едно е да освоиш територија, друго е да ја одбраниш и задржиш.
Украинците покажаа дека знаат да удрат, браво. После иницијалниот удар следат две сценарија:
Целосно зајакнување на ударот со резервни сили, втор продолжен удар како втор бран....
Проширување на пробиената територија, консолидација и реорганизација. По што следи нов бран или укопување за одбрана на освоеното.
Русите се комплетно изненадени или играат флексибилна одбрана. Тоа ќе го видиме за три четири дена. Ако играат флексибилна одбрана, оставаат слаба предна линија, што се состои од повеќе фазни линии, што ќе бидат појачани од повеќе баталјони кои се високо мобилни ( механизирани пешадии, оклоп, рекетна артилерија, итн). Тие баталјони се држат во позадина, подалеку од фронтот но блиску до многу различни фронтови линии (FLOT - Forward Line of Troups, не фронт како theater). Поентата е дека имаат слаба но пристојна одбранбена линија и јака ударна резерва за јака контра офанзива штом непријателот се испружи и стане ранлив.
Сметам дека следи консолидација и реорганизација на Украинците, при што би биле доста ранливи, но моментално ранливи се колоните руски возила испратени кон фронтот за контранапад. Ќе ја добие битката тој што ќе биде побрз и пофлексибилен. Украинците можат многу сметки да поматат со ГМРЛС. Останува да видиме кој поголема прагматичност ќе покаже и кој има повеќе резерви за мелницата на месо.
За тие што скакаат дека Изјум ќе биде отсечен. Мариупол беше не отсечен туку опколен цели два месеца. Цели два месеца издржа војска да одолее на неверојатна огнена супериорност и од небо и од артилерија. Ништо не е готово додека не е готово.