Млад велосипедист од Тетово загина во сообраќајката кај скопската обиколница
Жално е што загинал дечково, а другиов веројатно е во многу тешка состојба, и не сакам да го бранам возачот, затоа што претпоставувам возел со огромна брзина, ама не знам што сакаат да докажат велосипедистиве? Спремни се и да погинат само за да докажат некоја поента? Дека се еднакви учесници во сообраќајот? Не, не сте, и во ваква држава со ваква инфраструктура не сте еднакви. Тоа е реалноста, вие може да се лупате со глава у ѕид ама тоа нема ништо да смени.
Да не бидам сфатен погрешно, немам ништо против велосипедистите, сметам дека во градска средина тоа е најдоброто превозно средство, и јас го користев се додека пред 3 недели не ми го украдоа велосипедот, ама никогаш не би помислил да возам на десна страна од коловозот (иако законски имам право) познавајќи какви ментални луѓе има што возат коли, автобуси и камиони, секогаш сум го бирал тротоарот кога немало велосипедска патека.
Пред неколку дена, еден таков напален велосипедист, кој често го среќавав по пат накај дома, и секогаш нешто тераше правдини и се расправаше со возачите на автомобилите, за малку ќе легнеше под камион. Ама битно кацига носеше и возеше на десна страна од коловозот. Во тој предел каде што он движеше, нема велосипедска патека, па или ќе возиш на тротоар или на улица. Дечкото одбрал на улица да вози, затоа што нели се еднакви учесници во сообраќајот, па сакаше да тера некоја правдина со возачот на камионот, за малку не влезе под тркало.
Пак ќе кажам, жалосно е за дечкото што загинал и за неговата фамилија, ама загинал на автопат, место на кое не е предвидено движење на велосипедисти.