Во времето на СФРЈ подобро се живееше... Мит или вистина?

_Tigro-Lion_

Wild Animal
Член од
10 јануари 2012
Мислења
47
Поени од реакции
39
Од твој предходен пост заклучувам дека збориш за 60-та и некоја...
Јас ќе зборам за 15 години порано... кога се првите миграции село-град...

Ако се земе предвид затекнатата состојба на после којзнае колку векови штотуку ослободената Македонија, земја..пљачкана од кој стигнел констатацијата....


е на место.

Што имаме во тоа време... земја штотуку излезена од војна, сиромашен и неписмен народ, така да првите миграции село град се децата од околу 14 години, одат по интернати заради школување.... па се другото со ред... работа, фамилија, дом, покуќнина итн




сиромаштијата не им давала никаков избор... морале да имаат желба и да бидат вредни (за учење и работа)... друг рецепт нема.
...уствари грешам... денес рецептот е да имаш желба да влезеш во некоја партија и вредно со елан да започнеш од дремењето по штабови па да стигнеш до лепеч на плакати итн... тоа у комбинација со лижењето на измиени и неизмиени те доведува до некое работно место... клати врата земи плата... „Македонскиот сон“



немало услови... развојот бил единствената опција.

Како и да ја вртиме..тие бедни, голи, боси и неписмени сељаци ги поставија темелите ја изградија државата и им ја оставија во наследство на денешниве државници, транзиционери и приватизери.
Воне, велиш дека биле желни за школо и за работа, поради тоа што немале друг избор т.е. биле на дното од опстанокот, односно биле сиромашни, кратко кажано !!!
Епа и денеска во ова денешно време има такви, кои се на истиот степен, како што биле нашите родители(но тогаш), па негледам некој особено голем елан и желба за наука и работа, кај овие лица !!!
Изгледа полесно им е да питаат/просат, чепкаат по контејнери и сл. а не да се фатат со наука или пак ако не со наука/образование, тогаш нека отидат да живеат во руралните предели и нека работат со стока и со земјоделие !
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Воне, велиш дека биле желни за школо и за работа, поради тоа што немале друг избор т.е. биле на дното од опстанокот, односно биле сиромашни, кратко кажано !!!
Не... заборавив да пишам .... покрај тоа голем мотивирачки удел има и радоста и еуфоријата дека сме свои на своето и пропагандата (можда е лош зборот) за кревање на еланот и моралот .... дека со обнова и развој на земјата ги чека поубава и подобра иднина, што и не било далеку од вистината....

додаток... сега приметив... за она желни... колку се секавам пишав... морале да имаат (во смисол..немаат друг избор)


Изгледа полесно им е да питаат/просат, чепкаат по контејнери и сл. а не да се фатат со наука или пак ако не со наука/образование, тогаш нека отидат да живеат во руралните предели и нека работат со стока и со земјоделие !
Не заебавај... полесно им е да питаат... доволно е да на некоја прометна раскрсница секоја 10 кола да им даде по 10 денари.... па види... а не ваму ќе ринтаат 10 часа дневно за 300 денари...:D
 
Член од
21 ноември 2011
Мислења
884
Поени од реакции
410
И тоа не ми проаѓа некако. И Бугарите, на пример, се јужни Словени, па во периодот после втора светска УДБ-а и КОС биле прилично агресивни кон тие што се изјаснувале како Бугари. Тито го гледам како прагматик, а не како идеалист. Всушност затоа и бил успешен.

Го имам читано Хитлер и се согласувам дека има сличности во економскиот поглед, особено кај социјалните мерки. Со таа разлика што Хитлер и дава на важност на воената индустрија при неговото владеење. Инаку и во делот на мултинационалните компании и банки не гледам чисто социјалистичко делување на Тито. На пример, Македонија Табак имала интересна соработка со Филип Морис и Бритиш Тобако, ЕМО со некои германски компании, Југославија добивала пари од банките без проблем и уште илјадници такви примери.
---- mislam deka ne e mesto za ova prasanje, ocde prasanjeto e drugo, i ako uste ne nacekaat onie sto ovde pisuvat , valjda po direktiva , sme naebale , uste 3 sata ubeduvanje i dokazuvanje, se fakat za salamkja , pa i ova ke im bidne slamka, ako sakas postavi prasanje na forumot so ovaa tema pa ke diskutirame tamu. doduse se slozuvam so ova napisanoto od tebe, ama temata e sepak dolga
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.818
Поени од реакции
12.308
таман скоро полуматура :D

Во секоја работа има. Но мора да се работи со план, професионално и со желба за успех!
Ми остана "должен" за гаќите доколенки, не знам што се.
И сет овој муабет ќе ти потврди дека погледот кога било поубаво од аспект на стандард и приходи е субјективен, зависно во каква фамилија си се родил -богата, "снаодлива", сиромашна, работничка...сега и во тоа време. Првите двајца нема многу да се замара со тоа дали е лошо или добро За другите муабети за самата држава и развој, далеку сме од она што се создаде во Македонија во СФРЈ. А никој не те чека, светот се развива и гради ;)
 
Член од
16 август 2011
Мислења
64
Поени од реакции
12
Ми остана "должен" за гаќите доколенки, не знам што се.
гаќи доколенки се гаќи до коленици.Како да ти објаснам. Ако си гледал постари филмови кога ќе ги кренат сукњите, има нешто бело меѓунозе, кое насобрано завршува над колена - е тоа е тоа. Нешто слично на нашиве боксерски, само со ластик стегнати над колена, и долги до колена.

И сет овој муабет ќе ти потврди дека погледот кога било поубаво од аспект на стандард и приходи е субјективен, зависно во каква фамилија си се родил -богата,
Затоа зборувавме за просек - ама сите лично почнаа да ги искажуваат искуствата. Сега дали зборуваме за медиана или обичен просек и дали сега или тогаш има повеќе outliers, за тоа треба малку и Gini index. Само што ќе се расправам ко се фатиле за овците и јајцата. И кога ќе им дадеш контра коментар, за тоа колку јајца чинел квадрат земја, или за инфлациите во Југославија, или за немаштијата, и не излезеноста од Југославија, или за недостапноста на други производи и конкуренција, и за не прогресивноста на идеите (затвореност за технологија и слично) , испаѓа дека Јапонски производители за телевизори банкротирале од Нишките (гледај надреалиста). Единствен нормален аргумент напиша кано-еко, дека можеби за различно време зборуваме и дека треба да се анализира времето 60-80та, а јас го анализирам 80-90та. Сите други коментари ветар во магла. Крајно субјективни и неиздржани. Се нешто, не им требало компјутер, не им требало факти. Знаеле. Ко политичари - тоа па тоа. И после мене ми велат - сезнајко сум бил. Јас ништо не извадив од глава - за се ставив и линк до факти. Ама ако - ете јас сум сезнајкото и глупости-тресачот. Затоа се повлекувам од дискусија.

"снаодлива", сиромашна, работничка...сега и во тоа време. Првите двајца нема многу да се замара со тоа дали е лошо или добро За другите муабети за самата држава и развој, далеку сме од она што се создаде во Македонија во СФРЈ. А никој не те чека, светот се развива и гради ;)
Така е - а треба и ние. Јас многу пати го возам братство и единство од почеток до крај. И велам - ех бе Југославија да не беше ти - дали ќе напраеја нешто мочковциве сегашни. А си велам не треба да ве потсетувам за да ви кажам каде има прекини тој пат - т.е. каде не е автопат :) А и си велам, ех бе Југославија, ко ќе напраеше словенија и хрватска нуклеарка - да ми кажиш. А да не ве потсетувам кај нема нуклеарки и кај има проблеми за струја и вода. Не било лошо во Југославија. Но тогаш сме имале дежурен кривец зошто не било подобро. СЕГА НЕМАМЕ. Сега сме ние - ај да се покажиме колку можиме. 20години не покажавме многу. Е ајде де - да се покажиме! На нас е! Ако можеме да сме во ракомет подобри од Словенците (со тренинг и напорна работа и со желба за успех), шо ни фали и во другите работи да сме подобри од нив? И да сме 5ти во Европа? Шо мислиш шо ни фали?

1. Тренинг (Образование)
2. Напорна работа
3. Желба за успех

Ништо друго!

Некои сме спремни тоа да го правиме. Некои не - за жал. Затоа некои не сакаме да живееме во времето на Тито (за ние да тренираме, работиме и постигнуваме) а некои да јадат и да им е убаво - а потоа со генерации да раскажуваат колку било убаво - нишај врата, земај плата.
 

