Војна во Украина (исклучиво воена перспектива)

The xx

Russia state-affiliated bot. ☑️
Член од
8 април 2013
Мислења
6.102
Поени од реакции
11.480
Се работи за саботажа. Излегоа МО Руско. Јбг добра пара дава запад.
 
Член од
2 октомври 2018
Мислења
93
Поени од реакции
196
Да видиме до кај сме:

Битката за Донбас не за џабе беше најавувана како „да се биде или не“ од страна на украинциве. Со голема концентрација на трупи, техника и западна воена помош, ќе се обидат да ги спречат русите. Засега не им оди по планот.

Ukraine War, 20–21 May 2022. Good morning everybody! | by Tom Cooper | May, 2022 | Medium

Русите веројатно ЛНР целосно ќе ја имаат во следниов месец, а ДНР треба да се среќни ако го освојат до крај на летово. Тоа во сценарио да е стабилна власта во Киев, континуирана помошта од запад и да нема масовно дезертерство. Киев најавуваше голема контраофанзива на крај на лето, но последниве денови после падот на Азовстал, ја омекнаа реториката и признаваат дека тешко дека ќе пробуваат да вратат територија што не ја контролирале пред 24/02. Може и блефираат, но во секој случај, офанзива е сосема друга игра од дефанзива и засега Украина нема покажано дека е способна за нешто такво, особено против утврдени позиции на РФ.

Така да ако се движат работиве како последниве 2 месеци на воен план, а на дипломатски да нема ништо ново, очекувам РФ да прогласи крај на втората фаза од специјалната операција на есен и после да објави трета фаза што би значелно политичко и економско интегрирање на Керсон, Запорожје, Донетск и Луганск + континуирани ракетни напади на цели низ Украина, за демилитаризација т.е. да не дозволат доволно голема закана од западната помош во техника.

Одеса мислам дека кога тогаш ќе ја стават на менито. Ништо чудно во 2023 да искористат некоја украинска офанзива како повод за целосно отсекување на Украина од морето и поврзување со Транснистрија.
Луганска област ја освоија, а Донечка дефинитивно не до крај на летово, па би рекол дека Русите треба да се среќни ако успеат во текот на есента да ја исчистат комплетно. Во следниов месец веројатно ќе продолжат постепено да рамнат со земја околу Донецк, со оглед на тоа што и нема цивили во тие населени места, па можеби од југ да одат на Константиновка. Паралелно и да ги завземат Бахмут и Соледар каде веќе се водат улични борби (слично сценарио како Северодонецк и Лисичанск). За есен, ако Украина стои на планот да го брани Донбас по секоја цена, ќе остане битката за Славјанск и Краматорск.

922014_full.png

Украинските најави од пред неколку месеци за Херсонска контраофанзива во текот на летово и пресврт не се материјализираа, т.е. имаше обиди, но недоволни за ништо сериозно. Можеби и затоа отидоа на опција Б што е и логична и повеќе треба да ја користат, со саботажи, ракетни и напади со дронови на разни цели во РФ и изгубените територии. Дали тоа ќе има влијание на потезите на РФ е тешко да се каже, ама од досегашно искуство, РФ не се води од дневни и ПР причини, така да некоја одмаздничка акција или ескалација од нивна страна не очекувам.

Интересно е што Русите повторно некои миниофанзиви прават околу Харков, што може да значи дека ако нема некое дипломатско решение, Харков и евентуално Суми ќе го спремаат за третата фаза негде на зима. Како причина може да ја искористат заштитата на Белгородска и Курска област во РФ.
 
Член од
14 август 2018
Мислења
4.628
Поени од реакции
10.296

Прегледај го приврзокот 342134

Генерално се согласувам, иако мислам дека многу песимистичка ти е проценката.
Моментално борбите се водат и се пробива најутврдената фронтовска линија на светот! Линија по линија, ни 38°паралела не е волку утврдена како фронтот во западен Доњецк.
Да вратиме само еден месец(и пол) уназад и ќе се потсетиме колку и какви линии пробија русите за да стигнат до тука…
Ако ја пробијат линијата:Мариинка-Авдеевка-Бахмут-Соледар-Северск, а прашање на денови е само, а не дали…
Останува уште само една линија од Славјанск-Крематорск и прерии на запад!
Мислам дека таа полесно ќе падне, оти Славјанск е веќе под директен напад, а и ќе им се отвори на русите маневарски простор, па може и да одат на заобиколување!
Мислам и се надевам дека уште пред есента ова ќе им успее на русите.
Второ, на север кај Харков повторно напаѓаат!
Дали стварно пробиваат, или само сакаат да го намалат притисокот на Донскиот и Херсонскиот фронт, знаат само неколку луѓе на светов! Меѓутоа со русите никогаш не се знае, па очекувам и некое изненадување…
Искрено(кога јас би бил генерал), не би форсирал сега накај Миколаев и посебно не Одеса, туку би го користел празниот и бришан простор во Доњецк за брз маневарски рат и би одел на заобиколување на Харков! Го имаат небото, имаат тенкови, имаат се. Дњепар и Верскиа се реки и природни препреки на запад што лесно може да се стигне до нив, и да се искористат како природна заштита! Прво Харков!
А што ќе направат русите, допрва ќе видиме…
 
Може и да е побрзо, има информации дека пожестоко почнале околу Донецк и Соледар. Се зависи од тоа колку ризици сакаат да превземат Русите и колку брзо и ефективно го чистат теренот претходно со артилерија.

Што се однесува на делот за празен и бришан простор, мислам дека такви екскурзии нема да прават, освен во случај на голема офанзива и воздушна операција, како и официјално преминување во војна. Сега засега РФ оди претпазливо, секое движење во непријателска територија им е ризично поради западното разузнавање во реално време кое го добива ВСУ.

Проблемот е и што немаме информации за локациите на конентрации на украински трупи и техника низ Украина. Освен на фронтот, битно е и каде се фокусирани и утврдени на други места. Нема ни релевантни информации каде и колку украински ПВО-а и авио/дрон бази се активни. Согласно тоа и РФ си ја прави математиката.

Далеку од тоа дека Русите не можат да се справат, ама сепак е ова модерна војна со многу параметри против голема армија на нивен терен, максимално поддржана од НАТО на секаков начин. Shock & awe екскурзии од типот на Киев може да прават само ако се решат на all-out офанзива. Со овие 100-150 илјади на терен + ДНР и ЛНР не верувам.
 
Член од
3 јуни 2022
Мислења
1.026
Поени од реакции
2.513
Се мислам Русиве спремаат нова голема офанзива, покрај Доњецк ќе се активираат во Харков а би типувал и на Запорожје во наредниот период
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.633
Поени од реакции
26.140
Се мислам Русиве спремаат нова голема офанзива, покрај Доњецк ќе се активираат во Харков а би типувал и на Запорожје во наредниот период
Како што се покажа во целиот тек на војната, Русите не се расположени, ниту се замараат со офанзиви. Единствено што ги интересира е футхолдот што го направија во првите денови и рокање со артилерија. Додека не колабрира Украина ништо друго нема да видиме. А и нема зошто да ризикуваат, кога реално кажано времето работи за нив.
 
Член од
14 ноември 2013
Мислења
6.538
Поени од реакции
21.289
One hundred and seventy seventh day of combats began with Russian Army & DPR forces taking control over the village of Dacha & two thirds of Zaitseve suburb north of the city of Gorlovka (Bakhmutka area still under Ukrainian Army control)

Some kilometers north Russian Army, DPR & LPR forces made small advances north of Belokamensk plant & the nearby gypsum deposit quarry inside Soledar, which confirms the displacement of the combats to the residential area & train station

While Russian Army & DPR forces are slowly advancing towards Druzby Avenue, the main artery of Marinka town, other troops began advancing in the line Volodymyrivka-Solodke-Slavne towards T-05-24 highway.
 
Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.488
Поени од реакции
20.478
Тек сега ќе се влошат работите за Украина. Во Москва рокната колата на ќерката на Александар Дугин, мастермајндот кој стои позади идејата за нападот над Украина и човекот кој го советува Путин за се можно и го нарекуваат мозокот на Путин. Најверојатно бомба која имала за цел да го ликвидира Дугин, но наместо него ја ликвидирале неговата ќерка која бтв возела тесла. Ова е инцидент кој може да ги влоши многу работите за Украина, а и пошироко зашто очигледно станува збор за класична ликвидација на луѓе кој влегуваат во кругот на блиски до Путин.

Sent from my ELS-NX9 using Tapatalk
 
Последно уредено:

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.400
Поени од реакции
29.892
Приказната за Дугин дека е „умот позади руските стратегии“, е америчка/украинска измислица... Дугин не е дел од рускиот естаблишмент. Да беше важен ќе имаше заштита. Го таргетирале него затоа што е достапен и незаштитен, а сепак релативно познат.

Американскиот план е да ги испровоцираат РФ на пожестоки напади и изложување на ризици. Сегашниот план на РФ им е „споро и безбедно“, времето работи за нив. Залихи имаат, муниција, оружје, људство, практично на нивни терен се. Војната ја добиваат полека но сигурно. Тоа што другиве се вртат накај класичен терор кажува колку работите стануваат очајни на другата страна. ЕУ веќе нема уште многу резерви и што да им праќа, сега само Америте ги држат со сеуште постојани достави. Но планот бил Русија да има многу поголеми загуби (и на воен и на политички план), што не се случува. Тек ќе биде интересно... А зимата уште не ни почнала.
 
Да сакаа да ја разгневат русија, немаше да таргетираат поединец туку ќе таргетираа група, ќе рокнеа некоја бомба кај што има многу луѓе и ефектот ќе им беше x 100 од разнесување на кола со 1 човек во нејзе. Работата тука е што таргетираат поединец кој е важен за Путин и за Русија.
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
9.985
Поени од реакции
10.660

Терористички акт во светот кој ке ги прикаже негативно а не жртви ко што ги прикажуваат русите демек напаѓаат школи и градинки
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.400
Поени од реакции
29.892
Да сакаа да ја разгневат русија, немаше да таргетираат поединец туку ќе таргетираа група, ќе рокнеа некоја бомба кај што има многу луѓе и ефектот ќе им беше x 100 од разнесување на кола со 1 човек во нејзе. Работата тука е што таргетираат поединец кој е важен за Путин и за Русија.
Во руската јавност Дугин не важи за „важен“, или барем јас така знам - но не е дека сум некој голем познавач, па оставам да бидам поправен. Ете не знам можеби ти: Следиш руски извори? Или од западни извори слушна дека Дугин е толку важен за Русија? Ако е важен, тогаш зошто не е заштитен како другите важни личности?

Патем кога се бираат цели, се работи за можности и ресурси. За поголеми акции се потребни многу повеќе ресурси. За убивање на еден незаштитен човек треба многу помалку ресурси, поставување на една помала делечински активирана бомба во возило.

Инаку во случајов некој ја активирал бомбата без да биде сигурен дека Дугин е во возилото... Непрофесионално, но ефектот на терор е секако постигнат.
 
Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.488
Поени од реакции
20.478
Мислите дека ги заболе Украинците дали ќе загине 1 или 1000 луѓе во бомбашки напад ? Ако они стојат позади нападов, што чисто се сомневам, ќе имаше поголем број на загинати од само 1. Секојдневно им гинат голем број на војска па и цивилно население а они ќе се секирале дали ќе ги карактеризирале како терористи. Ова повеќе мириса на MI5 / CIA отлколку на неспособните украинци.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.400
Поени од реакции
29.892
Не, не е работата „загриженост“ за бројката на загинати цивили (напротив што повеќе тоа подобро за нив). Проблемот е што голем терористички напад бара многу повеќе ресурси, планирање, оперативци, итн... Атентат врз некој небитен (и небранет) како Дугин е нешто многу полесно за извршување, а сепак предизвикува ефекти од аспект доктрината на терор.

Голем терористички напад во држава како РФ е многу тешко да се изведе, РФ има развиена безбедносна инфраструктура и способни служби.
Инаку оперативците на терен скоро сигурно се Украинци/Руси/Белоруси. Западњациве не сакаат да ги ризикуваат своите асети кои се успешно инфилтрирани таму.
 
Член од
3 јуни 2022
Мислења
1.026
Поени од реакции
2.513
Како што се покажа во целиот тек на војната, Русите не се расположени, ниту се замараат со офанзиви. Единствено што ги интересира е футхолдот што го направија во првите денови и рокање со артилерија. Додека не колабрира Украина ништо друго нема да видиме. А и нема зошто да ризикуваат, кога реално кажано времето работи за нив.
Мислиш ќе бидат само sitting ducks во Украина ? Што знам со нападите на Крим како и на складиштата со муниција, атентатите како овие на Дугин мислам само ќе ги испровоцираат да одговорат уште појако. Еве денеска имаат пробив кон Миколав, а и доста се засилени нападите во правец на Запорожје последниве недели

1.png
 
Kajgana Shop

На врв Bottom