Мислиш дека мобилизираа 300 илјади само за да го држат фронтот и да не губат повеќе територија?
Што знам, некако не ми делува дека само ќе се пушкараат за ниви цело зимо. Сите знаци посочуваат кон зголемување на огнот.
-------------------------------------------
@Таксист
Револуција може да има ако Русија потфрли комплетно воено и бидат понижени што не верувам дека ќе се случи.
Кинезите знаат дека ако паднат Русите тогаш они се следни на ред и ќе можат да се збогуваат со "One China Policy" и тогаш ќе треба да спремаат лубриканти за уште "сто години на национално понижување".
Индија си го гледа својот двор и што е најдобро за нив, лесно може да сменат наклонетост.
Иначе со поразот на САД во Сирија почна да се руши униполарниот свет и да се создава мултиполарен. Ја мислам дека ќе има повеќе центри на моќ во светот со што САД ќе се пак бр.1, Кина на блиско второ и Русија на далечно трето место. Па после идат Индија, ЕУ (ако преживее), Јапан, и регионални сили како Иран, Турција, Саудиска, итн.
Е сега дали овој свет со повеќе зони на влијание ќе се создаде преку светска војна или преку неколку прокси војни како Украина и Сирија, не знам. Се надевам на второто.
За П.С. делот, мислам дека одговорот лежи во "меката моќ" што ја спомна на почетокот. Цел живот на тие луѓе им се сервира идејата дека русите се злобни, орки, нецивилизирани, и кога тогаш ќе посегнат кон источна Европа. Епа ете се случи, ја нападнаа Украина. Како и зошто дошло до тоа небитно, важно се што кажа западот се исполни