Војна во Украина (исклучиво воена перспектива)

Член од
16 октомври 2020
Мислења
2.626
Поени од реакции
5.558
Јас мислам дека нема да нападнат. Можеби сум грешка, можеби не ама нема поента. Доволно е да завлечат многу трупи потребни за чување на границата наместо да зајакнат други фронтови.
 

INDIJANEC123

Женкар, Илуватар
Член од
17 март 2014
Мислења
3.815
Поени од реакции
6.373
Белорусија се пожалила дека Украина има многу натрупано војска долж нивната границата.

Вистина е ова дека Украина има толку многу војска или е претекс за Белорусија да влезе во војна?

Ако Белорусија се вклучи во војната и ја нападне Украина дали е тоа моментот кога и Нато ќе реагира спрема Белорусија и за да се покаже сила на Русија.
Иста шема ќе направат како полјациве, со руски униформи ќе влезат и готово.
 
Член од
16 октомври 2020
Мислења
2.626
Поени од реакции
5.558
Air alert declared in almost all regions of Ukraine – media

Тоа е цената на терористичките напади врз цивили...
 
Член од
3 септември 2020
Мислења
356
Поени од реакции
1.461
Десетина амбасади и наредија на своите да се прибират од Киев...
Ке има бомбардирање Next Level...
 

Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.693
Поени од реакции
28.204
Десетина амбасади и наредија на своите да се прибират од Киев...
Ке има бомбардирање Next Level...
Нека има бомбардирање и тоа што појако,ако сакаат Русите образ да си обелат.Ако не,со држави од рангот на Португалија ке ги смета остатокот од светот
 
Член од
16 октомври 2020
Мислења
2.626
Поени од реакции
5.558
Чим и Зелениот признава дека е многу тешко во Бахмут, тоа значи дека Вагнер навлегле добро во него.
 
Член од
1 ноември 2005
Мислења
2.142
Поени од реакции
1.256
Нека има бомбардирање и тоа што појако,ако сакаат Русите образ да си обелат.Ако не,со држави од рангот на Португалија ке ги смета остатокот од светот
Nema shto Rusite da obeluvaat obraz od prosta prichina shto 200 000 vojska se nosi so milion NATO armja so neogranichen dotur na oruzhje i oprema, barem do sega. NATO treba da go obeli obrazot...tolku pari i tolku oruzhje se frli vo taa crna dupka Ukraina i pak nishto. Prashanje e dali NATO ke ostane kakvo shto e koga seto ova ke zavrshi.
 
Член од
3 септември 2020
Мислења
356
Поени од реакции
1.461
❗Итно
Москва на сите сојузници во ОДКБ им препорачала итно да ги евакуираат своите граѓани од територијата на Украина
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.498
Поени од реакции
27.316
Јас типувам дека главниот удар на Русите ќе биде Николаев и/или Одеса, евентуално Днепропетровск. Многу некако театар се прави на север.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.721
Поени од реакции
33.966
Лажњак на лажњак? ;)
Северен фронт може да значи изолација барем на половина од коридорите кон запад, и другата половина да биде ранлива.

Сето ова под услов да сакаат побрзо да ја завршат војната, што некако не ми се чини дека е случај. Ќе гледаат зимава барем да потрае војната (за ЕУ да се распадне по сите шавови). На РФ не им одговара пропаст на ЕУ, ама ваква вазалска ЕУ која е самоубиствена во сервилноста? Очигледно се надеваат на промени.
 

Klinton

wanna BOMB?
Член од
11 април 2010
Мислења
2.832
Поени од реакции
4.536
н не го даваат никако, тоа ќе биде и стратешко потфрлање, и медиумско. Погоре кај Лиман тој реон изгуби на стратешка важност уште кога Русите запреа
Украинциве имаат 60к во Херсон, 60к во Запорожје и имаа 60к во Харков офанзивата.
Можат буквално на трите места да нападнат наеднаш.
Русија барем уште еден месец нема да прави голема офанзива.
Дали ќе успеат за тој месец да се одбранат од 180к војска ќе видиме.
Советска доктрина вели дека офанзива се отвора на широк фронт, фронтален напад. Од кога ќе се развие офанзивата некаде ќе има пробив а некаде ќе го јадат стапот. Таму каде што ќе има пробив ќе се истурат сите резерви и ќе се експлоатира до максимум. После пробивот, консолидација и реорганизација, па повторување на истото.
Русија го направи тоа во февруари на почетокот на војната.
Украина го направи во септември со пробивот во Харков.
И двете страни тврдеа дека јадењето стап на други фронтови беше лажњак. Оваа стара доктрина датира од ВСВ и е омилен метод на Жуков да се претстави како безгрешен и беспрекорен генерал, а во реалност на Рокосовски може вода да му носи во дупнато легенче.
Прави многу логика, бидејќи им потреба да пробие на едно место од 3-4, па шансите му се добри да не ја изгуби главата. Ама за сметка на тоа едно чудо војници ја губат главата.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.721
Поени од реакции
33.966
И двете страни тврдеа дека јадењето стап на други фронтови беше лажњак. Оваа стара доктрина датира од ВСВ и е омилен метод на Жуков да се претстави како безгрешен и беспрекорен генерал, а во реалност на Рокосовски може вода да му носи во дупнато легенче.
Прави многу логика, бидејќи им потреба да пробие на едно место од 3-4, па шансите му се добри да не ја изгуби главата. Ама за сметка на тоа едно чудо војници ја губат главата.
Настрана советските генерали... Како ќе дефинираш што е лажњак а што „јадење стап“? Колку војници ќе погинат, како што си напишал? Пошто ако тоа е критериумот за правење разлика меѓу лажњак и пораз, во досегашниов тек на војната РФ сеуште немаат „изедено стап“ и катастрофи со многу изгубени војници.
 

