словенци па и македонци кои останаа во таа војска, беа пратени или во пензија или им беа одземени поважни функции зато што се создаде национална армија на една нација во која нема ммногу место за други, што е и нормално. Во тој нов свет или ќе се прилагодиш или ќе пропаднеш, некои и пропаднаа. Младиќ како генерал (полковник беше во ЈНА) кога се распадна ЈНА премина во војска на репулика српска бидејќи тој беше по потекло од таму од Босна од делот на денешна република српска, адмирал Боцинов исто така ја напушти армијата која се распаѓаше на национални војски и се придружи на својата - Македонска иако таа нова Македонска војска не беше ни комунистичка ни носеше такви идеји и симболи.
Се свртеа и придружија на своите народи
Ne mislev na oficerite na JNA tuku na direktorite na frmi ,tie ja raskkrcmija SFRJ i go ostavia narodot na ulica,a voenite profiteri ja dovrsija rabotata kriejki se vesto pod maskata na nacijonalizmot.
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703

..дефинирај директор и воен профитер...........маскирани ко националисти -раскурцувачи на ЈУ??? Тие евентуално би можеле да се категоризираат како некрофили , ама раскрцмувачи е некако ептен претенциозно. Сепак пробај... :)
 
Благоев

The Spartan General
Член од
8 јануари 2014
Мислења
1.357
Поени од реакции
2.087
Не одело добро последните неколку години во СФРЈ. Имале опција да излезат од т.н. стеги на федералниот систем, за да им тргне на подобро. Сите републики официјално ги искористиле. После 25 години голем дел од обичните луѓе се осеќаат заебани затоа што и не им тргнало така добро како што мислеле, и како што им ветувале.

Проблемот е сега што нема опција да излезат од стегите на националниот систем. Освен Македонија. Македонија си има бугарски пасоши за таа намена.
 
Член од
24 ноември 2005
Мислења
3.233
Поени од реакции
391
..дефинирај директор и воен профитер...........маскирани ко националисти -раскурцувачи на ЈУ??? Тие евентуално би можеле да се категоризираат како некрофили , ама раскрцмувачи е некако ептен претенциозно. Сепак пробај... :)
Поголеми некрофили од СФРЈ-носталгичарите има ли воопшто?
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Поголеми некрофили од СФРЈ-носталгичарите има ли воопшто?
..имаш грешка во чекори. Овде не ми успеа , бар до сега да налетам на нешто што би се подвело под носталгичар , па еве нека е и југо....Сите до сега биле само разумни луѓе кои на основа на емпириско , доживеано искуство, пробаат да им објаснат на пацериве овдешни дека и од овој бофл материјал наречен Македонија може да се скоцка пристојно место..исклучително пристојно место за живеење , ако се има нешто малку памет и знаење, кое тие очигледно е дека го немаат... т.е. имаат само добра желба и ништо друго....
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.725
Поени од реакции
12.156
До почеток на приватизацијата на земјоделската дејност 1998-1999, негде беа испумпани според економистите над 4-5 милрд (се сомневаат и повеќе, но тоа тешко се докажуваше) главно преку банкарскиот систем. Овој период од 10 години според странски институции се испумпани уште најмалку 4 млрд од државава.
Тоа значи дека можеше да биде нешто од Македонија, на почеток имаше и национален потенцијал, средства, имот, волја кај македонецот и све по список што си оди. Ама не бидна, лешинари исколваа она што остана од лешот од ексју.
Овие денови оди емисија во живо на канал 5 наутро во врска со темава. Греота е човек да ги слуша до каде дојде работникот, како свиња во кочина, едноставно да работи главно за да јаде. 14 денови одмор (што е вон секој закон во работните односи) сосе викенди, не смее на лекар да отиде, не смее ден за дете да земе...во Македонија се крши секој можен закон кон граѓанинот и работникот.
 
Член од
14 април 2008
Мислења
1.257
Поени од реакции
914
За смртта на Гешковски е направена истрага од страна на ЈНА каде е посочено дека загинал од рафал испукан од надвор кон просториите каде беа војниците на ЈНА, најверојатно од прпадници на Сплитската милиција (која требаше да ја врши истрагата) Во 91 кога е нападнат Гешковски на војската пукаа хрватската милиција и хрватските паравојни формации, така да некоја соработка во истрага со сплитски и хрватски судови или органи на гонење - не можеше ни да има. Ти не знаеш ни како беше структурана на СФРЈ и веќе ми е и тешко да ти појаснувам секоја ситница, во СФРЈ секоја република имаше своја милиција, свој устав закон собрание претседател дури и свои даноци. Не можеше суд во Београд да е надлежен за настан - убиство во Сплит а посебно не 91 година. Ниту суд во Скопје за злосторство во Ниш ниту Босански милиционер да биде пратен во Битола да уапси некого. Зборуваш за работи кои не ги знаеш и не си ги доживеал.
КОС во превод е Контра Обавештајна служба и во неа имаше офицери чија задача беше заштита на воените тајни и информации на ЈНА од други странски служби. Немаа тие ни свои полицајци ни затвори ни судии. Собираа информации кои беа од значение за одбраната (некогаш тоа беа и податоци кои задираа во цивилниот сектор, пример фабрики и погони каде се произведуваше оружје или делови на оружје и опрема за ЈНА) и тие информации ги проследуваа понатаму како извештаи во повисоките команди кои донесуваа одлуки дали и како ќе се реагира. Подоцна правеа и планови за диверзии предлагаа акции кои исто така ќе ги одобреа или одбија повисоките служби. Не можеа на своја рака ништо да направат, така да кога КОС дојде до информација дека цивил а поранешен генерал прави некакви планови за паравојни операции, таа информација ја прати горе и таа стигна до генералштаб и генералштаб требаше да добие одобрение од некого (претседателсвото) да уапси цивилно лице ИЛИ да побара од Хрватските служби да си го апсат својот генерал што е апсурд. Во тоа време веќе се прекина и односите меѓу републичките органи и почнат беше распадот.
Инаку јас мислев дека црквата е над земните политики и превирања а ти велиш дека црквата разочарана во државниот врв и заради тоа не излегла да повика таја во очувување на државата... значи црквата го следеше патот на претседателството на СФРЈ??
За да се дојдеше до ситуацијата Армијата да стекни право за да дејствува таа требаше да почне да го одмотува клопчето на процедурите и ќе ги доведеше другите играчи и органи до ситуација да изгледаат противправно како што и беа. Тогаш ќе можеше сопственото дејствување да го оправда пред домашната и меѓународната јавност. За тоа беше потребно љубов, желба и храброст.
Но тие кадри ниту тогаш, ниту после не направија никаков потег за зачувување на федерацијата. Зошто никој од нив тогаш или подоцна не започна со пројугословенско движење.
Затоа што беа бирократи, кои сакаа да уживаат во генералските пензии. Самиот систем бил таков, тој ги пробрал или како такви ги воспитал.
Но ова се непотребни разговори. Актерите беа такви какви што беа. Со падот на социјалистичката атеистичка идеологија од нејзини внатрешни недостатоци немаше можност за одржување на православно-католичко-муслиманска југословенска федерација.
 
Последно уредено:

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.275
Со падот на социјалистичката атеистичка идеологија од нејзини внатрешни недостатоци немаше можност за одржување на православно-католичко-муслиманска југословенска федерација.
CФРЈ не беше атеистичка земја
Кој те лажеше за тоа?? Па МПЦ се здоби со автокефалност во рамките на СФРЈ, соборната црква во скопје се изгради ви време на СФРЈ, крстови се ставаа на гробишта во СФРЈ, си имаше и синод и попови и владици и имами и оџи, звонеа камбани и тогаш и сега.
Ти бе дете, кога си роден?
Ај кажи ми сега Македонија дали е православна или муслиманска земја или муслиманско - православна федерација на две вери и два народа ?
 
Последно уредено:
Член од
14 април 2008
Мислења
1.257
Поени од реакции
914
CФРЈ не беше атеистичка земја
Кој те лажеше за тоа?? Па МПЦ се здоби со автокефалност во рамките на СФРЈ, соборната црква во скопје се изгради ви време на СФРЈ, крстови се ставаа на гробишта во СФРЈ, си имаше и синод и попови и владици и имами и оџи, звонеа камбани и тогаш и сега.
Ти бе дете, кога си роден?
Ај кажи ми сега Македонија дали е православна или муслиманска земја или муслиманско - православна федерација на две вери и два народа ?
Во Југославија вероисповедите беа подредени на социјалистичката атеистичка идеологија. Кога тоа се смени, невозможно беше да останат и да живеат во една држава. Ете истото и во Украина се случува. Секаде каде што компактно малцинство е од друга вера и поминува над 15% таа држава сама за себе е нестабилна.
За второто прашање. Да има две вери, но затоа и толку нестабилно живееме и цело време се прашуваме дали и уште колку време тоа ќе се одржи.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom