Гледам одамна не е дискутирано на оваа тема, ама сепак се надевам дека некој ќе го прочита ова и ќе ми помогне да најдам решение.
Ги имам оние ѓубриња од мравкишта, мали црвенкасти, се појавуваат од кај ти душа сака, од ѕид, од гипс картон, од паркет, а бе од се и сешто.
Нив ги нарекуваат фараон мравки или фараонски мравки, ѓубрињата ги имам исклучиво во кујната и во шпајзот, во лето ми се појавуваат и во собата, од доста оправдана причина бидејќи, денешната соба порано ми беше трпезарија која излегуваше на тераса. Прво ја заградив терасата до половина пред едно 8 години, и се си имав под контрола, бидејќи ќе излезев на терасата, ќе посипав со тој Нео Питроид прашокот и за 2-3 дена ги снемуваше. Сега ова летово што измина ја заградив терасата до крај, па наместо да го малтерисаат ѕидот, ставија термоизолација од стаклена волна покриена со гипс картон. А исто така и рамките на прозорците се дрвени, и овие ѓубрињава си влегуваат кога и како им душа сака.
Ме изненадува тоа што во последно време ги гледам и во тоалетот и во купатилото кои се во две одделени простории.
Тој Нео Питроид прашокот помага, ама ѓубрињава ќе се преселат на некое друго место во просторијата, ако сум ставил од прашокот во креденецот со чинии, чашки и шолји за кафе, ѓубрињата најкомотно ќе се преселат во садоперата, или кај бојлерчето или на некое друго место.
Преку глава ми дојде од тоа постојано да ги бркам со Нео Питроид прашокот, проблемот е во тоа што премногу се чувствителни на прашокот и веднаш умираат, не успеваат да го донесат во дувлото за да се испотрујат сите таму. И да исчистам и да ставам повторно од прашокот, ѓубрињата нема да поминат таму, туку најкомотно ќе се преселат на некое друго место во просторијата.
На Интернет читнав дека имало некаков добар отров кој можел да се подготви од борска киселина и нешто благо што мравкиштата го јадат.
Да не е некој запознаен со ова, или пак имал ли искуство со ваков метод ?
Па овие ѓубрињава ми дојдоа преку глава.