Во Грција дискутират дали да свикаат референдум за излегување од еврозоната

Член од
13 декември 2009
Мислења
1.307
Поени од реакции
647
Ако Грција излезе од еврото , ќе биде во полоша ситуација од нас. Така да, единствено може да ја избркаат од еврозоната, а овие приказни за референдуми, како да сум ги слушнал некаде, нешто со децентрализација мислам дека беше.
 
Член од
12 април 2010
Мислења
10.060
Поени од реакции
15.032

мене ми е страв само ако банкротира Обединетото кралство.....
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.466
Поени од реакции
18.472
Реков пред неколку дена дека Грција излегува од Еврозоната и тоа не е прашање на месеци, туку на недели.

Германија нема избор, Грција нема избор, Европа нема избор, тоа е.

На Меркел и се врзани рацете, не може да дели помош од ракав, рејтингот е појден УПМ, така да нема друго. Европа ако реши да дава уште ќе биде џабе, не можат грциве ништо да средат, никакви цели да исплнат.

Сега само гледаат да биде тоа со што помалце последици.
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.462
Поени од реакции
5.881
Нема Македонија никаква придобивка од кризата во Грција , економските проблеми водат кон национализам , тежок вид , нешто како Македонија , економијата на патарици , а национализмот Хусеин Болт.

Па и да речат Грците дека ќе продадат острови и градови , пак ништо за нас, ние земаме заем за изградба на автопат од 30км ,па како би купиле грчки остров.
Или на пример како би го купиле посакуваното и опеаното Солунско поле , и по 1евро/м2 да го дадат , немаме пари да го купиме.
 

fenomen

Сезнајко
Член од
17 јули 2008
Мислења
387
Поени од реакции
51
Ме интересира дали ќе значи нешто конкретно и за банкарскиот систем во МКД, затоа што најголемата банка СТБ-Скопје е под јуриздикција на НБ на Гејлада? :confused:
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.179
Поени од реакции
18.253
Не верувам дека Германија и компанија ќе си ги прежалат парите туку така и им одговарат држењето на комшииве во финансиско заложништво.Нивната економија нормално дека е поврзана со нашата (ни се свиѓало нас или не) ,ама грешките се напраени пред десетина години и константно оттогаш.Ние продававме капитални државни објекти со бенефиции ,а секоја здрава економија не би продавала над 49% од такви објекти.
Еве и нив пристаништето во Солун им е на продажба ,ама 51% акции се задржани за нивната влада.Значи:

Македонија треба да ја искористи шансата да учествува во приватизацијата на пристаништето во Солун, но притоа не смее да ја запостави стратегиската определба за изградба на алтернативниот транспортен коридор во правец исток- запад. Ова е општата оценка на деловната и стручната јавност во земјава на најавите дека грчката влада в година ќе понуди на продажба пакет со 24 отсто од капиталот на компанијата што оперира со Солунското пристаниште. Со тоа, приватниот капитал во пристаништето би се зголемил на 49 отсто, а мнозинскиот пакет би останал во сопственост на грчката држава.

Нашите соговорници посочуваат дека треба добро да се измери дали нашето стопанство ќе има доволно корист ако платиме околу 24 милиони евра, колку што според сегашните берзански цени вреди пакетот акции. Со тоа, ќе обезбедиме место во одборот на директори на компанијата што управува со пристаништето, но нашиот претставник не би имал големо влијание во одлучувањето. Нашето учество во раководството на пристаништето може да резултира со пониски цени за македонските компании, но од друга страна, факт е дека ако штрајкуваат грчките цариници, железничари или пристанишни работници, тогаш е џабе и да си газда на целото пристаниште.

СОС од Солун

Заменик-генералниот директор на пристаништето, Емануел Михалидис, неодамна ги повика македонските компании да учествуваат во приватизацијата.

- Сметајте го Солунското пристаниште како свое зашто е најдобро решение за компаниите од „вашата земја“ - изјави Михалидис за време на нашата посета на Солун.

Според него, за да се продлабочат врските и соработката, властите во Скопје и во Атина мора да седнат на заедничка маса и да ги решат проблемите со железницата и царината кои го отежнуваат бизнисот. Тој за в година најави нови инвестиции во вредност од 250 милиони евра и попусти за карго-транспортот за македонските фирми.

Во македонската Влада велат дека досега не е разгледувана можноста државата да влезе во процесот на приватизација на Солунското пристаниште или да застане зад конзорциум од наши фирми кои би го купиле пакетот акции.