_Tigro-Lion_

Wild Animal
Член од
10 јануари 2012
Мислења
47
Поени од реакции
39
Некои сме спремни тоа да го правиме. Некои не - за жал. Затоа некои не сакаме да живееме во времето на Тито (за ние да тренираме, работиме и постигнуваме) а некои да јадат и да им е убаво - а потоа со генерации да раскажуваат колку било убаво - нишај врата, земај плата.
Друже, тоа клати(нишај)врата-земај плата, го имало одсекогаш и во бившиот систем, а и денеска !
Но ипак и работеле луѓето тогаш, ако сите си ги нишале(клателе)тоа........вратите де, одкај тогаш толку многу изградени автопати, железници, фабрики, аеродроми, хидро и термо централи, вештачки езера, брани, згради(високи зданија), болници, школи и.т.н. и.т.н. од тоа време, аааа ?!!
А што се изгради во последниве 20год.: неколку км автопат, еден Козјак, една Злетовица, аеродромот не го рачунам, бидејќи тој е под концесија на Турците(ТАВ) и они сами си го реконструираа и дотераа, е сега да точно во многу периферни населби во последниве години се постави канализација(претходно со септички јами), се асфалтираа многу маалски и селски улички ширум државава, се направи жичара на Водно, Милениумскиот крст на Водно, Плаошник во Охрид, се спаси Дојранското езеро од пропаст, пристаништето во Охрид се реконструира(со нови бекатон-плочки), да го спомене и целиот проект Скопје-2014, кој сеуште е во фаза на изградба, потоа пред некое време се пушти во работа и новата Гинеколошка болница во кругот на Скопскиот Клинички Центар, инаку оваа болница беше почната да се гради во времето на Љубчо Г. кога беше на власт, а се отвори за работа дури пред неколку месеци, после цела една деценија(бавна)изградба и.т.н.
Значи и во овие две децении нешто се изградило, но во никој случај неможе да се спореди со оние капитални објекти и инфраструктури изградени за време на бившата С.Ф.Р.Ј. .................... тоа за кај нас, а да земеме да анализираме и за другите екс.ЈУ-републики: Србија, Црна-Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија !
Сите тие фабрики, автопати, аеродроми, високи згради(зданија), стамбени комплекси, хидро и термо-централи, пруги, мостови, нуклеарката-Кршко, болници, школи и.т.н. се изградија во тоа време, во овие две децении и тие: срби, хрвати, босанци, словенци, црногорци...не можат да се пофалат со некој особен успех и на нив целата инфраструктура и капитални објекти им се од она време, а последниве две децении ги поминаа воглавном во војни, раселувања, кризи, поделби и.т.н.
--- надополнето: 29 јануари 2012 во 11:52 ---
Општо земено има огромни разлики помеѓу тоа и ова време !
Во тоа време луѓето биле далеку поскромни, живееле далеку поедноставно, постоело некакво другарство, љубов и доверба помеѓу луѓето. Имало некаква сигурност, под сигурност мислам и на економска сигурност/стабилност, но и на безбедност. Колку-толку сигурна работа, сигурен приход, не многу голем, но сигурен, колку-толку имало некакви работнички права кај секој работник, без разлика дали станува збор за најобичен ѕидар, чистач, копач или пак за доктор, професор, инженер и.т.н.
А што имаме денеска:
-Работнички права=ЗЕРО(0), море и под нулата !
-Финансиска/Економска сигурност/стабилност=0(компир)
-Пријателство, љубов и доверба помеѓу луѓето(роднини, комшии, колеги,’’пријатели‘‘)=0, денеска доверба и љубов не постои, а ’’пријателство‘‘ да постои сеуште, но само ако помеѓу ’’пријателите‘‘ постои некаков взаемен интерес и ќар, инаку вистинското пријателство и доверба се одамна починати !
-Безбедност=0, порано кола-отклучена да се оставела цела ноќ на сред улица, па никој не ти ја гибал, а денеска од гаража заклучена, па ќе ти ја дигнат ........ порано да се оставеле отклучени(куќа/стан) цел ден и ноќ, пак се спиело мирно, без страв дека некоја будала ќе те провали, испокраде и масакрира .............. а денеска на човек да му е страв да отиде некаде на одмор две-три недели, се чудиш дали ќе си го најдеш домот, онаков каков што си го оставил пред да заминеш ............ ноќно време ако одиш некаде пеш, се пазиш на која улица да поминеш, каде е побезбедно и.т.н.
..........И ред други примери..........................
Со еден збор кажано времињата се сменети не сто, туку милион посто, кон негатива нажалост !
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
718
жесток муабет... жестоко се напаѓа и брани и тој период и овој... ние македонците сме кратковиди... лесно забораваме, лесно попуштаме и лесно се оддаваме на туѓи идеи... затоа и има ваква жестока дискусија за временски период од сега и до пред 30-40 години... период кој и не е баш така далеку, збориме за една генерација на лиге... што ли ке биде ако запраиме муабет од времето на карпатите... или од времето на ацета наш... факт е дека ова време со она минатото не се споредува, различно е... но изгледа во ова време е прашањето кој како се снашол, колку напор вложил и со колкав ентузијазам настапил во животот.. примери околу мене имам колку сакам, од луге што седат дома и чекаат некој да им се јави на телефон и да ги викне на работа, а има и такви кои работат по миниму 12 саати на ден... едне од овие вториве сум и јас... имам приватна фирма и се ОТЦЕПУВАМ од работење за да обезбедам една нормална живеачка... така било и во минатото, освен оние кои биле на по високи раб. места (во тоа време ги викаа интелектуалци со високи раб. места) остатокот од народот одсабајле идеа во фабрика за платата а попладне во нивчето на копање... и сепак, крајот од денот го завршуваа со песна, уз мезе и ракииче со комшиите, било на тераса (зграда) или во двор (куќи) за рзлика денес што се гледа едно незадоволство меѓу народот.. дали е во прашање можда алчноста? човечкиот нарав за желба за висока нога на живот? незаситеноста на окото? или можеби е желбата за брз успех? е брз успех нема, лесни пари нема... тоа јас го знам, и школо ми е животот... ама по секако во тоа време поубаво се живеело, затоа што лугето пред се биле многу задоволни.... а денес не се... власта тоа многу добро го знае, и се труди да го врати тоа ниво на задоволство... засега е на добар пат, а дали ке успее ке видиме....
 

_Tigro-Lion_

Wild Animal
Член од
10 јануари 2012
Мислења
47
Поени од реакции
39
Друже, те сфаќам што сакаш да кажеш !
И јас познавам мал-милион луѓе и можам да кажам дека секој човек си е посебна приказна за себеси ........... познавам луѓе кои ама баш ништо не фаќаат со раце, дремат по цел ден и нон-стоп плукаат, кукаат, плачат и чекаат некој, некоја ’’месија‘‘ да се спушти од небесата и да им фрли ковчег со злато, исто така познавам и луѓе кои си живеат скромно/просечно, секој ден си одат на работа, си се враќаат дома, си ја гледаат фамилијата и куќата(домот), не живеат на висока нога т.е. не се аздисани !
Мислам дека времињата се исти, но народот не е ист !
Народот се промени во последниве деценија/две и тоа многу, сите сакаат да станат рокфелери преку ноќ, без трунка работа и штедење, сите сакаат лесен живот(АПЕЛ), сите сакаат живот на висока нога т.е. со еден збор кажано постои голема аздисаност денеска, не кај сите, ама кај повеќето да !
Е сега секој нема можност т.е. пун-џеб, за да си го дозволи тој ’’модерен‘‘ живот и затоа после настануваат проблеми у смисол на постои голема завист/љубомора помеѓу луѓето, немање вистинско пријателство и доверба, насилство, грабежи, убиства, тепачки и.т.н. А патот кон подобар живот се знае кој и каков е, само со арбајтен и арбајтен и секако мора да се води сметка т.е. малку штедња не е лоша работа, непотребните трошкови(луксузи) мора да се исфрлат, ако се сака некаков економски просперитет по дома, ако не ЈБГ !
 
Член од
8 јули 2011
Мислења
265
Поени од реакции
202
Da nadovrzam na ovaa tema pogledajte go ovaa video za da svatite kako se ziveese vo bivsa jugoslavia.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom