Настрана советските генерали... Како ќе дефинираш што е лажњак а што „јадење стап“? Колку војници ќе погинат, како што си напишал? Пошто ако тоа е критериумот за правење разлика меѓу лажњак и пораз, во досегашниов тек на војната РФ сеуште немаат „изедено стап“ и катастрофи со многу изгубени војници.
Па тоа е финтата, тешко е да дефинираш и да дистанцираш. Ако беше лесно немаше да биде успешно
сите ќе препознаевме
Има само еден мал индикатор што не секогаш одговара за споредба.
Силите посветени на лажњакот треба во многу брзо време да бидат ослободени или заменети. Лажњакот е битен да го убеди непријателот дека најсилните единици ги посветуваш токму во главниот напад, кој испаѓа дека не е главен напад. Но тие најсилни единици се многу лошо употребени ако тапкаат во место, нивно регрупирање веднаш по иницијалниот лажњак е јасен индикатор дека токму таа акција е диверзија, pin down of forces action, индиректен напад на непријателската логистика.
Во ни еден од нападите во Украина на двете страни тоа не го видовме, што за мене е показател дека е типот на Советска доктрина на оперативно размислување.
Пример, нападот на Франција од Хитлер, или поточно смислен од Гудеријан и имплементиран од Фон Манштајн направиле лажњак дека ќе го повторат планот од ПСВ со напад преку БеНеЛукс за да ја избегнат линијата Мажино. Они го прават нападот со две панзер дивизии (меѓу другото) и целата падобранска единица (Фолшемјаге) и едно чудо пешадија. За сметка на тоа прават пробив преку Ардените и доаѓаат од зад грб на Сојузниците кои се веќе тргнати да ги пресретнат единиците на лажњакот во БеНеЛукс и сами се ставаат во ситуација да се опколени.
Недела ипол по првиот истрел, сите сили на диверзијата се прегрупирани и пратени длабоко во Франција - према Париз. Само така ќе знаеш дека е лажњак, бидејќи целта што тие требало да ја постигнат, ја постигнал некој друг, па брз маневар се прави.
Русите што постигнаа во Киев? Украинците што постигнаа во Херсон?