Македонските фирми, посебно извозниците и увозниците на габаритен товар, отсекогаш се најдобрите муштерии на Солунското пристаниште, кое поради близината и изградената транспортна инфраструктура е најдобрата варијанта за пристап до светските пазари. Солунското пристаниште е главна морска врата низ која поминуваат челикот, фероникелот, пченицата, цементот или коксот, кои се увезуваат или извезуваат од Македонија. До пред грчката криза во 2008 година, дури 70 отсто од превезениот товар бил од или за Македонија, а лани бил 43 отсто.
 
F

FilipMacedon

Гостин
Да беше Грција во ваква економска состојба 90тите,немаше да имаме ткн проблем со името,така да секако е во наша ПОЛИТИЧКА полза Грција да е економски слаба(ке има со што да се уценуваат,нема веќе екстра-кеш за странски професори да го шират грчкиот хеленистички мит и конечно нашите таму ке можат малку од малку да здивнат)...
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.466
Поени од реакции
18.472
Да беше Грција во ваква економска состојба 90тите,немаше да имаме ткн проблем со името,така да секако е во наша ПОЛИТИЧКА полза Грција да е економски слаба(ке има со што да се уценуваат,нема веќе екстра-кеш за странски професори да го шират грчкиот хеленистички мит и конечно нашите таму ке можат малку од малку да здивнат)...
Се надевам дека барем тоа ќе биде позтивен исход од ова, само многу пари од ова кредитиве се преточија во приватни раце, па сега може со тие пари да финансираат.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Нема да свикаат реферндум, ќе им дадат трет пакет на помош а со тоа ќе распродадат се што е останато од острови до шуми, водоводи, рудни богатства итн.
 

acetetovo

Македонец!
Член од
1 мај 2007
Мислења
4.002
Поени од реакции
2.375
Ako grcija ne izleze grcija od evrozona, potocno nema mehanizam kako ce ja isklucat. Germanija sama ce si ja vrati markata, jes da se bogati svabite ama non stop da se dava pari niz cela evropa nema smisla.
 
Член од
16 декември 2009
Мислења
1.324
Поени од реакции
1.167
Како онаа народната "Дала баба пара да се фати на оро а давала две да излезе".
Грција веднаш би излегла од еврозоната и би прогласила банкрот но не и даваат западните и "пријатели" зошто тоа веднаш би значело и банкрот на нивните најголеми банки.
Тие (западот)никогаш и ништо не даваат туку гледаат како да ти земат нешто(тој што бил и го видел малку поубаво западното општество т.е. луѓето кој го водат знае кој се тие).
Во Грција е извршен невиден грабеж на западните банкари и неколкуте водечки грчки семејства кои се менуваа на власт во изминативе 2-3 децении.Цели 340 милијарди евра е долгот кој треба народот таму да го враќа а многу малку видел од тие пари.
Грчките демонстрации се ништо во споредба со грабежот кој е сторен врз нивната држава која сите тие ќе треба да го враќаат.
 

аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.381
Поени од реакции
2.522
Како онаа народната "Дала баба пара да се фати на оро а давала две да излезе".
Грција веднаш би излегла од еврозоната и би прогласила банкрот но не и даваат западните и "пријатели" зошто тоа веднаш би значело и банкрот на нивните најголеми банки.
Тие (западот)никогаш и ништо не даваат туку гледаат како да ти земат нешто(тој што бил и го видел малку поубаво западното општество т.е. луѓето кој го водат знае кој се тие).
Во Грција е извршен невиден грабеж на западните банкари и неколкуте водечки грчки семејства кои се менуваа на власт во изминативе 2-3 децении.Цели 340 милијарди евра е долгот кој треба народот таму да го враќа а многу малку видел од тие пари.
Грчките демонстрации се ништо во споредба со грабежот кој е сторен врз нивната држава која сите тие ќе треба да го враќаат.
точно никој не дава пари на поклон а западњациве па да не збориме ама има друга работа. - западнните држави имаат многу вложено во грција т.е премногу и се обидуваат да ја спасат затоа што тоа е за нивно добро т.е за доброто на грците регионот и доброто на европската унија но сега едноставно се нема излез. се повеќе треба да даваат и да даваат и да даваат а тоа никој не го сака и на некој начин се принудени да се тргнат од грција и да си чекаат само да им ги вратите - кога тогаш.
инаку бранкротот ке се одрази лошо врз врз македонија гледано од економска состојба и тоа е дефинитивно неизбежно. П.С знае ли воопшто некој што се случува во држава која прогласува банкрот? тоа е дефинитивно страшан работа - државните служби може да се случи да работат буквално за беспари т.е само колку да може да се прехрани за утре пак да дојде на работа ( во буквална смисла на зборот )
и незнам колку е точно ама овој банкрот мислам дека и е втор на грција? барем од постариве така слушам е сеа дали за инат зборат дали е вистина прашајте па споделете мислења
 

Kajgana Shop

На врв Bottom