Klinton

wanna BOMB?
Член од
11 април 2010
Мислења
2.832
Поени од реакции
4.536
Настрана советските генерали... Како ќе дефинираш што е лажњак а што „јадење стап“? Колку војници ќе погинат, како што си напишал? Пошто ако тоа е критериумот за правење разлика меѓу лажњак и пораз, во досегашниов тек на војната РФ сеуште немаат „изедено стап“ и катастрофи со многу изгубени војници.
Па тоа е финтата, тешко е да дефинираш и да дистанцираш. Ако беше лесно немаше да биде успешно :) сите ќе препознаевме

Има само еден мал индикатор што не секогаш одговара за споредба.
Силите посветени на лажњакот треба во многу брзо време да бидат ослободени или заменети. Лажњакот е битен да го убеди непријателот дека најсилните единици ги посветуваш токму во главниот напад, кој испаѓа дека не е главен напад. Но тие најсилни единици се многу лошо употребени ако тапкаат во место, нивно регрупирање веднаш по иницијалниот лажњак е јасен индикатор дека токму таа акција е диверзија, pin down of forces action, индиректен напад на непријателската логистика.

Во ни еден од нападите во Украина на двете страни тоа не го видовме, што за мене е показател дека е типот на Советска доктрина на оперативно размислување.

Пример, нападот на Франција од Хитлер, или поточно смислен од Гудеријан и имплементиран од Фон Манштајн направиле лажњак дека ќе го повторат планот од ПСВ со напад преку БеНеЛукс за да ја избегнат линијата Мажино. Они го прават нападот со две панзер дивизии (меѓу другото) и целата падобранска единица (Фолшемјаге) и едно чудо пешадија. За сметка на тоа прават пробив преку Ардените и доаѓаат од зад грб на Сојузниците кои се веќе тргнати да ги пресретнат единиците на лажњакот во БеНеЛукс и сами се ставаат во ситуација да се опколени.
Недела ипол по првиот истрел, сите сили на диверзијата се прегрупирани и пратени длабоко во Франција - према Париз. Само така ќе знаеш дека е лажњак, бидејќи целта што тие требало да ја постигнат, ја постигнал некој друг, па брз маневар се прави.
Русите што постигнаа во Киев? Украинците што постигнаа во Херсон?
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.721
Поени од реакции
33.966
Па тоа е финтата, тешко е да дефинираш и да дистанцираш. Ако беше лесно немаше да биде успешно :) сите ќе препознаевме
Па не кажуваш јасно критериум како „препознаваш“. Мене тоа ми личи на толкување. :)

Според мене сите овие „технички“ дилеми се излишни во вакви и лаички ама и реални дискусии. По мене треба да се гледа дали нешто е успешно или не е.

Така да ако сакаш да размислуваш дали Русите успеале да го освојат Киев - секако дека не биле успешни. Дури нема ни да навлегувам во правец колку е објективно реално да тврдиш дека навистина со 30К војска отишле да го освојуваат Киев.

Но дали истовремено биле успешни на друго место? Киевскиот лажњак (ти пораз наречи го) дали влијаел на одвлекување украински ресурси за справување со тој руски продор? Дали тоа влијаело на исходите кај јужниот фронт? Епа пошто одоговорот на трите прашања објективно е ДА, тогаш за мене заклучокот е дека Русите ОПШТО биле УСПЕШНИ. Без разлика на дефинициите за лажњак и за јадење стап, кои се извесно неважни во однос на реалноста на настаните.


Русите што постигнаа во Киев? Украинците и Русите што постигнаа во Херсон?
Ова малку го сменив. Сега го имаме вистинското прашање кое дава недвојбено јасен и точен одговор за текот на војната.

едит: Aко го гледаш само Киев, тогаш не ја гледаш целата војна... Со други зборови, треба да се прошири видикот (во случајов не само на цела Украина, туку и на цела планета).
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom