Војна во Украина (исклучиво воена перспектива)

  • Креатор на темата Креатор на темата Vanlok
  • Време на започнување Време на започнување
Очекувам да се објасни дека ова е тактички мастермајнд, а не бламажа на Русите. :kafence:
1 месец го освојуваа Изјум и го изгубија за пола ден. Некако ми е чудно затоа што имаа доста војници таму.
Каква бламажа мал збор е тоа, масакар по ова што го читам.
 
Каква бламажа мал збор е тоа, масакар по ова што го читам.
Па незнам дали е масакар нема некој извештаи за страшни загуби, ама и те каков пораз е за Русија. Доста опрема имаат оставено. Украинците го добија моментумот и има да притискаат колку што можат. Сега со ова моралот и те како им е зголемен.
 
Изум падна
После Сенкове и Кипјанск, Изјум е логистички отсечен (железницата иде преку реката кај Сенкове) и има опасност да биде опколен. Повлекување е логична одлука.
 
Има инфо колку војска изгубиле?
Упте нема бројки, руската војска оставила мн техника зад себе, има побуна, бараат прогласување војна со Украина или нема да се борат. Најгласни се Спецњаз.
 
немаат загубено војска пошто не ни имало некоја значителна бројка војници. Али многу територија им отиде.
 
Украинската армија ја продолжува победничката офанзива

Украинската армија продолжи да ја развива својата офанзива и оперативен успех и на тактичко и на стратешко ниво. За само 4 дена срушен е целиот руски фронт во Харковската област.
Правилните правци на напад и ударните механизирани единици ја завршија својата работа, побрзо и од тоа што Киев и НАТО го планирале
- голем стратешки пораз на руската армија
- украинската армија после Балаклеја воспостави контрола и над Купјанск, стратешкиот град раскрсница (железница + пат), и на Изум. Започна битката за Црвениот Лиман. Според некои извори руската армија се повлекла и од Црвениот Лиман.
Официјално може да се објави дека целиот фронт е срушен
- руските единици кои беа испратени на помош и да го задржат фронтот не се справија со задачата. Наредено е повлекување на целата група армии и на изградба на нова одбранбена линија во длабочина. Најголем дел од единиците се повлекуваат организирано и во колони, но има и случаи на бегство и оставена техника и позиции
- немало никакви одбранбени линии од руска страна, плус мал број на воени единици на овој правец. Ужасна работа и фијаско на военото разузнавање, плус лажни извештаи, лошо воено планирање и подготовка
Оваа успешна операција на украинската армија ќе се изучува, како операција каде што правилно е извршена комбинација на военото разузнавање, планирањето на операцијата, предноста во артилерија и оклопна техника, и мотивирана пешадија.
Сето тоа вроди со плод и доведе до тактичка и стратешка победа на украинската армија
Преземен е статусот од дечко кој работи и живее во Русија
 
овие изгледа што ги пуштиле се тазе дипломираните од германија и енглеска. Доколку русиве имале утврдени позиции ова би било фијаско за украина од тешки размери, али пошто немале ништо утврдено, ќе се збори со децении како голи пишчоли ослободиле 2000км квадратни за пар денови.
 
едно е да освоиш територија, друго е да ја одбраниш и задржиш.
Украинците покажаа дека знаат да удрат, браво. После иницијалниот удар следат две сценарија:
Целосно зајакнување на ударот со резервни сили, втор продолжен удар како втор бран....
Проширување на пробиената територија, консолидација и реорганизација. По што следи нов бран или укопување за одбрана на освоеното.

Русите се комплетно изненадени или играат флексибилна одбрана. Тоа ќе го видиме за три четири дена. Ако играат флексибилна одбрана, оставаат слаба предна линија, што се состои од повеќе фазни линии, што ќе бидат појачани од повеќе баталјони кои се високо мобилни ( механизирани пешадии, оклоп, рекетна артилерија, итн). Тие баталјони се држат во позадина, подалеку од фронтот но блиску до многу различни фронтови линии (FLOT - Forward Line of Troups, не фронт како theater). Поентата е дека имаат слаба но пристојна одбранбена линија и јака ударна резерва за јака контра офанзива штом непријателот се испружи и стане ранлив.

Сметам дека следи консолидација и реорганизација на Украинците, при што би биле доста ранливи, но моментално ранливи се колоните руски возила испратени кон фронтот за контранапад. Ќе ја добие битката тој што ќе биде побрз и пофлексибилен. Украинците можат многу сметки да поматат со ГМРЛС. Останува да видиме кој поголема прагматичност ќе покаже и кој има повеќе резерви за мелницата на месо.

За тие што скакаат дека Изјум ќе биде отсечен. Мариупол беше не отсечен туку опколен цели два месеца. Цели два месеца издржа војска да одолее на неверојатна огнена супериорност и од небо и од артилерија. Ништо не е готово додека не е готово.
глупо е да се цитирам себеси ама ме фаќа возбуда колку добро го изведоа ова Украинците, класична диверзија и напад. Браво. Не мислев дека можат последователен бран врз бран но по се изгледа сите ние ги потценивме Украинците по втор пат.
Само мене ли ме потсеќа ова на Еѓипетско сценарио за Јом Кипур?
 
Последно уредено:
овие изгледа што ги пуштиле се тазе дипломираните од германија и енглеска. Доколку русиве имале утврдени позиции ова би било фијаско за украина од тешки размери, али пошто немале ништо утврдено, ќе се збори со децении како голи пишчоли ослободиле 2000км квадратни за пар денови.
Русиве не беа свесни за 6 месеци дека нато е во Украина и има 20-30к странски војници?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom